Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се обрати на втората јавна расправа за нацрт Стратегијата за транспарентност 2023-2026, што денеска се одржува во Велес, организирана од Кабинетот за политики за добро владеење, во соработка со Фондацијата Метаморфозис. – Ако корупцијата е болест, транспарентноста е централен дел во нејзиното лекување“. Со овој цитат на поранешниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан, вицепремиерката Грковска ја илустрираше огромната важноста на транспарентноста, како принцип на доброто владеење, во справувањето со разорните коруптивни појави во општеството, стои во соопштението од владината прес-служба. Таа нагласила дека јакнењето на транспарентноста на сите нивоа…
Судот во Белград го ослободи од притвор Милан Радоичиќ, еден ден по распитот, Американскиот Стејт департмент сериозно истражува дали Србија ги злоупотребила воените возила донирани од САД пред неколку месеци. Ова се дел од насловите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од денешните содржини во албанските медиуми во регионот. Балкан Веб: Милан Радоичиќ ослободен од притвор Судот во Белград го ослободи од притвор Милан Радоичиќ, еден ден по распитот. Судијата на претходна постапка го отфрли предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград за определување мерка притвор за Радоичиќ по разговорот, пренесе Балкан Веб. Газета Експрес: „Автократ“, „класичен терористички акт“, „извор на…
„Во новиот предлог закон за култура, за кој имаше дебата и сега е во фаза на преработка по оние предлози кои беа пристигнати по електронски пат е дефинирано дека националниот интерес треба да се оддели од јавниот интерес во однос на финансирање, но дека исто треба тие стручни комисии да се избираат на јавен повик, да нема повик по министерот, заменик министерот, вработените во култура, дека тие наметнуваат своја волја, туку тие тручни комисии да се избираат на јавен повик“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во утринската емисија на Канал 5. Таа додаде дека манифестации како Охридско…
ЏАБИР ДЕРАЛА Мицковски тргна во акција! Важно е, вели, од тебе зависат промените. И реди црнила, како и вообичаено. Сите се на колена, мака, смрт, криминалци, измамници… Трагедија. И бара 61 пратеник, небаре изборите се утре. Неговото барање звучи како ехо на предизборните пораки во минатото. Со таа разлика што изборите се далеку. Но не и за Мицковски – тој живее со предизборна треска веќе седум години. Овој политички „Магелан“ открива дека промените зависат од луѓето. „Важно е“ и „промени“ се клучните зборови во неговата порака. Но во сета своја егзалтација, Мицковски заборава нешто многу важно: Граѓаните повеќе пати изгласаа промена…
Руската новинарка Марина Овсјаникова, која на државната телевизија се спротистави на офанзивата врз Украина на државната телевизија, денеска е осудена во отсуство на осум и пол години затвор поради критикување на армијата. Новинарката која побегна од Русија пред една година обвинета е за „ширење лажни информации“ за руските вооружени сили, а веќе беше осуден на парична казна во август 2022 година за слични дела. Според руската агенција Риа Новости, таа овој пат е осудена затоа што демонстрирала со плакат против руската офанзива во Украина. Овсијаникова стана глобално позната кога во март минатата година упадна за време на директен пренос на…
Излезе новата книга на универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски, „Белешки за македонскиот конституционализам – концепт на Уставот од 1991“, во издание на ЦИВИЛ – Центар за слобода. „Може да се каже дека ова е книга на која се чекаше 30-тина години. Книга која Фрчкоски, како пишувач на Уставот од 1991, на некој начин, ѝ ја должеше на стручната, политичка и интелектуална јавност во Македонија“, велат од ЦИВИЛ. Оваа мала, но исклучително густа материја, концентрирана на 70-тина страници, ги открива концептите кои го инспирираа и на кои се засноваше пишувањето на Уставот од 1991 и истовремено ја чуваат, така да се каже,…
На жените првпат ќе им биде дозволено да гласаат на седницата на Бискупскиот синод на Римокатоличката црква, што почнува денеска во Рим. Со потег без преседан, папата Франциск во април одобри измени на нормите со кои се уредува Архиерејскиот Синод, отворајќи им го патот на жените да имаат 54 од вкупно 365 гласови, пишува лондонски „Гардијан“. „Ова е извонреден чекор напред за жените. Не само поради настаните од овој октомври во Рим, туку и затоа што црквата најде поинаков начин да биде црква“, изјави Марија Лиа Зервино, директорка на Светската женска опсерваторија. На тринеделниот синод, што ќе се одржи зад…
Придржување до Преговарачката рамка и спроведување на уставните измени, кои се содржани во неа со цел да се продолжи со натамошниот чекори во евроинтеграцискиот процес, односно одржување на втората меѓувладина конференција и практично отворање на преговорите по кластери со ЕУ, побара вчера премиерот Димитар Ковачевски, нагласувајќи оти тоа е патот по кој доколку земјата се движи нема потреба да стравува од нови бугарски барања. Прашањето за евентуални нови бугарски барања се отвори по изјавата минатата недела на министерот за надворешни работи Бујар Османи за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), во која истакна дека Северна Македонија е најмалтретираната земја во…
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Добриот познавач на статусот и дејноста на Руската црква во Софија, професорот по теологија од Софија, Калин Јанакиев, деновиве откри многу детали за вистинската улога на овој храм, за кој вели дека била надлежна амбасадорката на Москва во Софија – Митрофанова. Изгонетиот откај нас руски свештеник Змеев има постаро шпионско досие, најпрвин исполнето со дејствија во рамки на Белоруската црква. Тој е очевидно само камче во мозаикот. Едноставно, субверзивните дејствија на путиновската власт и механизмите на РПЦ се поставени на ист колосек. Во нашата земја прогласувањето на дел од персоналот на руското посолство во Скопје не предизвика преголемо…
Американската влада ја изрече првата казна на компанија за вселенски отпад што орбитира околу Земјата. Би-би-си јавува дека федералната Комисија за комуникации (FCC) ја казнила компанијата „Dish Network“ со 150.000 долари затоа што не го оддалечила стариот сателит доволно далеку од другите што се уште се во употреба. Компанијата ја признала својата одговорност за сателитот EćoStar-7. Вселенскиот отпад се однесува на делови од вселенски летала и стари сателити што остануваат во орбитата околу Земјата, но повеќе не се користат и затоа ги изложуваат другите вселенски летала со ризик од судар. Компанијата„Dish Network“ требало да го оддалечи својот стар сателит на…
Во Торино денеска полицијата употреби палки во судирот со група демонстранти кои протестираа против политиката на премиерката Џорџа Мелони, јави АНСА. Повеќе од 300 демонстранти се собраа во центарот на Торино опколени од полициски сили и поставија кордон пред зградата каде што се одржува официјална средба на која присуствува и италијанската премиерка. Мелони учествува на Фестивалот на регионите (Festivale delle Regioni) во театарот Карињано, во Торино, пренесе АНСА и додаде дека полицијата ги спречи демонстрантите да дојдат до објектот и да ја попречат премиерката во нејзиниот најавен говор. „Ова е наш град, пуштете не да поминеме“, извикуваа демонстрантите кон полицијата,…
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, соопшти дека денеска точно на пладне се отвара системот за електронско пријавување на Конкурсот за поддршка на проекти од национален и јавен интерес во културата за 2024 година. Таа на денешната прес-конференција истакна дека главните приоритети за секоја дејност и област остануваат исти, а тие се, како што посочи, квалитетот, иновативност и креативност. Како новини и промени во конкурсот направени во конкурсот за поддршка на проекти од национален и јавен интерес од облата на културата за 2024 година. – Следејќи ги потребите и трендовите, Министерството за 2024 година направи дополнување на постојните области и дејности…