Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Вистинско време е сите политички партии кои се за евроинтеграција, да ја демонстрираат својата посветеност и на дело

0
By Ана Василевска on October 20, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 20, 2023 10:41

По 17 години чекање, влегуваме во финалната фаза на процесот на пристапување. Го отпочнавме скринингот со Европската унија и веќе се наоѓаме во поодмината фаза, а сите досегашни извештаи се позитивни. Пред нас имаме уште еден предизвик, а тоа е промената на Уставот со цел да продолжиме со преговорите по Кластери, за кои очекуваме дека ќе наметнат забрзано темпо на реформите. Сметам дека сега е вистинското време за сите политички партии кои во своите програми се залагаат за евроинтеграција, да ја демонстрираат својата посветеност и на дело.

Ова го истакна претседател на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери во воевдното излагање на отворањето на Конференцијата за Меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан, што законопдавниот дом ја организира заедно со ПССЕ. Собранието, посочи тој, е клучната институција за демократизација на општеството и сите активности во себе ја содржат и парламентарната димензија. Преку неа се изразува волјата на граѓаните и се врши надзор и контрола на извршната власт на внатрешен и надворешен план.

-Работиме посветено на усогласувањето со европското законодавство во областа на човековите права, демократијата и владеењето на правото за исполнување на стремежот на граѓаните за интеграција во Европската унија. На овој наш пат, Советот на Европа е наш драгоцен партнер и силна поддршка, рече Џафери.

Паралелно со исполнувањето на европската агенда, како земја настојуваме да останеме позитивен пример за добрососедските односи преку создавање на долгорочни партнерства. Добрососедските односи и активната улога во регионалната соработка, додаде тој, се наша долгорочна стратешка определба а потврда на тоа се нашите заложби за унапредување на меѓусебната соработка и решавањето на отворените прашања со соседите преку дијалог, разбирање и компромис.

Тој подвлече дека Република Северна Македонија, како претседавач и глас на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), дава придонес и во решавањето на прашањата од глобален интерес во овие турбулентни времиња.

-Верувам дека ќе се согласите дека геополитичките промени на европскиот континент потврдија дека политиката на проширување останува најдобрата алатка за мир, сигурност, стабилност и просперитет. Затоа апелирам, Европската унија и земјите-членки на Унијата да продолжат проактивно и решително да го поддржуваат процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан. Имајќи го предвид постигнатиот напредок во спроведувањето на клучните реформи, ни треба редовен взаемен дијалог со Унијата и јасна временска рамка за доделување на членство како признание на досега постигнатото. Сметам дека понатамошното одложување на процесот на пристапување би можело да го доведе во прашање угледот на Унијата како доверлив партнер и нејзината водечка геополитичка улога. Тоа остава простор за појава на националистички и ретроградни процеси и охрабрување за трети страни да го зајакнат својот интерес во регионот, потенцира Џафери.

Тој го поздрави доделувањето на кандидатски статус на Украина и Молдавија, и оцени дека јасната европска перспектива и на земјите од Западен Балкан, е од голем интерес за Унијата од политички, безбедносни и економски аспект.

-Со заедничките предизвици како хибридните и безбедносните закани и со климатските промени, мораме да се справиме заеднички, за да изградиме поотпорни општества во тој контекст. Затоа ни е важно во Европската унија, и покрај сложените околности, да доминира определбата за продолжување со проширувањето како обединувачки проект, заснован на автентичните европски вредности. Сакам да ги поздравам и напорите и повикот на Парламентарното собрание на Советот на Европа во рамките на стратешкото партнерство со Европската унија, да се зајакне меѓусебниот политички дијалог за забрзување на процесот на евроинтеграција на земјите на Западен Балкан, порача претседателот на Собранието Џафери.

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Тини Кокс истакна дека СЕ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија за постигнување на опипливи и мерливи резултати во реформите.

На отворањето се обрати и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и Золт Немет, претседател на Комитетот за политички прашања и демократија, Парламентарно собрание на Советот на Европа.

Регионалниот настан, кој е во заедничка организација на Парламентарното собрание на Советот на Европа и Собранието на Република Северна Македонија, има за цел да им обезбеди на парламентарците од регионот широка платформа за соработка и дијалог за да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат, како и добрите практики кон европска интеграција.

ЕУ интеграции политички партии Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.