Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
„Партиската машинерија што му ја оставив ја стави во функција против мене и за создавање раскол…“, вели Никола Груевски во одговорот до Христијан Мицкоски. Малку од целото писмо што Никола Груевски му го испрати на Христијан Мицкоски беше објавено на мејнстрим медиумите, оние истите кои една деценија беа дел од таа машинерија за која говори Груевски. Оние кои беа добро платени да ја шират пропагандата на таа партија. За прв пат Никола Груевски јавно признава постоење на „партиска машинерија“ што Мицкоски сега ја става во погон „во одбрана на неговите параноични, штетни и безсмислени чекори и политики“. „Сето тоа може…
Шефот на дипломатијата Бујар Османи се сретна со министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, во рамки на 78-то Генерално Собрание на Обединетите нации, што се одржува во Њујорк. Како што соопшти МНР, соговорниците ги реафирмираа заложбите за понатамошно зајакнување на билатералните односи, со посебен фокус на економската соработка и бизнис релациите, а беше поздравена и одличната соработка во меѓународните организации. -Северна Македонија како полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот – ИХРА има значајна улога во глобалната борба против антисемитизмот. Остануваме посветени на нашата определба за сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот, како и на борбата…
Во продукција на продукциската куќа „Панглас“ од Сараево и ко-продуцентот „Круг филм“ од Скопје, во Зеница, Босна и Херцеговина, започна снимањето на долгометражниот игран филм „Павилјон“. Филмот е по сценарио на Виктор Иванчиќ и Емир Имамовиќ-Пирке, во режија на Дино Мустафиќ, а снимањето ќе трае до почетокот на октомври оваа година. Филмот раскажува приказна за злоставуваните станари на домот за стари лица „Павилјон“, кои организираат вооружен бунт чија цел не е подобрување на условите за живот. Тие сакаат правдина во нејзиниот исконски облик, без никаква грижа за моралните норми во општеството кое повозрасните личности ги смета за биолошки отпад. Една…
„На која основа го поканувате министерот за надворешни работи на Северна Македонија на денешната средба, во својство на претседавач со ОБСЕ?“ Рускиот амбасадор во Обединети нации (ОН), Василиј Небензи, ова прашање му го упати на премиер на Еди Рама, кој преседаваше со вчерашната дебата во седиштето на ОН. Реакцијата на премиерот Рама беше експресна: „Не знам што е проблемот, бидејќи ОБСЕ игра важна улога и е тука благодарение на нивниот придонес. Да, претставникот овде е Албанец од Северна Македонија, но кога би било појасно што е проблемот, со задоволство би ве послушал“. „Се спротивставивме на присуството на ова ниво и…
Што сака и што му треба на Кијив од светската суперсила, додека се бори со руските сили? Додека војната беснее дома, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да дојде во Белата куќа. Тој ќе се сретне со неговиот американски колега на жешки разговори, по посетата на седиштето на ОН во Њујорк. Но, што сака Украина и што и треба од САД во моментов? И уште поважно, дали Вашингтон може тоа да го даде? 1. Обезбедете помош Американскиот претседател Џо Бајден се обидува да ѝ даде на Украина дополнителни 24 милијарди долари безбедносна и хуманитарна помош за да помогне да се…
Северна Македонија игра многу важна улога во процесите во регионот, изјави заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Во Интервју за Гласот на Америка тој изрази загриженост поради тоа што Западниот Балкан се развива во „две брзини“. – Од една страна има членки на Северноатлантската алијанса кои се многу посветени на својот НАТО и европски пат. Тука се и преостанатите три кои се борат со потешкотии. За време на моите средби со нив, доследно им пренесував дека САД го поддржуваат нивниот евроатлантски пат. Би сакале и сакаме сите…
БОРКО ЗАФИРОВСКИ Црвениот оркестар, беше поим за распространета мрежа на леви, про-советски симпатизери и членови на претежно Западноевропски комунистички партии. Нивната цел беше ширење на симпатии и поддршка кон Советскиот сојуз како држава создадена во првата успешна социјалистичка револуција – Октомвриската. Во бурните општествени и меѓудржавни флуктуации на немирните години меѓу двете светски војни, бројни беа поддржувачите на Советската политика како и пропагандата за идеалите на Револуцијата за праведно и силно општество. Меѓу успешните активности на политиката беше ореолот на правда и слобода за сите, а тоа ги обедини раководствата на влијателните сродни партии низ Европа, но и пошироко, да…
Руската пропаганда создаде лажна фотографија со професорите од националниот универзитет Иван Франко во Лвив и Борис Џонсон како поздравуваат со „нацистички поздрав“. Медиумите во Кремљ и Z-Telegram каналите на воените новинари дистрибуираат фотографија на која се гледа поранешниот премиер на Обединетото Кралство, Борис Џонсон кој заедно со украински професори наводно упатил нацистички поздрав додека на политичарот му била доделена титулата почесен доктор на Националниот универзитетот Иван Франко во Лвив. Ова е лажна фотографија. Руските пропагандисти ја измислиле фотографијата користејќи фотошоп. На оригиналната фотографија, украинските научници ги ставија рацете над нивните срца, додека рацете на Борис Џонсон се спуштени. Исто така,…
Со новодонесените измени на Кривичниот законик ќе настапи апсолутна застареност во 14 судски постапки иницирани од Специјалното јавно обвинителство. Наместо да се донесе закон којшто ќе го ограничи рокот на постапување, ќе има реперкусија врз судиите и јавните обвинители кои што не постапуваат во рок, но и напротив се намалува казната за тие што се огрешиле. Овие се дел од заклучоците произлезени од денешната панел-дискусија „Измени на Кривичниот законик: европско знаме за дезинтеграција?“, во организација на Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“. Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата истакна дека со донесувањето на Кривичниот законик по…
Пишува: КАРЛ БИЛД* / Project Syndicate Руските договори за оружје со Северна Кореја и Иран укажуваат на појава на нова оска на отпадници: земји обединети во нивната подготвеност да го прекршат меѓународното право и да ги игнорираат санкциите на Обединетите нации. Водени од очај, овие отпадници претставуваат закана за регионалната и глобалната стабилност, што не треба да се потцени. Рускиот претседател Владимир Путин имаше очигледни причини да му биде домаќин на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ун во Восточни, новиот руски космодром во источен Сибир, овој месец. Како резултат на својата нелегална агресорска војна во Украина, на Путин му снемуваат пријатели и муниција. Космодромот Восочни има…
Во интерес на транспарентно информирање, Министерството за култура повторува дека кратење на буџетот за филм нема да има, се нагласува во кусото соопштение. Со оглед на новото соопштение на Агенцијата за филм, информираме дека, сите обврски кои Агенцијата ги има преземено кон своите корисници, ќе бидат навремено сервисирани, согласно динамиката и месечните планови, известуваат од Министерството за култура.
Американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се обратат пред светските лидери собрани во седиштето на Обединетите нации на првиот ден од Генералното собрание на таа организација. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, иранскиот премиер Ебрахим Раиси и германскиот канцелар Олаф Шолц се исто така меѓу оние што ќе говорат на 78-то Генерално собрание во Њујорк во вторник. Неделава почна вчера со самитот на Обединетите нации за целите за одржлив развој. Од денеска говор ќе одржат повеќе од 140 премиери и шефови на држави. Зеленски, кој присуствува на настанот во Њујорк…