Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Над 150 продавници на познати меѓународни брендови, Гурманска авенија и уникатна Зона на соништата, како дел од „Дајмонд мол“ („Diamond Mall“), новиот шопинг мол во срцето на Скопје, денес ги отвори вратите за посетителите. На свеченост, по повод отворањето присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министри во Владата, Нихат Оздемир, почесен претседател на групацијата „Лимак“, Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Турција, домашни бизнисмени и многубројни гости кои имаа можност од прва рака за се запознаат со содржината на овој уникатен објект. Како што посочи почесен претседател на групацијата „Лимак“, Нихат Оздемир, станува збор за еден од највозбудливите чекори од проектот „Дајмонд оф…
Тимчо Муцунски ја заокружува втората година од својот мандат како градоначалник на општина Аеродром. Пред две години, Муцунски излезе со обемна програма на ветувања, а издвои и топ седум приоритети за неговиот мандат. Проверката покажува дека во првите две години ниту еден од тие седум приоритетни проекти не е реализиран. Тоа, го потврдува и советникот и координатор на советничката група на СДСМ во Советот на општината, Милутин Ристески. „Точно 0 од топ 7 приоритети на Тимчо за Аеродром се реализирани во првата половина од неговиот мандат: 0 од 4 нови градинки 0 од 2 кружни текови, помалку од 100 од…
Во Франција денеска беа испратени закани за бомби на осум аеродроми, од кои три се евакуираат, јави ТВ БФМ. Извештаи за подметнати експлозивни направи во текот на утрото добија аеродромите во Лил-Лекан, Рен, Бове, Тарб, Нант, Безје, Пау и Брест, од кои во тек е евакуација во Рен, Тарбес и Безје. И во претходните два дена, неколку француски аеродроми добија дојави за бомби, за кои беше утврдено дека се лажни. И Версајскиот дворец и музејот Лувр неодамна беа евакуирани од истите причини. Денеска е уапсен 37-годишен маж под сомнение дека вчера испратил лажна дојава за бомба во Версајскиот дворец кој…
Рокот на косовската Влада за пререгистрација на српските регистарски таблички на Косово истече во април годинава, но на терен се уште има голем број возила со таблички КМ, и се бара одложување на рокот. Горан Петронијевиќ, адвокатот на Милан Радоичиќ, во однос на резолуцијата одобрена од Европскиот парламент, во која се споменува и разгледувањето на екстрадицијата на терористите, Петронијевиќ рече дека за тоа не доаѓа во предвид, пишуваат косовските медиуми. Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. КОСОВО РСЕ- „Се блокиравме“: Србите од север бараат одложување…
Кирали: Отсуството на проширување на ЕУ ќе значи празнина што може да биде пополнета од други актери
Волјата на Северна Македонија да ги направи уставните измени е уште еден чекор напред кон ЕУ за земјата. Нашата политичка перспектива е да ги отвориме кластерите за преговори што е можно поскоро. Но мора да препознаеме дека не е доволно само да чекаме на аспирантите да се приближат кон ЕУ. Треба да преземеме одговорност и да ги донесеме поблиску до Унијата. Бараме нови начини да ја продлабочиме соработката со Западен Балкан пред нивното конечно пристапување во ЕУ. Ова го истакна Адриен Кирали, специјален советник за Западен Балкан, Генерален директорат за проширување и соседство при Европската комисија, на конференција за Меѓупарламентарен…
Владата на Израел усвои регулативи кои ќе овозможат привремено затворање на канцелариите на странските медиуми за време на вонредни и воени состојби, доколку се верува дека тие ѝ штетат на националната безбедност. Министерот за комуникации Шломо Кахри побара усвојување на овие регулативи со цел да се затвори каналот Ал Џезира, за кој тврди дека и наштетил на националната безбедност. Прописите, исто така, се однесуваат на настани што веќе се случиле, што значи дека емитувањата на катарската телевизија од почетокот на војната може да се користат за да се донесе одлука за затворање на локалниот огранок на пропалестинскиот канал за вести.…
Во Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе се формира Поткомитет за Западен Балкан така што Комитетот за политички прашања и демократија ќе обрне посебно внимание во иднина на земјите од Западен Балкан. Верувам дека овој Поткомитет може да стане движечка сила на ПССЕ за проширувањето на ЕУ и ќе претставува почеток на една успешна фаза на проширувањето. Ова го изјави Золт Немет, претседател на Комитетот за политички прашања и демократија при Парламентарно собрание на Советот на Европа во вовeдното излагање на отворањето на Конференцијата за Меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан, што законодавниот…
Европа и САД имаат визија за модерен свет во кој демократијата, слободата, безбедноста, можностите, образованието и благосостојбата се универзални вредности и имаат должност да ја обликуваат таа иднина заедно, изјави доцна синоќа по европско време претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето во Инстутот „Хадсон“ во Вашингтон. Сепак, според неа, случувањата изминативе недели на Блискиот Исток и последните години во Источна Европа, покажуваат дека борба за овие универзални вредности станува поакутна од кога било досега. – Нашите демократии се под постојна и системски напад од оние кои ја мразат слободата, бидејќи таа го загрозува нивното владеење. Веќе…
ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА Со сета сила ни се наметнува сите до еден да станеме изгубено, некохерентно, а лојално стадо, кое ја бара својата смисла во Него, во „чистиот“, „авторитетен“ „лидер“, надвор од себе, и да ја отфрлиме привилегијата на одговорноста како извор на целата наша смисла. И во овој, 21-ви век, како и пред 100, 1000, 10000 години (или до кадешто досега стигнало историографското бележење), преовладува впечатокот дека на човештвото му е забавно да игра победници-губитници, без оглед на обемот на страдањето. Некој би рекол – а по што се разликува 21-виот век од другите векови, ако и досега победници-губитници се играло…
По 17 години чекање, влегуваме во финалната фаза на процесот на пристапување. Го отпочнавме скринингот со Европската унија и веќе се наоѓаме во поодмината фаза, а сите досегашни извештаи се позитивни. Пред нас имаме уште еден предизвик, а тоа е промената на Уставот со цел да продолжиме со преговорите по Кластери, за кои очекуваме дека ќе наметнат забрзано темпо на реформите. Сметам дека сега е вистинското време за сите политички партии кои во своите програми се залагаат за евроинтеграција, да ја демонстрираат својата посветеност и на дело. Ова го истакна претседател на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери во…
Воената копнена офанзива на израелските одбранбени сили во Појасот Газа ќе трае со години и ќе има ужасни борби, изјави американскиот генерал Дејвид Петреус, кој служеше како командант на американските сили во Ирак и Авганистан. Тој за Политико предупреди дека копнената инвазија на Израелските безбедносни сили (ИДФ) многу брзо може да стане „Могадишу на стероиди“. Поранешниот директор на ЦИА алудираше на инцидентот од 1993 година, кога два американски хеликоптера „Блек хоук“ беа соборени во главниот град на Сомалија, предизвикувајќи крвави урбани борби, додека американските сили се обидуваа да ги спасат преживеаните. Во борбите загинаа 18 американски војници. Петреус истакна дека…
Немаме информации за келии на Хамас во Грција, ниту пак некакви индикации кои би ни предизвикале паника, истакна министерот за заштита на граѓаните на Грција Јанис Иконому во интервјуто за грчката телевизија Алфа, јави дописничката на МИА од Атина. Иконому објасни дека сепак будно ја следат ситуацијата, особено, како што рече, по она што се случи во Брисел, Франција и Пекинг и со искуството што го имаат од минатото. – И покрај сето ова, нашите разузнавачки мрежи се развиени, нашиот надзор на специфични цели и конкретни точки е исто така развиен, и тоа со поголем интензитет, внимателни сме. Но, ова…