Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанскиот парламент ги изгласа новите министри во владата на Рама

0
By Ана Василевска on September 11, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 11, 2023 16:28

Албанскиот парламент на посебна пленарна седница денеска изгласа пет нови министри во владата на премиерот Еди Рама, а разреши седум, откако во саботата указ за тоа потпиша шефот на државата Бајрам Бегај.

И покрај барањето на опозицијата за дебата, претседателката на законодавниот дом Линдита Никола не го дозволи тоа па веднаш се премина на гласање.

На седницата присуствуваа 110 од вкупно 140 пратеници колку што брои парламентот.

Со 95 гласови „за” разрешена е Олта Џачка, досегашна  министерката за Европа и надворешни работи. Против нејзиното разрешување гласал и социјалистот и поранешен вицепремиер Ерион Браче.

На нејзино место со  74 гласови “за” избран е Игли Хасани, дипломат од кариера.

Нова министерка за образование, млади и спорт, со 72 гласови,  е Огерта Манастирлиу, која  го напушта министерството за здравство и социјална заштита а на нејзино место беше изгласана Албана Корчиу, за чиј избор гласаа 73 пратеници.

Нова министерка, за земјоделство и рурален развој е Анила Денај(73 гласа), додека со ист број гласови прв човек на новоформираното министерство за локална самоуправа ќе биде Арбјан Мазнику, актуелен заменик градоначалник на Тирана, Македонец чиј татко потекнува од село Врница, област Голо Брдо.

Без образложение на гласање не беше ставен  предлогот министер за економија и финансии да биде Ервин Мете, и Делина Ибрахимај, која од економија треба да биде државен министер за претприемаштво и бизнис клима. За нив се гласаше само за  разрешување од претходните функции.

Новоизбраниот министри, според Уставот, треба да дадат заклетва пред претседателот Бегај, по што ги преземаат функциите.

Ова е прва поголема реконструкција на кабинетот „Рама3“ по парламентарните избори и формирањето во септември 2021 година. Во претходните две, на крајот од септември 2022 беше сменет вицепремиерот и министер за обнова Арбен Ахметај, кој сега е обвинет за корупција и е надвор од земјата, и на негово место дојде Белинда Балуку. Во средината на јули годинава Рама, по зачестените тешки кривични дела, меѓу нив и убиства, одлучи министер за внатрешни работи да биде Таулант Бала на местото на Бледи Чучи.

Албански парламент Еди Рама Нови министри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

ВЕСТИ April 25, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан за неговите напори за посредување во обидот да се…

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.