Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Досега се контактирани 150 наши граѓани од Израел, од кои 60 веќе стигнаа, а останатите 90 очекувам утре, во текот на денот сите да бидат вратени во Северна Македонија, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи. Амбасадата во Каиро, нагласи Османи, е во комуникација со еден брачен пар што се наоѓа внатре во загрозените подрачја во Газа, што е изолиран од Израел, откако не успеале да излезат пред да се затвори единствениот граничен премин со Египет, – Тие во моментот се безбедни. Ситуацијата таму е многу променлива, и тие можеме да сметаме дека се во некаков ризик. Работиме и со…
Со прикажување на култниот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов (филм на 35mm лента), снимен во 1991 година, кој е во продукција на Вардар филм, вечер во 20:00 часот, во Кинотеката свечено ќе биде отворен фестивалот „Вардар филм прикажува – македонски филмски класици“. Програмата, се посочува, ќе биде збогатена и со други четири филмски класици од нашата богата ризница на македонската кинематографија, дела на наши реномирани режисери. Станува збор за филмовите „Среќна Нова 49“ и „Џипси меџик“ на Столе Попов, „Исправи се Делефина“ на Александар Ѓурчинов и „Хај фај“ на Владимир Блажевски. Сите пет филмови ќе се прикажуваат и…
Додека фокусот на светската јавност последниве денови е сврен кон случувањата на блискиот исток и војната помеѓу Израел и Хамас, во Украина со несмалена жестина продолжуваат руските гранатирања врз цивилни цели. Ноќта на 12 октомври, руските трупи гранатираа Чорнобаивка, регионот Херсон, при што загина еден постар човек, изјави Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена администрација во Херсон, во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. „Ноќта окупаторите ја гранатираа Чорнобаивка, погодувајќи станбен сектор. Според прелиминарните информации, загинал 70-годишен маж“, нагласи Прокудин. Тој истакна и дека се расчистуваат деталите за ноќниот терор. Фото: Укринформ Изминатиот ден, 11 октомври Русите истрелале 500 гранати во…
Досега 11 членки на НАТО ја остварија или се пред остварување на целата за одвојување на два проценти од својот БДП за потребите на одбраната и очекувам тој број да почне да расте од следната година, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во воведното обраќање на заседанието на Северноатлантскиот совет, во рамки на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата што се одржува во Брисел. – Во денешниот се покомпетитивен и поконкурентен свет, нема сомнеж дека НАТО е подготвен и способен да го одбрани секој сојузник, порача Столтенберг. Тој додаде дека денешна дискусија на…
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе расправа за ревизорските извештаи за 2021 година на Клиниката за онкологија. Единствена точка на дневен ред на оваа седница на Комисијата се конечни извештаи на Овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. По медиумските извештаи за злоупотреби со терапијата на Клиниката за онкологија обвинителството започна истрага, а во Собранието работи Анкетна комисија за скандалот на Онкологија.
Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Можеби сум малку пречувствителен, а можеби и стално барам од луѓето да бидат подобри, дури и кога овие прават срања, или зборуваат срања, што некако на исто му доаѓа. Се сеќавам, некаде 2019 година, зборував, ма шта прич’о, болан, пев’o, на тие јавни сервиси: идејата на решавање на меѓунационални или меѓудржавни конфликти е да продолжи живот. А животот за да продолжи во некаков релативен мир, вие, братко мил, мора да направите некаков компромис „од двете страни“, бидејќи срањето секогаш ќе ви се враќа в сурат. Ако се одлучите за ова последното, не само што не може да продолжи животот,…
Германското обвинителство отвори истрага против членовите на палестинската група Хамас осомничени за намерни и случајни убиства и киднапирања. Германскиот закон го обврзува јавниот обвинител да спроведе истрага за лица осомничени за сторени кривични дела во странство доколку во кривичните дела се вклучени државјани на Сојузната Република. Германското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека меѓу киднапираните од Хамас има и германски државјани. Канцеларот Олаф Шолц денеска изјави дека Берлин и Израел напорно работат на ослободување на киднапираните Германци. – Се обидуваме да направиме сè што е можно за да обезбедиме ослободување на овие граѓани, како и зачувување на нивните животи…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи постапува по случајот со полицискиот службеник А.С. и неговите објави на социјалната мрежа Фејсбук во врска со нападите на Хамас врз Израел, информираа денеска од МВР. Против него, најавија од МВР, ќе биде поведена дисциплинска постапка односно ќе следуваат соодветни санкции. – Ставот на МВР и Владата е јасен и прецизен. Силно ги осудуваме нападите на групата Хамас врз Израел и се солидаризираме со израелскиот народ. Апелираме за решенија преку дијалог. На светот му е потребен мир, соопштија од МВР.
Ниту еден од производите со „гарантирана цена“ нема да има ДДВ поголем од пет отсто, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, цената на овие основни прехранбени производи може да биде само дополнително намалена, но никако и зголемена. Како што истакна Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата „Македонска економија-довербата расте“, и покрај предвиденото зголемување на ДДВ-то „нема шанси да порасне инфлацијата во делот на храната“. Тој се уште во целост не ја погледнал листата на производи за кои се најавува зголемување на данокот на додадена вредност, но доколку се утврди дека со неа се опфатени и некои…
Технолошкиот гигант Амазон планира да постави мрежа од повеќе од 3.000 сателити со цел да обезбеди брз широкопојасен интернет од вселената. Во својот најнов вселенски потфат, Џеф Безос планира да воспостави 3.236 сателити кои ќе овозможат брз интернет пристап на луѓето ширум светот. Во последниве недели, Амазон објавува огласи за работа за проектот, наречен Проект Куипер, по дел од далечниот Сончев систем за кој се верува дека содржи многу комети, астероиди и други мали тела. Го открил починатиот холандски американски астроном Џерард Кајпер. На настанот, кој е дел од мисијата Project Kuiper за да донесе брза и достапна интернет конекција…
Десетина големи европски градови, вклучувајќи ги Париз, Рим и Брисел, поднесоа петиција до Европскиот парламент со барање за построги стандарди „за квалитетот на воздухот и емисиите на штетни гасови од моторните возила“, објави денеска белгискиот портал „Судинфо“. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, петицијата е поднесена во пресрет на усогласување на ставот на Европскиот парламент во однос на измените утврдени од Советот на ЕУ на предлогот на новата регулатива предложена од Европската комисија за издувните гасови од патничките возила. Дел од земјите членки на ЕУ, пред се Франција и Италија, се против заострување на важечките стандарди и фаворизираат…
„Стратум работи политички рејтинзи подолго од една деценија еден долг период Стратум е релативно нова агенција на полето на партиски политички рејтинзи иако основачот не е нов во истражувачкиот свет значи основачот на Стратум е жена која е најдолго присуствува во истражувањето на Македонија“, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа. Според него анкетите треба да служат за да се прикаже какво е расположението на граѓаните и да не се користат за креирање на лажни перцепции. Анкетата изработена од Стратум, а нарачана од „Фокус“, покажува дека внатрешните поделби…