Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈСП без возачи, скопјани без нормален јавен превоз, Арсовска без план

0
By Ана Василевска on October 16, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 16, 2023 12:50

Хаосот во јавниот превоз што се случува последните месеци, кулминира во последните недели, кога поради училишната и академската година, но и поради студеното време наутро, бројот на корисиници на јавниот превоз нагло се зголемува.

Секојдневни се сведоштвата на граѓани, кои испраќаат фотографии и видеа од преполни автобуси, но и преполни автобуски постојки, затоа што автобусите не го почитуваат возниот ред.

Често пати се случува поради пренатрупаност, автобусот да не застане на некоја од постојките туку тоа да го стори малку понатаму, за да не се качат нови патници.

Таков е случајот со сведоштвото на еден граѓанин, кој објави дека автобус на линија број 9 не застанал на автобуска постојка. 

Многумина сметаат дека причината за ваквиот хаос е фактот што возачите масовно го напуштаат ЈСП и планираат да заминат во странство.

Само минатата недела триесеттина возачи заминаа за Словенија за да полагаат КОД95 со што ќе можат да работат во земјите на ЕУ, а целта им е Германија, а тоа беше објавено и од еден од возачите во Јавното претријатие.

Но, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, под чија надлежност е ЈСП не смета дека возачи си заминуваат, туку тврди дека се вработуваат и нови.

За неа, одредени пишувања на некои медиуми за состојбите со јавниот превоз биле „свесно креирање на страв и паника“ за што најави дури и соодветени пријави.

Но освен стандардното препукување со медиумите, Арсовска која ја заокружува втората година од мандатот се уште нема план за решавање на проблемот со јавниот превоз.

Арсовска не успеа да набави нови еколошки автобуси, а уште подалеку е реализацијата на нејзиното клучно ветување за бесплатен јавен превоз, кое постојано го пролонгира.

И додека Арсовска се одлучи какви чекори ќе преземе, граѓаните се револтирани затоа што не знаат дали и кога ќе им дојде автобусот, ниту дали навреме ќе стигнат онаму каде што тргнале.

Извор: 24Инфо

Данела Арсовска јавен превоз ЈСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.