Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји го поддржа ставот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови земји-членки до 2030 година, што е спротивно на официјалната изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пишува порталот „Политико“. Вархеји не се согласува со ставот на својот шеф дека не треба да има цел датум за проширување на ЕУ, со што се доведува во прашање внатрешното единство на извршното тело на Унијата во однос на оваа клучна тема, пишува бриселскиот портал. „Од наша страна неуморно работевме на таа цел – па затоа…
„Воспоставуваме нов стандард на ефективност на Царинската управа како сервис за стопанството, при што работиме на конкретни мерки и политики со коишто ќе се создадат услови за повисока продуктивност на македонската економија, извоз на стоки и услуги со поголема домашна додадена вредност, што значи поголеми приходи во Буџетот. Истовремено Царинската управа работи на реформски политики чија цел е подобрување на менаџирањето со ризици, намалување на сивата економија и сузбивање на корупцијата“, објави на Фејсбук, директорот на Царинската управа Стефан Бигоев, од денешната посета на клучната Царинарница Скопје и царинските испостави Скопје 1 и Скопје 3. Трговската интеграција на македонските компании…
Во 172 спасувачки акции во деловите зафатени од поплавите во централна Грција, биле спасени 417 граѓани, додека пак четворица се сѐ уште исчезнати, соопшти министерот за цивилна заштита и климатска криза на Грција, Василис Кикиљас на денешната вонредна прес конференција за невремето „Даниел“ во кое досега две лица ги загубија животите, јави дописничката на МИА од Атина. Кикиљас ги повика граѓаните да ги следат препораките од надлежните и во следните 24 часа, а говореше за невреме од досега невидени размери, велејќи дека фразата „се отвори небото“, во конкретниот случај може буквално да се употреби. Тој истакна дека поради интензитетот и…
Откако ги узурпира и вулгаризира протестите во Скопје за случајот Онкологија, Димитар Апасиев од Левица, на социјалните мрежи, засилува со невиден говор на омраза и повикува на насилство. „А бе лешпери смрдени (соросписко-вмроидни-џабировски)… На детето од Црвена младина, шо го уапсија џандарите вчера, МАЈКА му има умрено од рак!!! И немој да ми морализирате за пцовки, оти времето на политичката коректност помина! Бидете среќни шо уште само ве пцуеме, оти следниот пат на клоци ќе ве извадиме. p.s. Не еден. Два ќе пушите!“, објави на Фејсбук Апасиев. На преземената објава од Апасиев, адвокатот Јанаки Митровски во коментар одговара дека Апасиев…
Европската комисија на денешното заседание донесе одлука за именување на шест носители на раководни функции на четири нејзини генерални директорати. За заменичка генерална директорка задолжена за меѓународната димензија на политиките за правдата, владеење на правото и еднаквоста на Генералниот директорат за правда и потрошувачи на ЕК е именувана Ирена Моозова од Чешка. Во истиот Директорат за директорка за потрошувачи е назначена Изабел Перињон, а за директор за владеење на правото, фундаментални права и демократија е именуван Жилиен Мусние и двајцата од Франција За нова директорка за управување со ресурси во Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој е назначена Кармен…
Подобро е да се осигура дека злоупотребите на службената должност ќе бидат почесто казнувани, отколку како сега, да биде казнет еден од сто функционери со драконска затворска казна, вели професорот по кривично право Гордан Калајџиев во врска со предложените измени на Кривичниот законик со кој се намалуваат казните за делата злоупотреба на службената должност и овластување, конкретно членот 353 и злосторничко здружување, односно членот 394 од КЗ. Професорот потенцира дека одамна се води расправа за членот 353 од Кривичниот закон, во смисла дали тој е преширок и дали правилно се толкува. Според Кајалџиев, членот се толкува на начин дека ако…
Агенцијата за управување со одземен имот успешно ја спроведе и реализира продажбата на вкупно три одземени недвижности од поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков согласно правосилната пресуда за случајот „Империја“. – Станува збор за три недвижности кои согласно правосилната судска предуда КОК – ПП бр. 283/2022 се одземени од Сашо Мијалков. Реализираните парични средства од продажбата ќе го зголемат државниот буџет во вкупен износ од 15.000.500 денари или 244 000 евра, информираат од Агенцијата. Агенцијата за управување со одземен имот во август годинава објави оглас на кој беа понудени дел од конфискуваните недвижнини од Сашо Мијалков…
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој денеска пристигна во ненајавена посета на Украина, се сретна со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. – Сакаме да бидеме сигурни дека Украина го има она што и треба, не само за да успее во контраофанзивата, туку и долгорочно за да се осигураме дека располага со силни средства за одвраќање, рече Блинкен, стоејќи до Кулеба. Американскиот државен секретар јасно стави до знаење дека неговата земја ќе застане на страна на Украина додека ја обновува и зајакнува својата економија и „гради силна демократија“. Кулеба на социјалната мрежа „Х“ (до неодамна „Твитер“) соопшти дека го…
Албанската влада е подготвена за амнестија на затвореници, откако работната група предводена од министерот за правда Улси Мања, по тримесечни консултации со домашни и експерти од ЕУ и со генералната управа на затворите, го подготви предлог-законот за амнестија. „Ветувањата не се забораваат, амнестија“, кусо напиша министерот Мања постирајќи фотографии од неговиот кабинет како го прелистува Предлог-законот. -Со оваа амнестија ќе бидат опфатени 600 лица кои во моментов издржуваат казна во албанските затвори. Предвидено е да се опфатат и оние затвореници на кои им остануваат уште три години затвор. Девојките и жените ќе имаат најбројни со амнестијата. Од неа строго се…
Куририте водат антиевропска кампања ширејќи лажна вест дека „поради скандалот со Онкологија, владата ја прекина кампањата „Ние сме Европа“?! „Иако беше најавена како караван кој ќе се одржи во 8 градови, автивноста на владата наречена “Ние сме Европа“ е изгледа ставена во мирување, судејќи дека нема нова трибина најавена за оваа недела“, објави Курир и неколку други портали. Дека се работи за класична дезинформација потврдува и фактот дека вечер од 18 часот во Центарот за култура-Битола во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, ќе биде организирана отворена трибина „ЕУ за македонското културно наследство“. Најавени се обраќања на министерката за култура…
Во српското Собрание денеска продолжи седницата за ребалансот на буџетот, а на дневен ред беше гласањето за нов министер за економија, на место на сменетиот Раде Баста. Со мнозинство гласови е избран Слободан Цветковиќ од Социјалстичката партија на Србија (СПС), јави дописникот на МИА од Белград. Паралелно и денеска продолжи почнатата блокадата на работата на Парламентот, која вчера ја најави дел од опозицијата, и која ќе трае сè додека не биде усвоено нивното барање за распишување итни парламентарни и белградски избори. Додека владините претставници се обидуваа денеска да ја одржат седницата и да гласаат, опозицијата со протести, свирежи и извиците…
Оваа економска моќ им даде „вкоренета и издржлива“ позиција на доминација во дигиталната економија, вели Европската комисија, и бара нов сет на строги правила што може да ги зауздаат нивните ексцеси на моќ, да обезбедат слободен избор за граѓаните, да ги урнат пречките за конкурентите и создаваат поголема одговорност. Слично на тоа, платформите ќе мора да побараат од корисниците нивна експлицитна дозвола пред да ги комбинираат личните податоци добиени од различни сервиси, како што се Instagram и Facebook, од кои и двете се управувани од Meta, пред да произведат насочено рекламирање. Обврските целосно ќе стапат на сила за шест месеци,…