Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десетина европски градови бараат построги мерки против емисиите на гасови од возилата

0
By Ана Василевска on October 10, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 10, 2023 12:02

Десетина големи европски градови, вклучувајќи ги Париз, Рим и Брисел, поднесоа петиција до Европскиот парламент со барање за построги стандарди „за квалитетот на воздухот и емисиите на штетни гасови од моторните возила“, објави денеска белгискиот портал „Судинфо“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, петицијата е поднесена во пресрет на усогласување на ставот на Европскиот парламент во однос на измените утврдени од Советот на ЕУ на предлогот на новата регулатива предложена од Европската комисија за издувните гасови од патничките возила.

Дел од земјите членки на ЕУ, пред се Франција и Италија, се против заострување на важечките стандарди и фаворизираат поблаг пристап од предлогот на Европската комисија од ноември 2022 година, кој предвидува значително намалување на емисиите на азотен моноксид и на честички од возилата.

Градоначалниците потписници на петицијата, иницирана од Градот Париз, сметаат дека предлогот усвоен од Советот на ЕУ на крајот на септември „претставува уназадување и неспроведување на стандардите на Светската здравствена организација (СЗО) за квалитетот на воздухот и емисиите на гасови од моторните возила“.

– Ние, претставниците на големите европски градови кои концентрираат 75 отсто од европското население, не можеме да прифатиме такво демократско негирање и таков скандал, се наведува во петицијата, која покрај градоначалниците на Париз, Рим и Брисел, ја потпишаа и првите луѓе на Загреб, Крижевци, Бордо, Монпеље, Безансон и Лион.

Потписниците на петицијата сметаат дека со измените усогласени од земјите членки на ЕУ наместо да се принудува производителите на возила да се усогласат со амбициозниот план за намалување на емисиите на штетни гасови, Унијата „се усогласува со нивните барања и интереси“.

– Доколку се усвои (предлогот) ќе овозможи загадување, а со тоа и убивање, непочитувајќи ги стандардите на СЗО. Ова ќе биде нов скандал за јавното здравство од европски размери, тврдат потписниците на петицијата.

„Судинфо“ наведува дека секоја година од последици од загадувањето на воздухот во ЕУ умираат по околу 70.000 лица.

Совет на ЕУ на 25 септември ги усогласи позициите на земјите членки на Унијата за предлогот на Европската комисија за усвојување на регулативата „Еуро 7“ за воспоставување на стандарди за емисиите на штетни гасови и за издржливост на акумулаторите за моторни возила и мотоцикли.

глобалното загадување и бројот на смртни случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

ВЕСТИ May 1, 2026

Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом на ССМ, а потоа ќе продолжи…

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.