Author: Ана Василевска
Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА Не сакајќи да ја загуби позицијата на „филмски олигарх“, како единствен режисер кој на самиот себе си доделувал хонорари со вртоглави милионски суми, повластен пензионер од национална важност со загарантирани месечен приход во висина од две просечни македонски плати, вели дека не му е важен никој? Бруката што ја приредува изигрувајќи „укажувач на корупција“ за која нема ниту еден утврден аргумент, додека истовремено самиот е под истрага за потрошени најмалку 900.000 евра за кои нема финансиски извештај во Агенцијата за филм на РСМ , станува проблем и тема со која веќе сериозно се занимаваат институциите на системот.…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и највисокото политичко и воено раководство на земјата учествуваа на церемонијата на подигнување на државното знаме на Украина, јавија украинските медиуми. Кабинетот на украинскиот претседател објави специјално видео на Јутјуб по повод Денот на украинското знаме. Во центарот на Киев беше подигнато посебно знаме со потписи на украинските бранители од целата линија на фронтот и од најжешките точки на фронтот. -На ова знаме има посебни зборови и потписи на специјални луѓе. Тоа се нашите војници, нашите бранители, нашите воини кои се борат за слобода, за Украинците, за независност и за Украина. Ова знаме беше на позициите…
Унгарија сака да ја преземе командата со воената мисија на Европска Унија во Босна и Херцеговина и сега чека одобрение од Европскиот совет за политика и безбедност, потврдија владини извори во Будимпешта. Досега мисијата Алтеа ја командуваа австриски генерали, а на чело на главниот штаб беа високи унгарски офицери. Австриските власти најавија дека имаат намера да се откажат од командата со мисијата, чија цел е да се следи безбедноста во БиХ и почитувањето на воениот дел од Дејтонскиот договор, бидејќи нивните војници и опрема ангажирани во БиХ сега се повеќе потребни во самата земја, особено поради граничен надзор. Како можни…
Терористичка група која што е осудена за настаните во кумановската населба „Диво насеље“ мора да ја издржи својата казна и да носи одговорност, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во коментар на барањето на осудените за „Диво насеље“ за екстрадиција. -За мене воопшто не може да се разговара за каква било екстрадиција за луѓе коишто сакаа да ги нарушат мирот и стабилноста на државата, рече Спасовски во одговор на новинарско прашање при денешното одбележување на Денот на Единицата за брзо распоредување во Куманово. Во рамките на одбележувањето во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча во чест на осумте…
На 25 и 26 август 2023 година во Корчула ќе се одржи дванаесеттата Корчуланска Школа. Корчуланската Школа е реномирана регионална тинк-тенк организација од Југоисточна Европа која се фокусира на прогресивни и социјалдемократски политики за промовирање на родовата еднаквост. Корчуланската Школа ее дизајнирана да биде единствен политички, идеолошки, слободен простор за размислување за суштинска и напредна размена на мислења за критичните идеолошки и политички прашања за трансформација на политиката за промовирање родова еднаквост, а оваа година на школата доминираат дебатите за научените лекции и искуства од балканските војни од деведесеттите и актуелните кризни ситуации во регионот, кои може да бидат важни…
Иако се релативно добро застапени на повиски нивоа во администрацијата на ЕУ, граѓаните на скандинвските земји се помалубројни помеѓу пониските слоеви на бриселската бирократија, како резултат на фактот што овие работни места не се премногу привлчени за Скандинавците, пред се за помладите генерации. Токму затоа, скандинавската тројка во ЕУ – Данска, Шведска и Финска, сметаат дека Европската Унија мора да ги промени своите правила за вработување или ризикува практично да ги елиминира Скандинавците од Европската комисија. Според нив, причини за ваквиот слаб интерес на Скандинавците за работа во Брисел се долгиот процес на регрутирање кадри, лошо дизајнираните испити за проверка…
Рускиот претседател Владимир Путин повторно стана главна тема на социјалните мрежи откако направи уште една „грешка“. Имено, рускиот претседател преку видео врска зборуваше за самитот на БРИКС во Јоханесбург, Јужна Африка. Путин не отиде на самитот поради налогот за апсење издаден по него од Меѓународниот кривичен суд во март и затоа се обрати пред присутните костистејќи ја технологијата. Она што на сите им го привлееч вниманието беше неговото гледање во часовсникот. Имено, на видеото се гледа како Путин ја крева левата рака, како кога автоматски сакаме да погледнеме во часовникот. Потоа брзо ја спушта раката и гледа во хартиите. На…
Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак во Брисел го пречека специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар и соопшти дека разговарале за моменталната состојба на дијалогот. „Задоволство ми е да му посакам добредојде на мојот колега и добар пријател Габриел Ескобар во Брисел. Заедно со нашите тимови вчерашниот ден го поминавме во длабока дискусија за дијалогот, актуелната состојба и напредок, како и за други регионални прашања на Западен Балкан. Благодарен сум за исклучителната соработка“, напиша денеска Лајчак на својот профил на мрежата X. Радио Слободна Европа, повикувајќи се на доверливи извори во…
„Постои законско правило кое забранува убиство, но секој ден, за жал, има некој што убива некој друг. Значи, иако имаме правно обврзувачко правило, тоа автоматски не значи дека сите ќе се придржуваат до нив“. Бројот на мигранти кои пристигнуваат на бреговите на Италија е двојно повеќе зголемен годинава, принудувајќи ја владата да побара помош од самите невладини организации што претходно се обиде да ги спречи. Откако се обиде да ги спречи невладините организации да спасуваат мигранти во Средоземното Море, италијанската влада сега бара нивна помош бидејќи пристигнувањата на мигрантите се зголемуваат. Сепак, поширокиот антимиграциски став на Рим останува ист. Минатата…
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го прими директорот на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски. -На средбата, директорот Дамевски го информираше претседателот Пендаровски дека во рамки на програмата на годинашниот 44-ти интернационален фестивал на филмска камера ќе бидат прикажани 64 филмови. Истовремено, како што посочи Дамевски, гости на фестивалот ќе бидат реномирани кинематографери, режисери и продуценти од целиот свет, соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски. Шефот на државата ја поздравил речиси петдеценицската традиција на фестивалот и истакнал дека го радува фактот што од година в година се повеќе се збогатува програмата на „Браќа Манаки“, а Битола…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на работната посета на Шпанија, имаше средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел. Во фокусот на разговорите беше европското досие на Северна Македонија, при што Османи го брифираше шефот на европската дипломатија за текот на парламентарната дебата со цел усвојување на уставните измени, како преземена обврска за непречен пат на земјата кон полноправното членство во ЕУ, соопшти МНР. – Со усвојувањето на уставните измени Северна Македонија докажува дека е подготвена за членство во Европската Унија, а очекува од Унијата пристапните…
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше во врска со неформалната средба што премиерот на Грција Киријакос Мицотакис ја свика со лидерите на Западен Балкан, на која учествуваа и шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на која тој не беше поканет. Албанија беше поканета на ниво на претседател, но шефот на државата Бајрам Бегај, одби да оди поради „претходно утврдена агенда“. Рама пишува дека не реагирал порано бидејќи не сакал да ги вознемирува домаќините и гостите „ со дополнување на вревата пред моите добри пријатели собрани во Атина за да си ја завршат…
