Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Aнтонио М. како лик од филмовите на Мелвил

0
By Ана Василевска on October 10, 2023 КОЛУМНА, СТАВ
Ненад Јовановиќ
Ненад Јовановиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 10, 2023 14:52

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Можеби сум малку пречувствителен, а можеби и стално барам од луѓето да бидат подобри, дури и кога овие прават срања, или зборуваат срања, што некако на исто му доаѓа. Се сеќавам, некаде 2019 година, зборував, ма шта прич’о, болан, пев’o, на тие јавни сервиси: идејата на решавање на меѓунационални или меѓудржавни конфликти е да продолжи живот. А животот за да продолжи во некаков релативен мир, вие, братко мил, мора да направите некаков компромис „од двете страни“, бидејќи срањето секогаш ќе ви се враќа в сурат. Ако се одлучите за ова последното, не само што не може да продолжи животот, туку живот со налепено срање в сурат и не е некој живот.

Така некако думам овие денови откако го слушам Антонио Милошоски, тој задрогаз кичевчанец, кај што беседи за Преспанскиот договор од типот, „нема да ги лажеме граѓаните дека ќе го ревидираме или поништиме, со Преспанскиот договор работата е завршена“.

Добро, ако живеете на Јамајка, сосема сигурно би си рекле, супер, баш фин дечко овој Милошоски, почитува меѓународни мировни договори, и уште е добро е што се залага луѓето да живеат во мир, слога и пријателство. Така е, убаво би било, признавам, ама ако живеете на Јамајка, ако го слушате Боб Марли, ако гледате по цели денови исончани задници и дувате цигариљоси, и уште сонувате дека еден ден ќе бидете јамајчанска поп икона наречена „Растафари“.

Ама Антонио Милошоски не живее на Јамајка, не е поп икона и не претендира да биде јамајчански „Растафари“: Антонио е задрт кичевчанец, а со тоа и задрт десничар, блокатор, негатор, пимплач, сувопарен и бескрвен бирократ, демагог, или што би рекла тета Петранка, „ниту смрди, ниту мирише“, и плус – а тоа е наша несреќна околност – живее тука околу нас, ја упропастува иднината на државата и ги влошува околностите на граѓаните кои тука живеат.

Сега локалните дркаџии ќе вреснат: „како ја упропастува иднината, нели е тој патриот што си ја сака земјата и државата“? Си ја сака Милошоски државата, како не си ја сака, и зошто не би си ја сакал? Која друга држава ќе му пружи страшно-солидна-плата, привилегии, живот на „висока нога“, уште пак ако дваесет и кусур години ви дозволува таа иста држава да ширите „јавен морал“ низ медиумите, да се претставувате себе и вашата партија за модерни и „прогресивни“ (добро, до сега „прогресивен вмроовец“ не се појавил, освен ако не мислите дека прогресивноста се мери со изведување на комунални работи?!), па само будала не би си ја сакал државата.

Што учевме за медиумите и за јавните персони драматис? Прво, медиумите служат за три работи: 1.) да информираат; 2.) да забавуваат; 3.) да еманципираат/едуцираат. Што сме добиле од Милошоски од овие мулти-дистциплини за „јавното здравје“? Ниту нè информира, ниту нè забавува, а богами ебено e далеку од некаква еманципација.

Ајде да се обидeме вака да објасниме: престапници, криминалци, манијалкални насилници во целина се тупави луѓе, за тоа нè учеше оној брилијантен режисер Жан-Пјер Мелвил – целиот живот го помина со криминалци користејќи ги како инспирација за неговите филмови. И што велеше драгиот ни Мелвил? Па, тоа, дека се страшно досадни конформисти, тупави и неинтересни; секогаш се опортуни и секогаш гледаат на каде ветерчето дува. И дека своето стравично незнаење за животот и луѓето го црпат од своите „бапски“ приказни и „дедовски“ илузии. Ги презира приказните за уметноста, науката, таквите работи ионака се за „педери“. Така нè учеше брилијантниот Мелвил, режисерот што правеше прекрасни криминалистички филмови, и режисерот кој нè учеше дека криминалците се возбудливи на филм, a во живо се невиден удав, до болка досадни луѓе.

Да не мислите дека претерувам? Тешко, комшија! Да не мислите дека генерализирам? Подумајте уште еднаш.

Тешко на оваа земја во која Милошоски и сличните на него ни се препорачуваат (да не речам ни се наметнале!) како обрасци и пример за човечка и професионална честитост, а ние сме ги прифатиле, па уште ги „товаме“ со децении на висока нога, тогаш мора нешто да не е во ред со нас, оти очигледно тие многу добро знаат што прават.

А што прават, мајке?

Ја одржуваат тупавоста во состојба на борбена готовност и сеприсутност. А активните медиуми-таблоиди им овозможуваат да го одржат својот политички и економски „стандард“. Оттука, се разбира, потоа државата ќе им се оддолжи кога нивната партија ќе дојде на власт.

А поредок втемелен на доминација на најлошите најгоре и најтупите најдолу, таквиот ако фати корен, братко мил, препорачувам облекување на кожни гаќи.

И затоа работите кои ги изговара Антонио М. на прва ни делува како да има уста и како нешто од таа уста да зборува, поточно, како да има орган за зборување, а она погоре како да му е орган за мислење. А задникот како задник, го имате вие, го имам и јас, не е тоа виновно што пред него се ставаат задачи за кои не му се биолошки наменети.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Антонио Милошоски Преспански договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.