Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Во Тирана денеска во рамки на Берлински Процес се отвора Министеријалот на министрите за внатрешни работи на Европската Унија и Западен Балкан. Косовскиот премиер Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска (четврток) ќе имаат билатерални средби со шефот на дипломатијата на ЕУ, Јозеп Борел и специјалниот емисар на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак. Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. АЛБАНИЈА РТШ: Министрите за внатрешни работи на ЕУ и регионот се среќаваат во Тирана во рамките на Берлинскиот процес „На 14 септември, Тирана го отвора…
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер денеска ги осуди плановите на републиканците да покренат истрага за импичмент против демократскиот претседател Џо Бајден, нарекувајќи ги неосновани. Како што јави Гласот на Америка, таа рече дека нема докази од страна на републиканците против Бајден додека ги истражуваат деловните зделки на неговиот син Хантер Бајден. Истрагата е насочена околу тоа дали Бајден имал корист од деловните зделки на Хантер Бајден. – Ова е политички трик, рече таа. Според неа, се чини оти спикерот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти, највисокиот републиканец во Вашингтон, наредил истрага како одговор на притисокот од екстремно десничарските републикански законодавци,…
Министерството за правда во пет наврати испратило допис, по писмен и по електронски пат, во врска со новиот Предлог-закон за амнестија до сите координатори на пратеничките групи, како и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, барајќи да се изјаснат за него. – Министерството за правда неколку пати испрати дописи до координаторите на политичките партии во Собрание на Република Северна Македонија за да се изјаснат за новиот Предлог-закон за амнестија. Барањата се испратени по писмен и електронски пат на 18 и 20 јули, на 24 август и на 11 и 13 септември. Со предлог-законот преку писмен допис е запознат и претседателот…
Во Собранието утре е закажана седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со единствена точка на дневен ред Предлог на Одлука за основање на анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија. Формирањето на анкетната комисија е на барање на 20 пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која достави Предлог-одлука за основање на комисијата до претседателот на Собранието Талат Џафери. Освен ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, формирањето на ваква анкетна комисија го поддржува и владејачката СДСМ и нивните коалициски партнери, додека пратениците на ДУИ сметаат дека обвинителството и надлежните институции треба да си ја завршат својата работа.…
Претседателката инсистираше на тоа дека процесот на проширување е и ќе остане „заснован на заслуги“ поттикнат од „напорна работа и лидерство“ и одби да се заложи за каков било фиксен рок, како што направи минатиот месец Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет. „Добрата вест е дека со секое проширување оние кои велеа дека тоа ќе не направи помалку ефикасни, се покажа дека грешат“ Нејзините страсни коментари, дадени на германски, се чини дека го поттикнуваат Законот за обновување на природата, кој оваа пролет стана цел на немилосрдното противење од десничарските партии и едвај преживеа гласање со нож во Европскиот парламент. Урсула…
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Охридскиот регион е едно од само 8 во Европа што УНЕСКО ги има впишано во категоријата Мешовито светско природно и културно наследство (Mixed Cultural and Natural Heritage) што ги обединува сите услови од одделните категории природно и кулурно наследство. Затоа е исклучително важно да се организираат, реализираат и континуирано да се спроведуваат политики и мерки за заштита и афирмација на природните и културни реткости и убавини на Охрид, Охридското Езеро и регионот. Сесијата на Комитетот на светско културно наследство на УНЕСКО што деновиве се одржува по 45-ти пат во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија е од посебен…
Шефовите на најголемите технолошки компании, вклучувајќи ги Илон Маск и Марк Цукерберг, вчера го посетија Конгресот за да ги споделат своите планови за вештачка интелигенција, додека САД развиваат нови закони за подобра контрола на технологијата. Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, вели дека постои „универзален консензус“ за потребата од регулирање на вештачката интелигенција. -Постои силен консензус во корист на регулацијата на вештачката интелигенција. Дури и ако регулативата не е совршена…, последиците од излегувањето од контрола на вештачката интелигенција би биле тешки, коментираше Маск по состанокот. Вчерашната средба со американските пратеници се одржа зад затворени врати. Состанокот го свика лидерот на…
Актерот Јордан Симонов ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 31. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Тој е награден за улогата на Павле во претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорд Идризи, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје. Наградата на Симонов, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и плакета ќе му биде врачена дополнително. Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателката, ланската лауретка Дарја Ризова, во кое покрај неа играта на актерите ја оценуваа и Иван…
Првиот комерцијален оператор и центар за обука за управување со беспилотни летала „Dronebuzz“ започнува со работа. Агенцијата за цивилно воздухопловство му додели овластување за отпочнување со сеопфатни курсеви дизајнирани да им овозможат на ентузијастите и професионалците нови возбудувања во светот на беспилотното воздухопловство. Во пресрет на големиот Аеромитинг по повод 100 години од македонската авијација, што ќе се одржи на спортскиот аеродром Стенковец на 16 септември, разговараме со Луиџи Лигуори, директорот на првиот сертифициран оператор и тренинг центар за обука на пилоти на воздухоплови без екипаж. Тој е поранешен воен офицер и пилот на хеликоптер и како што вели за себе, сака…
Тирана денеска е домаќин на министрите за внатрешни работи на земјите учеснички во Берлинскиот процес, чиј следен самит исто така ќе се одржи во Тирана на 18 идниот месец. – Шефовите на делегации од 26 земји од Европската унија и од Западен Балкан ќе се соберат во Палатата на конгресите за да разговараат за зголемување на соработката во борбата против организираниот и сајбер криминалот, јави Топ чанел. Исто така регионалните партнерски иницијативи, но и прашањата за билатералната соработка ќе бидат во фокусот на разговорите, каде главен фокус на разговорите ќе бидат борбата против наркотиците и прекуграничниот криминал. Со работа конференцијата…
Европскиот парламент ќе има 15 места повеќе по европските избори во јуни следната година, со што вкупниот број на пратеници ќе се зголеми на 720. Петнаесетте дополнителни места треба да се поделат меѓу 12 различни земји-членки на ЕУ, одлучија денеска европратениците. Франција, Холандија и Шпанија треба да добијат уште по две места. Белгија, Данска, Ирска, Летонија Австрија, Полска, Финска, Словенија и Словачка ќе добијат по еден дополнителен мандат. Дополнителните места треба да ги одразат демографските промени во населението на ЕУ од последните европски избори кои се одржаа во 2019 година.
Министерството за економија и предложи на Владата да се забрани да се нуди акциска и промотивна продажба од страна на сите синџири на трговци во државата до 30 ноември, а од следната недела ќе предложи и замрзнување на цените на производите во прехранбената индустрија. Тоа, според министерот за економија Крешник Бектеши, ќе доведе до линеарно намалување на цените на прехранбените производи за минимум 10 отсто, а можно е и со одлуката што ќе се донесе во вторник на владина седница да се предвиди уште поголемо намалување на цените. Трговците, како што кажа Бектеши, нема да знаат со кој датум ќе…