Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Генералното собрание на ОН денеска усвои резолуција со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Претставници на 84 земји гласаа за усвојување на Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање и сеќавање на геноцидот во Сребреница на пленарниот состанок на Генералното собрание на ОН. Имаше 19 против и 68 воздржани. Резолуцијата потсетува на пресудите на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг и Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кои злосторството во Сребреница го окарактеризираа како геноцид. Исто така, се потсетува дека…
Кинотека соопшти дека оваа година ќе го реставира филмот МИС СТОН на Жика Митровиќ, во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“ кој е во организација на Европската асоцијација на кинотеки – „ACE – Association des Cinémathèques Européennes“ . На 20 мај Европската асоцијација на кинотеки го претстави годинашното издание на проектот „Сезона на филмски класици“, за време на 77-мото издание на Канскиот филмски фестивал и меѓу 24 европски институции чиј главен фокус е зачувување на филмското наследство, се најде и Кинотеката која оваа година аплицираше со дигитална реставрација на филмот МИС СТОН (1958). По успехот од претходните години во…
Косовскиот премиер Албин Курти последниве дестина дена започна низа средби со шефовите на политичките партии кои се во опозиција, но и со неговите соработници во владината коалиција, при што прашањето за одење на вонредни избори е една од темите за кои е разговарано на вечерите што тој ги организира, јави дописникот на МИА од Приштина. Во врска со средбите на косовскиот премиер со челниците на парламентарните партии, пратеник од редовите на неговата партија, Движење самоопределување (ВВ), кој побарал да остане анонимен, откри каква е зделката што Курти се обидува да ја постигне со опозицијата. Во изјава за новинската агенција Ројтерс,…
Вебер бара од ВМРО-ДПМНЕ да го почитува Договорот од Преспа и да го користи името Северна Македонија
Порака до раководството на ВМРО-ДПМНЕ да го почитува Договорот од Преспа и да го користи името Северна Македонија, упати преку платформата Икс, претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, јави дописничката на МИА од Атина. -Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба целосно да ги почитува одредби на обврзувачкиот Договор од Преспа и доследно да го користи името „Северна Македонија“. Почитувањето на меѓународните договори е основен предуслов за нас како ЕПП. Во спротивно Европа не може да функционира и ЕУ нема да го прифати ова, напиша Вебер. Дел од Европската народна партија се и ВМРО-ДПМНЕ и грчката Нова демократија, а ова е…
Врховниот суд одржа седница на судии, Адеми ги информира за кривичната постапка против Наке Георгиев
Врховниот суд на Република Северна Македонија одржа седница на судии на која претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, ги информираше врховните судии во врска со започната кривична постапка против судија на Врховниот суд, преземените активности и соработка со надлежните институции во врска со случајот и решението за времено оддалечување од вршењето на судската функција. На денешната Седница на судии, се вели во соопштението од Врховниот суд, беше истакнато дека едни од основните заложби на Врховниот суд како највисок суд во државата е владеење на правото, независно и ефикасно судство ослободено од било какви влијанија и ефикасна…
– Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето денеска со возило на брза помош е пренесен во болница, јави АНСА, повикувајќи се на соопштение од неговото Министерство. Крозето излегол пред да заврши состанокот на Врховниот совет за одбрана на Италија. Засега нема други детали.
Во рамки на фестивалот за уметничко истражување на академијата за уметност –Фонтис, на 17 мај Филип Јовановски одржа предавање и работилница за методата на читање на јавни простори. Јовановски на покана на катедрата за мастерстудии Performing public spaces од универзитетот Фонтис во Тилбург, го презентираше својот долгорочен колаборативен проект Градот како сцена – изведување на јавниот простор, интердисциплнарен проект кој има за цел да поврзе различни уметнички и едукативн и практики и медиуми. Оваа соработка на Јовановски (Архитектонскиот факултет УКИМ Скопје) со универзитетот Фонтис и катедрата за изведување на јавните простори, има за цел поттикне современи и иновативни пристапи…
Долг е списокот на европски лидери кои загинале во авионски и хеликоптерски несреќи, често во мистериозни околности. Ова се некои од најпознатите, од кои некои останаа нерешени до ден-денес. Иранскиот претседател Ебрахим Раиси не беше првиот лидер кој загина во хеликоптерска несреќа. Долг е списокот на европски политички и воени личности кои загинале во несреќи или мистериозни инциденти и покрај честопати строгите безбедносни мерки кои се применуваат за нивна заштита. Повеќето смртоносни хеликоптери или авионски несреќи се предизвикани од технички дефекти, грешка на пилотот или лошо време, но некои се поврзани и со полуди теории на заговор. Генералниот секретар…
Мисијата на НАТО на Косово, КФОР, во соопштение по повод вчерашната акција на косовската полиција која резултира со затворање на шест филијали на српската „Банка Поштенската штедилница“на северот од земјата, соопшти дека во иднина очекува навремени консултации од Полицијата на Косово за такви акции, јави дописникот на МИА од Приштина. Од КФОР велат дека за операцијата биле информирани непосредно пред нејзиниот почеток, додека нагласуваат дека во акцијата не бил вклучен никаков персонал од мисијата. „КФОР беше известен непосредно пред почетокот на акцијата на институциите во Косово против филијалите на „Банка Поштенска штедилница“ лоцирани во северните општини Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан…
Сакам и овде, на неколку километри од нашата граница, да испратам порака до Скопје и до новата власт: во случај да настојуваат да го оспоруваат јадрото на договорот во врска со името на државата и да ја нарекуваат така како што сакаат да ја нарекуваат, тогаш ќе треба да знаат дека нивниот европски пат ќе остане затворен, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговиот денешен говор во Лерин, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека „ова не го кажува со радост“, бидејќи, како што рече, соседи сме и Грција сака да имаме добри односи. – Граѓаните…
Ватикан сака да воспостави постојано претставништво во Кина со цел да ги подобри односите со Пекинг, соопшти денеска државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин. – Долго се надевавме дека ќе имаме стабилно присуство во Кина, рече кардиналот Паролин, додавајќи дека Ватикан може да разгледа и нови дипломатски формули за тоа. Минатата година Ватикан доби дозвола да има локален папски претставник во Виетнам, исто така комунистичка земја со која нема дипломатски односи. Паролин на 79. генерално собрание на Италијанската бискупска конференција во Ватикан, зборуваше за кинеската црква, која понуди ретка платформа за разговори на високо ниво меѓу двете страни, а…
Државната изборна комисија (ДИК) за денешното прегласување на болните и немоќни лица, лицата кои издржуваат казна затвор и лицата сместени во центрите за вонсемејна грижа а кои припаѓаат на избирачките места каде што се поништи гласањето за парламентарните избори спроведено на 8 мај 2024, информираат дека се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности. Од ДИК соопштуваат денеска 43 oд вкупно 45 лица пријавени како болни или немоќни гласале на избирачките места каде се одвива прегласувањето во Желино, Крушево, Охрид, Долнени и Струга. На ИМ 2101 во Желино гласале сите 4 лица кои биле запишани како болни или немоќни. На ИМ 1194…