Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Целосно е јасно дека верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од страна Северна Македонија претставува предуслов за која било разврска на нејзиниот европски пат и ние ќе бидеме строги во однос на ова почитување, порача министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за грчката телевизија Мега, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија, неколку пати повтори дека почитувањето и усогласувањето со Договорот од Преспа е нивното главно барање и коментираше дека се „исклучително незадоволни“ од она што се случи на инаугурацијата на претседателката. -Постои многу структуриран план кој поаѓа од фактот дека грчката…
24инфо.мк ексклузивно дознава дека вечерва во Македонија ќе биде донесен Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Според информациите што ги добивме, вечерва Палевски треба да слета на скопскиот аеродром по што директно ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје попознат и како Шутка. Палевски беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па преку Бугарија се даде во бегство во Турција.
Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ кој беше во конкуренција со 4140 кратки филмови од светот влезе во официјална селекција на престижниот филмски фестивал во Оденсе, Данска. Во официјалната селекција влегоа 149 филмови од 39 земји меѓу кои и филмот „Мала Шега“ на режисерот Трифун Ситниковски, во продукција на ДНФ Филмс и копродуциран од ИРЛ од Македонија и ИзванФокуса од Хрватска, во соработка со Вардар Филм, а со поддршка на Агенција за филм и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар. ОФФ фестивалот (Меѓународен филмски фестивал Оденсе) се одржува секоја година од 1975-та во срцето на Данска, а кратките филмови кои се прикажуваат на овој…
САД го сметаат лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, за закана за стабилноста и се подготвени да реагираат на секоја закана за опстанокот на Босна и Херцеговина како држава, изјави американскиот амбасадор во Сараево Мајкл Марфи. Во интервју за телевизијата N1, чии делови беа објавени на веб-страницата во текот на денот, Марфи ја оцени како целосно неприфатлива „страшната реторика“ што Додик ја употребува во своите изјави, особено неговите закани за отцепување на Република Српска од државата Босна и Херцеговина. , чиј дел е овој ентитет. Марфи потсети на изјавите на Додик дека „не сака да го дише истиот воздух со…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека доколку рускиот претседател Владимир Путин престане да ја бомбардира Украина, мировните преговори може да почнат следниот ден, пренесе Анадолија. Фон дер Лејен, која дојде во Рим за време на изборната кампања за Европскиот парламент (ЕП), се сретна со млади гласачи заедно со Антонио Тајани, лидерот на Форца Италија (ФИ). Таа на средбата зборуваше за војната меѓу Русија и Украина. – Доколку Путин го прекине бомбардирањето, следниот ден може да се одржат мировни преговори. Но, мировниот процес мора да го водат Украинците. Нивно право е да го направат тоа, рече претседателот…
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека земјите-членки кои делуваа обединето по прашањето за украинско-руската војна, се премногу поделени кога станува збор за палестинското прашање. Во својот говор на Институтот Хувер на Универзитетот Стенфорд, Борел рече дека е неопходно да се почне политички процес за зајакнување на палестинската администрација. – Мораме јасно и гласно да кажеме дека постигнувањето решение за две држави е единствениот начин да се ослободиме од оваа трагедија. Колку и да е тешко, не гледам друг начин да се запре оваа трагедија која ќе остане дамка на совеста на…
Вселенската компанија на милијардерот Џеф Безос, „Блу Ориџин“ (Blue Origin), денеска соопшти дека ќе ги продолжи летовите во вселената почнувајќи од 19 мај, по проблемот со летот пред помалку од две години. Следниот лет на „Блу Ориџин“ ќе биде седми со луѓе во ракети лансирани од Западен Тексас. Компанијата планира да го направи тоа по лансирањето на ракетата New Shepherd на 19 декември, којаБезос имаше задача да спроведе серија експерименти на границата на вселената. ј
Иранскиот филмски режисер Мохамед Расулоф го напушти Иран откако беше осуден на осум години затвор под обвинение за национална безбедност, пред отворањето на Канскиот филмски фестивал каде што неговиот нов филм е во конкуренција. Познатиот ирански режисер Мохамад Расулоф потврди дека успеал да ја напушти својата земја без официјална дозвола, откако беше осуден на осум години затвор и камшикување за злосторства во националната безбедност. Минатата недела, иранскиот суд утврди дека филмовите и документарните филмови на Расулоф се „примери за дослух со намера да се изврши кривично дело против безбедноста на земјата“. Оваа пресуда дојде неколку дена пред почетокот на Канскиот…
Хуманитарната организација „Лекари без граници“ ја прекина работата во таканаречената индонезиска болница во градот Рафа во Појасот Газа, бидејќи израелската офанзива се засилува. Како што пренесе ДПА, останатите 22 пациенти се префрлени во други установи бидејќи нивната безбедност повеќе не може да се гарантира, изјави портпаролката на организацијата. Лекари без граници ги истакна проблемите со кои се соочи од почетокот на војната во Газа меѓу Израел и палестинските милитанти од Хамас. – Моравме да заминеме од 12 различни здравствени структури и издржавме 26 насилни инциденти, кои вклучуваат воздушни напади кои ги оштетија болниците, тенкови пукаа во претходно договорени засолништа, копнени…
Македонскта продуцентка во интервјуто за европската престижна платформа „Синеропа“ објавено денеска, ги објаснува нејзините очекувања за претстојнота средба на ЕФП во Кан, како таа ги избира своите проекти и предизвиците со кои се соочува. Во текот на изминатите 19 години, професионалната улога на Ангела Несторовска во „Сектор филм“ значително еволуираше. Сега, македонската продуцентка е избрана да учествува во програмата на European Film Promotion Producers on the Move во Кан, на која има можност да донесе неколку проекти. Таа зборуваше за Cineuropa за вредноста на копродукцијата, предизвиците со кои се соочува во една мала земја и како ги избира своите проекти.…
Инфлацијата се намали од 19,8 на 4 проценти, како резулат на монетарното затегнување и нормализацијата на цените на храната и енергијата, се наведува во заклучоците од овогодишниот економски и финансиски дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, Турција, Грузија, Молдавија и Украина. Европската комисија ги нотира мерките кои Народната банка ги превзема во изминатиот период, со цел да ја стабилизира инфлацијата, инфлациските очекувања и да ја поттикне денаризацијата, соопшти Народната банка. Во заклучоците, како што посочува Народната банка, е наведено дека банкарскиот сектор останал стабилен, со поволни показатели за адекватноста на капиталот и ликвидноста, како и ниски нивоа…
Фондацијата „Милан Младеновиќ” распиша конкурс за наградата што го носи името на легендарниот белградски и југословенски рок музичар и фронтмен на групата Екатарина Велика. Конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ“ 2024, под слоганот „Пријави ја твојата песна” е отворен до 31 мај годинава, инфрмираат од фондацијата. Право да се пријават за наградата имаат автори и изведувачи од сите земји на поранешна Југославија, со песна и со текст на еден од јазиците што се зборуваат на територијата на поранешните југословенски републики, вклучувајќи ги и јазиците на малцинствата. Песните кои аплицираат за наградата треба да бидат објавени од 01.06.2023. до 31.05.2024. година. -…