Author: Ана Василевска
Во нов извештај меѓународната организација Хјуман рајтс воч (ХРВ) ги обвини граничарите на Саудиска Арабија за масовно убивање мигранти долж границата со Јемен. Во извештајот се наведува дека стотици луѓе се убиени, претежно Етиопјани кои го минуваат Јемен разурнат од војна за да стигнат до Саудиска Арабија, пишува Би-Би-Си. Мигрантите тоа го потврдија за Би-Би-Си, велејќи дека и самите биле повредени и биле сведоци на убивање луѓе. Саудиска Арабија претходно ги отфрли обвинувањата за систематски убиства. Извештајот на ХРВ, насловен „Тие пукаа кон нас со град од куршуми“, содржи експлицитни сведоштва на мигранти кои велат дека саудиската полиција и војници…
Очекуваме неформална вечера да не биде уште една ПР-прилика, туку дека ќе бидат претставени конкретни иницијативи од Грција за пристапната перспектива на Западен Балкан во продолжение на Солунската агенда и Договорот од Преспа и под поставените услови од ЕУ во јуни 2019 година, а по интервенција на Владата на СИРИЗА, соопштија од грчката опозициска партија СИРИЗА во пресрет на неформалната вечера што ја организира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за лидерите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина. Од СИРИЗА велат дека „обидот на грчкиот премиер да ја истакне важноста на европската перспектива на Западен Балкан, во момент кога систематски…
Демократската унија за интеграција смета дека денешната собраниска седница за уставни ќе биде одлучувачка за европската иднина и апелира до сите пратеници да размислат за важноста на нивната историска задача за земјата да оди напред. Преку соопштение до медиумите, ДУИ нагласува дека уставните измени се одлучувачки чекор за продолжување на преговорите за члснтво во ЕУ. – На манипулацијата со граѓаните од страна на различни деструктивни сили и дојде крајот откако, Демократската унија за интеграција како сериозна партија со проамериканска-европска ориентација ги стави на располагање сите можни опции, само за евроинтеграцискиот процес на земјата да не биде блокиран. Демократската унија за…
Германската влада се откажува од намерата со закон да ја зацврсти својата посветеност да троши два отсто од својот бруто домашен производ годишно во согласност со целта на НАТО, соопшти владин извор, пренесува Гардијан. Соодветниот член од нацрт-законот за финансирање на буџетот одобрен денеска од кабинетот на канцеларот Олаф Шолц беше отстранет непосредно пред денешната седница на владата, истакна изворот. Промената значи дека Германија ќе може да продолжи да ја исполнува целта како и досега – постепено во период до пет години. Формулацијата е помека од ветувањето што Шолц го даде на 27 февруари минатата година, три дена по руската…
Европската унија ги суспендираше грантови и инвестиции во системи за третман на отпадни води во Косово како дел од санкциите против премиерот Албин Курти и неговата влада, пренесува Balkan Green Energy News. Градоначалникот на Хани и Елезит, Мехмет Балажи, рече дека ЕУ го суспендирала проектот за третман на отпадни води, кој требаше да се справи со загадувањето, вклучително и азбестот. Градот и општината на границата со Северна Македонија се познати и како Елез Хан и Џенерал Јанковиќ. Објектот би ги преработувал отпадните води кои одат во реката Лепенец. . Четири проекти за третман на отпадни води се во мирување Локалната власт…
Петмина познати бугарски политичари добија заштита од Службата за национална безбедност (НСС) поради заканите од Руската Федерација, објави Бугарското национално радио повикувајќи се на сопсвтвени извори, пренесува украинскиот јавен сервис Суспилне. Причина за ваквата одлука биле заканите од „странски служби“. Според извори на БНР, заканите доаѓаат од руски служби и структури поврзани со Русија. Првите закани дојдоа минатата недела. Тогаш Меѓуресорската комисија, во која членуваа шефот на Советот за национална безбедност и главниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, донесе одлука за назначување на безбедносни службеници. Копретседателот на пратеничката група „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ и поранешен премиер…
Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје не гледа за неопходно да ја коментира посетата на премиерот на Косово, Албин Курти на Скопје и Тетово пред неколку дена, бидејќи како што велат „настаните ги видовме како бескорисни“. – Настаните ги видовме како бескорисни и ве упатуваме на коментар во Амбасадата на САД во Приштина, велат од амбасадата за порталот indeks.mk. Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, зборувајќи за неодамнешната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Северна Македонија, рече дека САД не поддржуваат ниту „Голема Албанија“ ниту „Голема Србија“. – Соединетите Американски Држави не поддржуваат „голема Албанија“ или „голема…
Германската Влада денеска одобри план за либерализација на правилата за канабис, што е прв чекор кон декриминализирање на поседувањето на ограничени количини канабис и овозможува на членовите на „канабис клубот“ да го купуваат за рекреативни цели. Предлог-законот што го усвои Владата мора да биде одобрен и од Парламентот, а Министерството за здравство очекува законот да стапи во сила до крајот на годинава. Според предлогот што неодамна го објави министерот за здравство Карл Лаутербах, ќе се легализира поседувањето до 25 грама канабис за рекреативни цели, а поединците ќе можат сами да одгледуваат до три растенија. На Германците над 18 години ќе…
Министерството за здравство на Косово денеска ги повика граѓаните да бидат повнимателни и постојано да ја контролираат водата за пиење, поради зголемениот број на заболени од менингитис во последните два месеци. Во денешното соопштение, Министерството за здравство наведува дека, врз основа на извештајот на Државниот завод за јавно здравје, потребна е зголемена контрола на водата за пиење и на базените за да се спречат разни инфекции. Според извештајот на болничката служба на Универзитетската клиника на Косово, бројот на пријавени случаи на менингеален синдром во текот на јули и август е зголемен во однос на истиот период лани, соопшти Министерството за…
Владата на австралиската држава Тасманија денеска стана прва во земјата која го забрани нацистичкиот поздрав, јави ДПА. Главниот обвинител на Тасманија, Елис Арчер, рече дека Владата дала јасен сигнал дека однесувањето со омраза и навреда не е добредојдено во земјата. Заедно со нацистичкиот поздрав, државата ги забрани нацистичките симболи, вклучително и свастиката. „Силно го осудуваме секое прикажување на омраза во нашето општество“, рече Арчер. Прекршителите може да бидат осудени на затворска казна до три месеци, се наведува во законот, кој се очекува да стапи на сила годинава. Арчер рече дека законот го зема предвид значењето на свастиката за будистичките, хиндуистичките…
СДСМ очекува сите пратеници во Собранието, вклучително и опозициските, да покажат одговорност, да се приклучат на проевропскиот блок, и да дадат поддршка за уставните измени, изјави денска пратеничката Фаница Николоска. – Во петок на осумнесети е закажана седницата со единствена точка на дневен ред а тоа е предлог за пристапување кон измени на Уставот, предлог доставен од страна на Владата. Очекувам сите 120 пратеници да се стават на висината на задачата, да ја сфатат одговорноста којашто сите ја имаме пред граѓаните. Ова на Мицкоски му е последната можност да се приклучи кон проевропскиот блок. Мицкоски и ДПМНЕ ја имаат можеби…
Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција – Скопје ќе биде дистрибуриран на територија на САД, преку компанијата Focus Features. Universal Pictures ќе биде интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа. Веста за склучените договори за дистрибуција на филмот доаѓаат пред неговата светска премиера, која ќе се одржи на 6-ти септември 2023 година, на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција. „Домаќинство за почетници” ќе биде дел од…
