Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Папата Франциск сугерираше дека можеби има начини да се благословат истополовите заедници, одговарајќи на петте конзервативни кардинали кои го предизвикаа да го потврди учењето на црквата за хомосексуалноста пред големиот собир на кој ЛГБТК+ католиците се на дневниот ред. Ватикан вчера го објави писмото што Франциск го испратил до кардиналите на 11 јули, откако претходниот ден добил листа од пет прашања. Во него, Франциск сугерира дека таквите благослови може да се проучуваат без да се мешаат благословот со светотаинскиот брак. Министерството „New ways“, кое се залага за ЛГБТК+ католиците, вели дека писмото „значително ги унапредува“ напорите за добредојде на ЛГБТК+…
Во Скопје вчера се одржал состанок на експертските работни групи на Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, објавено е на сајтот на македонското МНР. -Во текот на состанокот, двете страни заемно се информираа за текот на реализацијата на преземените ангажмани согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и Протоколите од одржаните средби на Заедничката меѓувладина комисија согласно чл. 12 од Договорот, стои во соопштението на МНР. Се додава дека посебно внимание во разговорите било посветено на главните теми од билатералниот политички дијалог, активностите за унапредување на меѓуинституционалната соработка и комуникација во функција на зацврстување на меѓусебната доверба.
Врховниот суд на САД денеска го отфрли случајот со кој се бара дисквалификација на Доналд Трамп од претседателските избори во 2024 година, врз основа на уставната одредба која забранува секој што „учествувал во бунт“ да извршува јавна функција. Судиите ја отфрлија жалбата на Џон Ентони Кастро, даночен консултант од Тексас, кој побара Трамп, во рамките на 14-тиот амандман на американскиот Устав, да биде дисквалификуван како кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија. Во својата тужба, Кастро наведува дека Трамп, со своите постапки за време на немирите и нападот на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, учествувал во бунт со…
Премиерите на Албанија и на Хрватска, Еди Рама и Андреј Пленковиќ најостро го осудија „насилството на српските паравоени единици на северот на Косово, како и нивното „хероизација“ од Белград, со повик до премиерите на земјите од Европската унија и Западот да донесат мерки против Србија. Рама, кој е во официјална посета на Загреб, на прес-конференција во Бански двори рече дека „агресијата на паравоените сили е еднакво загрижувачка како и реакцијата на Белград“. „Имаме злосторство, убиство на полициски службеник и имаме хероизација на тие кои го извршија“, рече Рама, додавајќи дека тоа „не смее да биде прифатливо во Европа, која има…
Пишува: ДЕЈАН ИЛИЌ / Peščanik Вук Јеремиќ им честиташе на властите на Азербејџан за успешното етничко чистење на територијата на Нагорно Карабах. Тоа чистење го нарече акција. И особено ја пофали подготвеноста на тамошните власти да им овозможат на Ерменците кои сакаат да останат и да го отворат патот за оние кои сакаат да заминат. Вака изгледа етничкото чистење во толкувањето на Јеремиќ. Додик упати и топли честитки за етничкото чистење на Ерменците до Азербејџанците. Јеремиќ и Додик на иста задача. Само, Јеремиќ (лажно) се претставува како опозиционер во Србија, додека Додик цврсто се потпира на локалниот режим. Од друга страна, и…
Со условувањето на Уставните измени, кои се и единствениот услов за Северна Македонија да чекори без пречки на патот кон Европската унија, Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши се постројуват зад опозиционерот Христијан Мицкоски и деструктивни проруски струи кои сакаат да го попречат ова патување. „Во конкретниот случај презема голем ризик во политиката. Расположението на албанскиот електорат во однос на евроинтеграциите е 99 отсто. Со таков став, лидерот на Движењето Беса се позиционира на страната на македонската опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, вели за „Фронтлајн“ Дритон Зенку – новинар и познавач на политичките случувања во земјава. Дритон Зенку Според него,…
ТОНИ ПОПОВСКИ Податоците од истражувањето упатуваат и на генерален заклучок дека сме на половина пат кон добро владеење со Републиката, и дека пред нас е втората половина од ова патување. Позитивен исчекор во процесот на пристапување кон ЕУ би требало ова наше патување да го направи многу поефикасно. Спроведувајќи истражување во рамки на еден проект кај нас, а поврзано со доброто владеење во заштитата на животната средина и климатските промени, се навратив на “Светските индикатори за владеење“ на Светската Банка каде се опфатени над 200 држави и има временска серија од 1996 до 2022 година. Управувањето или владеењето (според Светската Банка) се…
Големиот успех како што беше големото проширување на ЕУ од 2004 година со 10 нови членки, може да се преслика и во 2030 година. Оваа констатација произлегува од изјавите на европратениците и високи функционери на на Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Кипар, Малта и Словенија, земји кои во тогашниот „Биг Бенг“, како што беше наречено проширувањето пред 19 години, доживејаа ренесанса „Кога влеговме во ЕУ имаше стравувања дека ќе го поткопа нашиот национален идентитет, но всушност реалноста се покажа сосема поинаква. ЕУ ни помогна да обезбедиме меѓународно признавање на нашето културно наследство. Исто така, помогна да се обноват…
Нема место за оружје и за трупање на безбедносни сили на европскиот континент, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во одговор на новинарско прашање, поврзано со распоредувањето дополнителни српски безбедносни сили на границата со Косово. Тој додаде дека Европската Унија разговара со своите сојузници и партнери, вклучително и со ОН, за деескалација на состојбата во северно Косово, и поврзано со тоа и за распоредувањето на српски сили на административна границата кон Косово, што предизвикува сериозна загриженост во Унијата, која бара нивно повлекување. – Прв приоритет е деескалација и стабилизација на безбедносната состојба,…
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Биљана Ангелова по повод првиот академски час имаа свое обраќање пред студентите на Медицинскиот факултет. „Секогаш вложувајте во вашето знаење, тоa е она што ќе ве формира и како личности и како професионалци и е влог кој ќе ви се врати повеќекратно низ животот. Знаењето е единственото нешто кое никој никогаш не може да ви го одземе. Таму всушност лежи моќта на сите промени кои ќе ги направите и за самите себе и за општеството“, порача Ковачевски. Тој посочи на студентите им посочи да не…
Добитници на овогодинешната Нобелова награда за физиологија и медицина се унгарската биохемичарка Каталин Карико и американскиот научник Дру Вајсман. Тие добија награда за нивниот придонес во развојот на mRNA вакцина против Ковид. Карико е американско-унгарска биохемичарка која до 2022 година беше потпретседателка и раководителка на размена на RNA-протеини во БиоНТек, по што беше консултант на споменатата компанија. Покрај тоа, таа е предавач на Универзитетот во Сигет, Унгарија и вонреден професор на Медицинскиот факултет Перелман на Американскиот универзитет во Пенсилванија. Вајсман, исто так е професор по истражување за вакцини во оваа установа. Како што објави Нобеловиот комитет, нивните откритија беа клучни…
ЏАБИР ДЕРАЛА Мицковски секогаш страдал од недостаток на дефинирани и јасни ставови. Единствена препознатлива карактеристика во неговата „политика“ е неговото бескрајно и постојано повторувано НЕ. Неговата појава во македонската политичка историја ќе биде опишана како деструктивно, невротично инсистирање да дојде на власт по секоја цена, а во меѓувреме (се разбира) лично да се збогати. Тој постојано ја „чести“ јавноста со своите бисери и делува како да не знае што зборува. Сериозноста (во обид) со која настапува, во комбинација со тоа што го кажува (еднаш едно, другпат друго, често спротивно) го прави прилично комичен. Неговата политичка кариера се карактеризира со интензивни и…