Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој вчера престојуваше во Скопје во рамки на состанокот на Процесот „Брдо- Бриони“, се сретна со претставници на главните албански политички партии во Северна Македонија, пренесуваат албанските медиуми. Пет милиони и 5 милиони 485 илјади 800 евра изнесува сумата потрошена за заштита на обвинетите од Специјалниот суд за Косово, пишуваат косовските медиуми. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- ПРЕС. АЛБАНИЈА Топ Чанел: Бегај на средби со претставници на албанските политички партии во Северна Македонија За време на престојот во Скопје,…
Невозможно е Никола Груевски да се врати слободен во Северна Македонија, бидејќи влијанието на изменетите членови од Кривичниот законик врз обвиненијата на поранешниот премиер кој избега и доби азил во Унгарија, е многу мало, изјави првиот вицепремиер Артан Груби за ТВ Клан. – Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати во Северна Македонија, рече Груби. Тој се осврна и на прашањето за промена на Уставот. Истакна дека во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски би гласала за уставните измени, тој заедно со другите министри и функционери на ДУИ во истата секунда…
Започнува еден од најважните инфраструктурни проекти во историјата на Македонија. Во село Горна Бањица денеска ќе се изврши минирање со што стартуваат градежните работи на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за пробивање на трасата на автопатот Гостивар Букојчани (30,1 километар) на Коридорот 8. На настанот е најавено присуство на првиот вицепремиер и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д Артан Груби, министерот за транспорт и врски г-дин Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта г-дин Ејуп Рустеми. Со Договорот што го потпиша Владата со „Бехтел и Енка“ е предвидена изградба на автопатските делници Тетово –…
Сите земји кои сакаат да се вклучат во Европската Унија мора да ја продолжат борбата против корупцијата, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешни работи на германски Бундестаг Михаел Рот, пред почетокот на Конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарната демократија“, која се одржува во Собранието. Рот даде одговор на новинарско прашање во врска со експресното усвојување на измените на Кривичниот законик, кое предизвика реакции во јавноста поради намалување на казните за носителите на јавни функции во случаите на злоупотреба на службената должност, па се оди и со тврдења дека станува збор за амнестија и премолчен договор меѓу власта и…
Во пресрет на разговорите во Брисел меѓу делегациите на Белград и Приштина, кои треба да се одржат в четврток, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека тие разговори ќе бидат тешки, јави дописникот на МИА од Белград. -Сè уште го немаме Бриселскиот договор и Заедницата на српски општини (ЗСО). Приштина нема намера да го спроведе, а Курти не сака да каже два збора – Бриселски договор, изјави Брнабиќ за РТС. Таа посочи дека видовме само дополнителна ескалација. Според Брнабиќ, неопходна е имплементацијата на Бриселскиот договор и имплементацијата на ЗСО. -Благодарност до претседателот Вучиќ што презема на себе да ги води овие разговори…
Изјави пред почетокот на конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“ Институтот за демократија и Собранието на Република Северна Македонија, денеска се домаќини на регионалниот настан „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“ кој вклучува парламентарци и стручна служба од парламентите на земјите од Западен Балкан, германскиот Бундестаг и Европскиот парламент. Целта на настанот, како што посочуваат организаторите, е да го доближи Берлинскиот процес до пратениците и стручната служба и да иницира меѓупарламентарна и експертска дебата за улогата на парламентите на земјите на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. Настанот ќе го отворат претседателот на Собранието Талат Џафери,…
На граничен премин Деве Баир на влез во државава при контрола на автобус се запленети 329 парчиња раствори за инјекции Gadovist 1.0 коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење. -На 8 септември, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал од Истанбул до Пеќ во Косово, во средината, под едно од седиштата пронајдоа кутија во која имало 329 парчиња раствор за инјекции од 15 мл Gadovist 1.0 oд германскиот производител Бајер (Bayer) за…
Повеќе од две илјади луѓе загинаа, а околу шест илјади се водат за исчезнати во Дерна, Либија каде што под притисок на поплавите предизвикани од бурата „Даниел“ се урнаа две брани, пишува Си-ен-ен. -Како резултат на тоа, се урнаа три моста. Водата што тече однесе цели населби, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална Армија. Шефот на либиската служба за вонредни состојби, Осама Али, за Си-Ен-Ен изјави дека по уривањето на браната „целата вода отишла во областа кај Дерна, која е планинско крајбрежно подрачје“. Тој додаде дека куќите во долините биле однесени од силни струи од кал кои носеле возила…
На денешен ден во 2001 година, четири патнички авиони беа киднапирани од терористите на Ал Каеда. Два се урнаа во кулите близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк. Друг беше урнат во Пентагон, додека последниот авион се урна во поле. Во нападите загинаа 2.977 цивили, како и 19 инволвирани терористи. Нападите, планирани од Осама бин Ладен, ја поттикнаа дводецениската војна против тероризмот, која вклучуваше инвазија на САД на Ирак и Авганистан. Се проценува дека до 4,6 милиони луѓе се убиени како резултат на војната против тероризмот. 11. септември исто така имаше огромен импакт врз уметноста. По релативно глобално мирните 90-ти,…
Албанскиот парламент на посебна пленарна седница денеска изгласа пет нови министри во владата на премиерот Еди Рама, а разреши седум, откако во саботата указ за тоа потпиша шефот на државата Бајрам Бегај. И покрај барањето на опозицијата за дебата, претседателката на законодавниот дом Линдита Никола не го дозволи тоа па веднаш се премина на гласање. На седницата присуствуваа 110 од вкупно 140 пратеници колку што брои парламентот. Со 95 гласови „за” разрешена е Олта Џачка, досегашна министерката за Европа и надворешни работи. Против нејзиното разрешување гласал и социјалистот и поранешен вицепремиер Ерион Браче. На нејзино место со 74 гласови “за”…
Забрзување на процесот на пристапување кон Европската Унија, борба против ефектите од климатските промени и нивно ублажување и задржување на младите во регионот на Западен Балкан се главните точки во заедничката Декларација од Скопје на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони. Официјалниот текст на декларацијата е усогласен на англиски јазик, а во продолжение следи протоколарен превод на македонски јазик. „Ние, лидерите на Процесот Брдо – Бриони, водени од начелата на регионална соработка, демократија и одржлив развој, се состанавме во Скопје, на 11 септември 2023 година, со цел да ја препознаеме и истакнеме виталната важност на забрзувањето на процесот на…
Во 2012 година, професорот од Харвард, Греам Алисон го измисли терминот „Тукидидова стапица“ за да ја опише ситуацијата во која растечката сила се заканува да ја смени владејачката моќ, што понатаму резултира со војна. Додека кинеското економско чудо цутеше, Пекинг изгледаше предодреден за судир со Вашингтон што понатаму може да ги уназади и двете економии. Во 2023 година, се чини дека она што конечно може да предизвика војна меѓу Кина и Западот не е сила, туку слабост. Кина е сега помалку сила во подем отколку врвна сила, според Телеграф. Нејзината економија влегува во она што може да се покаже како трајно забавување, бидејќи…