Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Хаосот во јавниот превоз што се случува последните месеци, кулминира во последните недели, кога поради училишната и академската година, но и поради студеното време наутро, бројот на корисиници на јавниот превоз нагло се зголемува. Секојдневни се сведоштвата на граѓани, кои испраќаат фотографии и видеа од преполни автобуси, но и преполни автобуски постојки, затоа што автобусите не го почитуваат возниот ред. Често пати се случува поради пренатрупаност, автобусот да не застане на некоја од постојките туку тоа да го стори малку понатаму, за да не се качат нови патници. Таков е случајот со сведоштвото на еден граѓанин, кој објави дека автобус…
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Секоја војна е грозна, мачна и тешка; како што е грозна, мачна и тешка за оние кои војуваат, така е грозна, мачна и тешка за оние над кои се војува. Израел, повторно, на голем празник („Simchat Torah“, еврејски празник), нападнат е од ненадеж. Половина век измина од славењето на (Jom Kipura 1973., празник кој потекнува од времето на вавилонското ропство), Израел се најде под удар на Хамас, терористичка организација која е поддржана и финансирана од Иран и со која официјална Москва има (намачкани со сите бои?) односи. Постојат теории дека организаторите на нападот над Израел припремиле слична тактика…
Иднината на политиката за проширување е отворена и поставена е цел за која треба и државите од Западен Балкан и ЕУ да се подготвиме и да ја достигнеме, е заклучокот од работниот состанок со комесарот на ЕУ за соседство и проширување, Оливер Вархеји, објави вицепремиерот Бојан Маричиќ од Тирана каде заедно со премиерот Димитар Ковачевски учествуваат на Самитот на лидери на Берлинскиот процес. Маричиќ истакнува дека кај земјите членки на ЕУ постои политичка волја и обединетост за европската перспектива на целиот регион. „Вархеји порача да го задржиме фокусот на процесот на преговори со ЕУ и на реформите заради македонските граѓани кои заслужуваат…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека една од темите на разговор на самитот на Берлинскиот процес во Тирана ќе биде економијата на Западен Балкан, кој треба да спроведе реформи за поблиска соработка со Европската Унија. „За оние кои сакаат да одат напред и да ја подобрат економијата, нашите врати се отворени“, изјави Фон дер Лајен пред почетокот на самитот. Таа посочи дека главна тема на самитот ќе биде економијата, „која може да биде подобра на Западен Балкан“. Фон дер Лајен во кусата изјава оцени дека „ова е многу посебен Самит што го имаме денеска. Тоа…
Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи и летечкиот персонал станаа столб на заштитата од пожарите, нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој говореше и за ефикасноста на хеликоптерите Бел-412 и Бел-212, како и Бел-206, оспособени за гаснење на пожари, а се дел од Хеликоптерската единица при МВР, во вчерашниот дневник на МТВ во „Тема на денот“. Тој информира дека во Идризово се наоѓа Одделот за воздухопловни единици и Хеликоптерската единица за полициски намени, од каде, како што рече, оперира целиот персонал, пилоти и сите што работат на овој Оддел. – Ова е исклучително важна единица за…
Денеска започнува Самитот на Берлински процес во Тирана, Албанија. Самитот за прв пат се одржува во земја која не е членка на ЕУ. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан што се одржува денеска во Тирана, изјави дека „проширувањето е на врв на сите приоритети на ЕУ. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. АЛБАНИЈА Арбреш: За прв пат надвор од границите на ЕУ, денеска Тирана е домаќин на Самитот на Берлински процес Самитот…
Се чини дека трите полски опозициски партии освоија доволно гласови за да ја соборат владејачката националистичка конзервативна партија. Полскиот опозициски лидер Доналд Туск прогласи почеток на нова ера за неговата земја, откако се чинеше дека опозициските партии освоија доволно гласови на парламентарните избори што се одржаа синоќа, за да ја соборат владејачката партија Право и правда (ПиС). Десничарскиот националистички ПиС се расправаше со сојузниците и се соочи со обвинувања за еродирање на владеењето на правото дома во своите осум години на власт. Се чинеше дека гласачите беа мобилизирани како никогаш досега, гласајќи во уште поголем број отколку кога нацијата ги…
Со средби на ниво на заменици- министрите за надворешни работи, денеска во Атина започнува дијалогот меѓу Грција и Турција како во однос на соработката, така и во политичките консултации, нешто беше договорено меѓу турскиот претседател и грчкиот премиер, како и меѓу шефовите на двете дипломатии, јави дописничката на МИА од Атина. Грчко- турскиот дијалог започнува денеска со средба на замениците МНР Костантинос Франкојанис и Бурак Акчапар, кои според Министерството за надворешни работи на Грција, ќе разговараат за т.н. позитивна агенда за соработка со цел развој на билатералните односи во трговијата. економијата, енергетиката, транспортот, здравството и животната средина. За утре, исто…
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека разговара со претставници на Египет и на Обединетите нации за обезбедување сигурни простори за цивилите во Газа кои израелската армија ги повика да се преселат на југ од енклавата пред копнената офанзива. Бербок, по разговорите со израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен во јужниот израелски град Нетивот, рече дека капацитетите во јужна Газа се веќе преоптоварени и дека затоа разговара со претставници на ОН, Египет и други актери. Таа истакна дека е во Израел и дека ќе разговара со членовите на семејствата на германските граѓани кои Хамас ги држи…
На првото одржано рочиште за предметот под кодно име „Багер“, осуммина обвинети кои извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство, ги признале делата за кои Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јуни годинава поднело oбвинителен акт. Како што соопштија од Јавното обвинителство, сите обвинети сториле кривично дело Злосторничко здружување, а првообвинетиот С.Џ. (47) врз основа на признание дека ги сторил и кривичните дела Прикривање, Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, Изнесување во странство на добра под привремена заштита или…
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Следејќи ги јавните реакции на најновиот крвав конфликт во Израел и пропалестинските протести на дел од луѓето и политичките, како во нашата земја, така и на меѓународната сцена, сметам дека е потребно да се разграничат некои основни поими и позиции. Во овој свет на масовни манипулации, многу нешта се сосема поинакви од тоа што се гледа на прв поглед. Ги молам читателките и читателите да го прочитаат овој текст без предрасуди и во целост. Секој поединец и народ, без оглед на тоа колку изгледаат мали и немоќни, можат да играат важна улога на светската сцена. Злосторниците често…
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, за документот „Унапредување на постепената интеграцијата на Западен Балкан“, вели дека Австрија, која е константен поддржувач на нашата евроинтеграција и која се залага за активирање на политиката на проширување која долго стагнира, со овој „нон-пејпер“ бара суштинско забрзување на европската интеграција на Западен Балкан. Во изјавата за Рацин.мк Маричиќ потенцира дека е „веќе јасно дека ЕУ од зборови преминува на дела и дека е цврсто решена и приврзана за интеграција на Западен Балкан во ЕУ, вклучувајќи ја и Северна Македонија“. „Во вистинско време за нас се праќа ваков сигнал и конкретни чекори кои…