Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Милеи, самонаречен „анархо-капиталист“ познат по своите акробации за публицитет, како што се облекување во суперхерој, мафтање со моторни пили и удирање пиња за да ги илустрира своите планови за „разбивање на системот“, дојде на власт во декември 2023 година. Се вели дека односите меѓу Шпанија и Аргентина се на историски најниско ниво откако аргентинскиот популистички претседател Хавиер Милеи упати обвиненија кон шпанскиот премиер Педро Санчез и неговата сопруга Бегоња Гомез на митинг на крајната десница во Мадрид во неделата. Популистичкиот претседател на Аргентина Хавиер Милеи не бега од гласни изјави кои привлекуваат внимание – но овој пат, шпанската влада верува…
Генералштабот на вооружените сили на Украина потврди дека во нападот врз Севастополскиот Залив, каде што се наоѓаат некои бродови на руската Црноморска флот, бил погоден и уништен рускиот ракетен брод „Циклон“. „Ноќта на 19 мај, одбранбените сили на Украина го погодија рускиот ракетен брод „Циклон“ во Севастопол“, соопшти Генералштабот. Нападот бил изведен со беспилотни летала. Русија незаконски го анектираше Крим во 2014 година.
Судија на претходна пстапка во Основниот кривичен суд во Скопје, му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Љупчо Палевски осомничен за убиството на 14- годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски (74). -Заради интерес на медиумите кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од Р.Турција, по наредба на судија на претходна постапка денска беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје за да се произнесе во однос на мерката притвор определна во негово отсуство, а по предлог…
Договорот предвидува дека името на државата е неотповикливо. Од моментот кога уставното име е „Северна Македонија“, што и да кажува госпоѓа Сиљановска дека нејзината земја се вика „Македонија“, нема ништо да постигне во НАТО, во кое влезе како „Северна Македонија“ и нема ништо да постигне на патот за интеграција во ЕУ, истакна портпаролката на СИРИЗА Вула Кехаја во интервјуто за грчкото радио „Talk Radio 989“, јави дописничката на МИА од Атина. За трите меморандуми кои опозициската партија повторно ги донесе во Парламентот, Кехаја посочи дека ако беа ратификувани, „ќе беше зацврстена преговарачката позиција на Грција во однос на пристапниот процес…
Пред повеке години, познатата американска авангардна артистка Лори Андерсон, ке каже: ,,Да зборуваш за музика, тоа е како да играш објаснувајки архитектура. Нема соодветни зборови да се опише настапот на Џамбо Агушеви оркестар во Тирана, тоа беше нешто многу, многу посебно.Агушеви пред да настапат во Тирана, имаа неколку концерти во Германија и авионски стасаа до Скопје, та од таму, веднаш со автомобили тргнаа за Албанија каде стасаа ноќта пред нивниот овдешен концерт.“, соопштуваат од Македонскиот КИЦ во Тирана, Нивниот настап беше во организација на македонскиот Културно информативен центар во Тирана, заедно со овде познатиот тирански фестивал ,,Clouds,, под водство на…
По десетчасовна дискусија, хрватскиот Сабор ја изгласа третата влада на Андреј Пленковиќ, поранешен и иден премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ). За Владата формирана од ХДЗ со десничарското движење Татковина, а во која нема претставник на српското национално малцинство гласаа 79 пратеници, 61 беа против, а еден воздржан. На денешната седница присуствуваа 141 пратеник. Новата влада наместо досегашните 16 министерства ќе има 18, а три ќе му припаднат на Татковинското движење кое ги доби министерствата за земјоделство, економија и новооснованото министерство за демографија. Владата ќе има седум потпретседатели, од кои еден е од ДП. Пленковиќ синоќа до Собранието…
Шведската полиција денеска соопшти дека ја зголемила безбедноста околу израелскиот имот во Шведска, по пукањето претходната ноќ во близина на Израелската амбасада во центарот на Стокхолм. „Поради сомнително пукање во близина на Израелската амбасада во Стокхолм, полицијата презеде безбедносни мерки (за да го заштити) израелскиот и еврејскиот имот и нивните интереси низ целата земја“, се вели во соопштението. Шведска полициска патрола рано утринава околу 02:00 часот слушнала истрели во близина на израелското дипломатско претставништво. Полицијата ја опколи областа и рано утрината изврши серија претреси во различни населби на Стокхолм. Отворена е истрага поради тешко кршење на законот за оружје. Неколку…
– Претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини вечерва на прес-конференција демантира дека вршел притисок врз судиите во судечките совет кои одлучуваат за тужбите на Коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија за парламентарните избори. Тој оцени дека тврдењата на Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ се невистинити, инсинуации и клевети. -Денешното мое појавување во јавноста е во врска со јавните изјави на господинот (Арбен) Таравари дека има сознанија односно информации дека јас како претседател на Судот вршам притисок над судиите кои што ги ценам како комплетни невистини, како инсинуации и клевети врз мојата работа како претседател на Управниот суд,…
Судијата на Специјализираниот кривичен суд во Словачка утре ќе донесе одлука за побараниот притвор за осомничениот атентатот на премиерот Роберт Фицо, Јурај Цинтула. Надлежен обвинител до судот веќе достави предлог за притворање на 71-годишниот Цинтула од местото Левице, кој завчера, по седницата на Владата, неколкупати пукаше во премиерот и тешко го рани. -Обвинителот побара притвор за обвинетиот поради евентуално бегство и поради ризик од повторување на делото, изјави портпаролката на судот, Катарина Куѓакова. Цинтула беше уапсен веднаш по нападот и се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда од прв степен, за што му се заканува казна и…
Во колумна за Еуроњус, Никола Димитров ги елаборира своите ставови за „поигрувањето“ со Договорот од Преспа од страна на новата власт, и детално ги анализира како што вели „сизифовските“ чекори кои се минаа за постигнување на договор во повеќедеценискиот спор. Договорот е добредојдена реалност, дури и меѓу многу негови противници, бидејќи повторното отворање на спорот би било многу полошо. Се залагам за покажување лидерство во двете земји, Грција и Северна Македонија, да се соочат со оваа реалност и да престанат да играат ситна политика со ова прашање, пишува Никола Димитров. Церемонијата на полагање заклетва на новоизбраната претседателка на Северна Македонија,…
Од наша страна, користењето на „Север“ останува камен на сопнување за многу македонски политичари, особено кога треба да го кажат тоа дома, пишува Никола Димитров. Во колумна за Еуроњус, Никола Димитров ги елаборира своите ставови за „поигрувањето“ со Договорот од Преспа од страна на новата власт, и детално ги анализира како што вели „сизифовските“ чекори кои се минаа за постигнување на договор во повеќедеценискиот спор. Договорот е добредојдена реалност, дури и меѓу многу негови противници, бидејќи повторното отворање на спорот би било многу полошо. Се залагам за покажување лидерство во двете земји, Грција и Северна Македонија, да се соочат со…
Австриската „Рајфајзен банка“ добила писмено предупредување од Министерството за финансии на САД дека банката може да биде отсечена од американскиот финансиски систем поради тоа што продолжува да работи во Русија, јавија дел од американските медиуми. Од извори во владата се дознава дека писмото, испратено на 6 мај од страна на заменик – министерот за финансии на САД Воли Адеиемо, е досега најстрого предупредување за крупна западна банка се уште активна во Русија. Банката под притисок на Вашингтон неодамна се откажа до планот за купување на удел во градежната компанија „Страбаг“ поврзана со олигархот Олег Дерипаска. Но односите на банката со…