Author: Ана Василевска
Белорусинките во бело стојат со цвеќиња барајќи да се стави крај на државното насилство кое започна пред 3 години. Мирните „солидарни синџири“ инспирираа илјадници да се приклучат на движењето против диктатурата. Сепак, одговорот на режимот беше повеќе терор и бруталност. Нема да престанеме да се бориме за слобода, напиша лидерката на белоруската опозицијата, Светлана Тихановскаја на Твитер. Мрачна годишнина од почетокот на бунтот против Лукашенко На 9 август се навршија три години откако Белорусите се кренаа да бараат фер пребројување на нивните гласови на претседателските избори во 2020 година. Оттогаш, белорускиот диктатор Александар Лукашенко ги елиминираше независните медиуми во…
Неверојатно е зошто во политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат што навистина се случи во петокот. Во нивното најново соопштение, освен примитивни дисквалификации по кои се препознатливи во јавноста, тие го критикуваат претседателот на државата затоа што побарал одговорност за организаторите на собирот на кој беше истакната карта на „Голема Албанија“, не беше интонирана македонската химна, ниту беше истакнато државното знаме, наведува претседателот Стево Пендаровски по повод реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за неговиот став околу посетата на косовскиот премиер Албин Курти. Очигледно, оценува Пендаровски, за ВМРО-ДПМНЕ, се поважни надлежностите на општините и Градот Скопје, отколку заштитата на националните интереси на…
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Во еден коментар на фејсбук напишав дека ако Македонија не оди напред, не Курти туку и Курми ќе дојде да ви биде Бонапарте или, макар, Малапарте. Нема да ми биде тешко затоа што седум години тука се води тотална и тоталитарна внатрешна кампања против Македонија. Само би влегол по темелната артилериска подготовка на теренот од хаубиците на Мицко, Коцарев, Ќулафкова и Кикифрики, натурлих. Демек во остатоците од државата на која власта ѝ ги продала националните интереси, ја размакедончила и опљачкала! Еј! Јас тврдев дека со темелната дискредитација на владата и на власта, односно на државата, преку раширените…
Активистите на движењето на отпорот Жолта лента поставија 150 постери во привремено окупираниот град Хеническ, регионот Херсон, пренесува Укринформ. „Хеническ е центар на отпорот во окупираниот дел од регионот Херсон. Активистите на движењето Жолта лента успешно поставија 150 нови постери низ градот“, објави движењето Жолта лента на Телеграм. Забележано е дека овој процес станува незапирлив благодарение на новата илегална печатница. Како што предходно објави ЦивилМедиа, жолтите ленти, користени како симбол на Движењето на отпорот, за прв пат се појавија на улиците во окупираните населби во регионот Херсон, кога жителите агитираат да се бојкотира псевдореферендумот закажан од руските окупатори во регионот. Жителите на Херсон…
Објавен е конкурс за изработка на мурал на фасадата на Културно-социјалниот простор (КСП) Центар – Јадро. Конкурсот треба да се реализира до крајот септември 2023 година. Тематски е отворен, а идејните решенија за муралот треба да ги отсликуваат основните начела/цели врз кои се темели КСП Центар – Јадро. Право на учество имаат сите уметници кои се државјани или резиденти во Северна Македонија. Тие може да се пријават индивидуално или како групи/колективи. КСП Центар – Јадро обезбедува средства за материјали за изработка на муралот како и авторски хонорар во износ од 20 000 денари. Димензиите на ѕидот се 14х3,5 метри. Планиран…
Српскиот претседател Александар Вучиќ гостувајќи денеска на ТВ Пинк го коментираше настапот и изјавите на косовскиот премеир Албин Курти во Северна Македонија, оценувајќи ги како „скандалозни“ и дека Курти „крева духови на немир во Северна Македонија и на југот на Србија“, јави дописникот на МИА од Белград. -Имате обид на Курти да крева духови на немир, не само во Севрна Македонија, туку и на југот на Србија и сето тоа со премолчана подршка на меѓународната заедница, кажа Вучиќ. Тој посетата на Албин Курти на Северна Македонија ја оцени како „скандал над скандалите“. -Таму беше промовирана идејата за „Голема Албанија“, истакнати…
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска најави дека Владата на референдум ќе ги праша граѓаните дали сакаат да примат „илјадници илегални имигранти од Блискиот Исток и Африка“ како дел од планот за релокација на Европската унија (ЕУ). Моравјецки референдумот го најави преку видео објавено на социјалните мрежи. Неговата партија Право и правда се обидува да ја задржи власта на парламентарните избори во октомври и сака да го искористи прашањето за имиграцијата во својата изборна кампања, истата тактика што и помогна да дојде на власт во 2015 година. Полска во моментов е прибежиште за повеќе од милион украински бегалци. Во јуни, министрите…
Најмалку 500 деца загинаа, а повеќе од илјада се повредени од почетокот на војната во Украина, соопшти денеска Канцеларијата на главниот обвинител на Украина. Бројките се нецелосни поради тешкотиите при собирањето податоци во областите окупирани од руските сили, јави Радио Слободна Европа. Обединетите нации (ОН) претходно објавија дека најмалку 9.396 цивили загинале, додека 16.646 се ранети. Смртни случаи и повреди се регистрирани во повеќе од 1.500 населени места во Украина од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.
Денеска одбележуваме 22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој донесе мир и со кој се овозможи континуиран развој на општествената кохезија и на европскиот концепт на обединетост во различностите, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил. – Северна Македонија е држава пример за функционална, одржлива мултиетничка демократија, којашто практикува европски вредности. Ние сме општество кое гарантира еднакви права и обврски за сите етнички заедници, за сите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници кои оваа земја ја сметаат за свој дом. Дом кој ќе продолжиме да го градиме во духот на меѓусебна грижа…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска, по повод 22-годишнината на Охридскиот рамковен договор, упати порака во која повикува, како што е наведено, на единство и обединување околу европскиот фронт. Според Ахмети, за да се заврши процесот на еднаквост и интеграција, мора да се направи последниот чекор од уставните измени. Лидерот на ДУИ нагласува и дека за големите одлуки е потребна храброст, а не калкулација. -Денес сме дел од евро-американската алијанса, во НАТО сме. Градиме автопати и со Албанија и со Косово, со регионот во кој исто така ги обединуваме границите. Ги отворивме преговорите за членство со ЕУ и го привршуваме…
Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор, како и концептот на Македонија како мултиетничка држава, се вели во реакцијата од претседатлеот на државата Стево Пендаровски, по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти. – Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата. Во таа насока…
ТОНИ ПОПОВСКИ Тезата дека ЕУ и САД „немале време да се запознаваат со суптилностите и дека импровизираат“ е многу наивна теза. Исто толку е погрешна тезата дека цел на ЕУ и САД е да го дестабилизираат Балканот, бидејќи нивните напори се јавни и конзистентно целат кон надминување на внатрешно-политичките поларизации во балканските држави во кои хибридните влијанија на трети страни имаат потенцијал за дестабилизација. Затоа со право очекуваат нашите општества, и политички елити вклучувајќи ја и бугарската политичка елита, да дадат сопствен придонес кон стабилноста на Балканот. Неколку мои коментари на колумнава на Катерина Блажевска, храбро насловена „Погрешен модел“. Ја…
