Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шефовите на големите технолошки компании во Конгресот разговараа за иднината на вештачката интелигенција

0
By Ана Василевска on September 14, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Илон Маск
Илон Маск
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 14, 2023 09:54

Шефовите на најголемите технолошки компании, вклучувајќи ги Илон Маск и Марк Цукерберг, вчера го посетија Конгресот за да ги споделат своите планови за вештачка интелигенција, додека САД развиваат нови закони за подобра контрола на технологијата.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, вели дека постои „универзален консензус“ за потребата од регулирање на вештачката интелигенција.

-Постои силен консензус во корист на регулацијата на вештачката интелигенција. Дури и ако регулативата не е совршена…, последиците од излегувањето од контрола на вештачката интелигенција би биле тешки, коментираше Маск по состанокот.

Вчерашната средба со американските пратеници се одржа зад затворени врати. Состанокот го свика лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, а поканети се шефовите на технолошките гиганти, како и застапниците за граѓански права.

Многумина се загрижени дека брзиот технолошки напредок ќе доведе до губење на работни места, повеќе дезинформации на интернет и други штетни ефекти.

-Денес започнуваме огромен, комплексен и витален потфат – поставување на основата за консензуална политика за вештачка интелигенција која Конгресот може да ја претвори во закон, рече Шумер.

Цукерберг нагласи дека Конгресот „треба да се осврне на вештачката интелигенција за да ги поддржи иновациите, но и заштитните мерки“. Тој додаде дека „стандардот е подобро поставен од американските компании кои можат да соработуваат со владата за да ги обликуваат овие модели за важни прашања“.

Републиканскиот сенатор Мајк Раундс рече дека на Конгресот ќе му треба време да дејствува.

-Дали сме подготвени да го напишеме законот? Апсолутно не, рече Раунд.

Демократскиот сенатор Кори Букер посочи дека сите учесници се согласиле дека „владата има регулаторна улога“, но дека изработката на законодавството ќе биде предизвик.

Моќта и предностите на вештачката интелигенција, како и потенцијалните опасности, се предмет на голем интерес кај научниците ширум светот. Во мај, Сем Алтман, извршен директор на OpenAI, компанијата зад ChatGPT, сведочеше пред комисијата на американскиот Сенат, опишувајќи ги потенцијалните стапици на новата технологија.

-Мислам дека ако оваа технологија тргне наопаку, може да тргне многу наопаку… Сакаме да бидеме јасни кога зборуваме за тоа. Оптимист сум за вештачката интелигенција, но тоа не значи дека нема да има проблеми на патот, рече Алтман, додавајќи дека сакаат да работат со владата за да спречат тоа да се случи.

Илон Маск Марк Цукерберг Технолошки компании
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.