Author: Ана Василевска

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ потврди дека планира в четврток да се појави во затворот во округот Фултон за да им се предаде на властите во случај на манипулација со изборните резултати во државата Џорџија. -В четврток ќе одам во Атланта, Џорџија за да бидам уапсен, напиша Трамп на својата социјална мрежа. Тој ги опиша обвиненијата како политички мотивиран обид да ја попречи својата кампања за реизбор. Претходно Си-Ен-Ен јави дека Трамп планира да се пријави во затворот во округот Фултон в четврток. Датумот беше договорен меѓу адвокатите на Трамп и канцеларијата на окружниот…

Read More

Бугарскиот премиер Николај Денков на 9 октомври годинава ќе ги пречека премиерите на Грција, Киријакос Мицотакис и на Романија, Јон-Марчел Чолаку, соопштија од прес-службата на Советот на министри. Поканети се и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателката на Молдавија, Маја Санду. Средбата беше договорена за време на еднодневната посета на Денков во Атина, јави БТА. Главна тема на разговорите кај Варна ќе биде регионалното поврзување и поконкретно проектот за коридор од Солун преку Кавала, Александрополис, Бургас и Варна до Констанца, со можност за продолжување до Молдавија. Идејата е да се изгради модерна транспортна, комуникациска и енергетска…

Read More

Шведскиот меѓународен центар за локални демократии го вброи градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов во петте градоначалници од целиот свет кои направиле позитивни трансформации за демократијата на општинско ниво. Како што велат од Центарот, тие барале лидери кои демонстрираат посветеност и креираат активности и мерки за правичност, вклученост, транспарентност и одговорност. „Побаравме предлози од граѓани од целиот свет за градоначалник кој направил позитивна промена во нивната општина во последните десет години. По 141 номинација, ги најдовме кандидатите со најјасни и најубедливи описи на позитивни промени – шампиони на локалната демократија“, соопштија од Центарот. Оттаму за Перо Костадинов велат дека…

Read More

„Го поздравив поднесувањето на уставните амандмани од Владата на премиерот Ковачевски во Парламентот. Се надевам дека сите страни ќе ги поддржат, да се придвижи Северна Македонија напред на европскиот пат“, во објава на Твитер, истакна претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по средбата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Северна Македонија припаѓа во ЕУ, нагласи Фон дер Лајен. Премиерот Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук, истакна дека заложбата на ЕУ за евроинтегративниот процес на Северна Македонија сега е најсилна. Тој нагласи дека со „претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен во Атина говоревме дека Северна Македонија оваа единствена шанса,…

Read More

На неформалниот состанок на лидерите на Европската унија со претставниците на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија, беше заклучено дека е неопходно да се заокружи визијата за ЕУ ​​збогатена од Западен Балкан, Украина и Молдавија. Во Заедничката декларација се наведува дека на неформалниот состанок во Атина била подвлечена потребата од обновен и рефокусиран процес на проширување што е опиплив и веродостоен, без кратенки до воспоставените услови, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на грчката влада. Се вели дека Украина и Молдавија се посветени на преземање на следните чекори во нивниот пристапен процес по завршувањето на неопходните реформи. „Цврсто…

Read More

Патни исправи имаме променето веќе околу 1.000.000, над 800.000 лични карти и други лични документи. Со ваква динамика, со несмалено темпо на работа, во две смени, работа за време на викенд итн. ќе направиме се за да успееме да постигнеме да се заврши целиот процес во најдобар можен ред. Ова синоќа го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Вести Плус“ на Канал 5. Според него, нормално е во летните месеци секогаш да има зголемување на бројот на граѓани кои бараат патни исправи заради патувањата кои ги имаат меѓутоа, како што рече, целиот капацитет ќе биде ставен во функција.…

Read More

Пред 20 години претставници на Македонија овде беа Бранко Црвенковски и сега веќе покојната Илинка Митрева и ова е најдобро место од каде што треба да се испрати порака дека неносењето одлуки, немањето храброст и немањето одлучност нема да ја помрдне земјата ниту еден милиметар, истакна за МИА премиерот Димитар Ковачевски по средбите во Атина и учеството на неформалната вечера посветена на 20-годишнината од Солунската агенда, а организирана од неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис.  Освен учеството на вечерата заедно со лидерите на ЕУ и лидерите на уште седум земји од регионот, Ковачевски се сретна со претседателката на Европската Комисија…

Read More

Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека додека не се расчисти целиот случај, нема да биде исплатен ниту денар за трите модуларни амбуланти во склоп на Здравствениот дом Скопје, а доколку има вакво нешто, како што вели, ќе си поднесе оставка. – Не е исплатен ниту денар. Доколку за овие три амбуланти е исплатен само денар, јас како министер за здравство ќе си поднесам оставка сега. Не е платено, ниту ќе се плати во иднина додека не се расчисти целиот случај, рече Меџити на денешниот брифинг со новинарите. Модуларните амбуланти во Бутел, Лисиче и Ѓорче Петров станаа актуелни по објавата…

Read More

Во Србија годинава се регистрирани 39 случаи на западнонилска треска, соопшти денеска Јавниот здравствен институт на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Институтот додаде дека поголемиот дел од заболените од западнонилска треска имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста – менингитис или енцефалитис – и се лекуваат во болница. Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува преку заразени комарци. Сезоната на заразување со овој вирус во Србија обично трае од јуни до ноември. Најголем дел од заболените годинава се мажи (64 отсто), додека просечната возраст на сите пациенти е 64 години. Повеќето од пациентите (70 проценти) имале и некоја…

Read More

„Заврши уште едно „Охридско лето“, 63. по ред, кое и годинава донесе одлична музичка и драмска програма. Уште едно успешно фестивалско издание што го зацврсти Охрид на светската мапа на културни настани од особено значење. Бев почестена што можев да присуствувам на повеќе изведби кои ги истакнаа културниот и духовниот континуитет на фестивалот, чие отворање го обележи настапот на оперската дива, сопранистката Ангела Георгиу, придружувана од Оркестарот на НОБ“, сподели министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. „Раскошно распослано по грандиозниот Антички театар, акустичниот амбиент на црквата „Света Софија“, Долни Сарај – една од најубавите сцени во градот, но и на…

Read More

Луси Летби им вбризгувала воздух на новороденчињата, физички ги нападнала, другите насилно ги хранела со млеко и две отруласо дрога. Британска медицинска сестра е осудена на доживотен затвор за убиството на седум бебиња и обид за убиство на уште шест додека работела во болница. Луси Летби – која одби да се појави на суд – ќе остане зад решетки се додека не умре за серија ужасни злосторства во неонаталното одделение во Честер, блиску до границата Англија-Велс, што остави други деца со тешка попреченост. Таа е најозлогласениот  сериски убиец на деца во Обединетото Кралство во модерното време. Причините зошто Летби ги…

Read More

Тројца осомничени членови на руска шпионска мрежа кои беа уапсени во Обединетото Кралство се под истрага во нивната родна Бугарија поради стравувањата дека биле дел од про-Кремљ мрежата и наводно се обиделе да се мешаат во бугарските избори. Како што пренесува лондонски Телеграф, обвинителите во Софија, кои работат заедно со бугарската единица за контрашпионажа, ги истражуваат активностите на Орлин Русев, Бисер Џамбазов и Катрин Иванова, кои беа приведени во Лондон и Норфолк во февруари под сомнение дека шпионирале за Русија. Иследниците од изборната комисија на Бугарија, исто така, започнаа истрага по сугестиите дека триото можеби се обидело да влијае на бугарските избори…

Read More