Author: Ана Василевска

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека чистењето на украинската земја од руски мини би требало да трае со години, а не со децении. Зеленски во видео порака рече дека за деминирање потребна е опрема од партнерите, но дека исто така многу важно е да се создаде производствена база во Украина. „Секој ден нашите експерти откриваат стотици експлозивни предмети. Колку повеќе возила и специјални дронови за расчистување мини имаме, толку поактивно ќе можеме да ја вратиме безбедноста“, посочи Зеленски. Тој изјави дека во моментов 174.000 квадратни километри од Украина се потенцијално опасни поради неексплодираните мини.

Read More

Пред дваесет и две години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Во рамки на одбележувањето на 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, по втор пат ја организира Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ (ПФД) со над 80 учесници. Како што соопштуваат од Кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, преку „Peace Forum Dialogue“ на младите им се дава можност да стекнат знаења за функционирањето на политичкиот систем во земјата, спроведувањето…

Read More

Управата за јавни приходи (УЈП) ја изврши исплатата на средствата од МојДДВ, за второто тримесечје од годинава при што на граѓаните кои скенирале фискални сметки во месеците април, мај и јуни вкупно им се исплатени 707.246.087,00 денари. Како што велат од УЈП, преку проектот МојДДВ, кој започна на 1 јули 2019 година, досега на граѓаните им се вратени 7,3 милијарди денари. -Во наредните денови ќе се врши исплата кај оние корисници на апликацијата кои направиле промени во својата трансакциска сметка. Во ова второ тримесечје 13.402 граѓани се нови корисници на апликација МојДДВ, информираат од УЈП. Согласно нивните анализи, над 530…

Read More

Западноафриканските држави одобрија вооружена интервенција во Нигер „што е можно поскоро“, рече претседателот на Брегот на Слоновата Коска, по состанокот на ЕКОВАС на кој се разговараше за пучот. На состанокот, лидерите на регионалниот блок EКОВАС рекоа дека се согласиле да се соберат воени сили „во подготвеност“, откако, по истекување на ултиматумот, Хунтата во Нигер не го ослободи соборениот демократски избран претседател Мохамед Базум, зголемувајќи го притисокот врз високите армиски офицери кои го соборија демократски избраниот лидер на Нигер минатиот месец, но оставајќи ја вратата отворена за дипломатско решение. Сепак, оттаму велат дека силата е последна опција и дека претпочита дипломатски…

Read More

Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас на кој се понудени дел од конфискуваните недвижнини од поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков за случајот „Империја“. Огласот е објавен на страницата на Агенцијата и трае 15 дена, а рокот за поднесување на пријавите е до 23 август до 14 часот. Наддавањето е закажано за 25 август и ќе се одржи по електронски пат преку системот за електронско наддавање на Агенцијата www.odzemenimot.gov.mk. Понудени на продажба се два стана во Охрид, од кои едниот од 65 метри квадратни со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 5.775.234 милиони…

Read More

Споменици ќе има на сите три локации за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска за МИА, да даде коментар на ставот на Општина Желино на писмото од МО со барање за поставување споменик за десетмината убиени во масакрот кај Карпалак пред 22 години. Градоначалникот на Желино Блерим Сејдиу кажа дека Петровска треба да се обрати до ЈП за државни патишта за изградба на споменикот. -Градоначалникот на Желино нека не мудрува и нека постапи по иницијативата која е читко…

Read More

Политичкиот блок на партии на Албанците секојдневно се „збогатува” со по една партија. Вкупно досега имаме осум активни партии, но се најавува формирање на уште еден нов политички субјект. Партијата на пратеникот Скендер Реџепи – Зејд се чини дека ќе станат деветта политичка партија на политичкиот кампус на Албанците. Со толкав број на политички партии гласовите на Албанците ќе губат на тежина, а можен е и пад на бројот на пратениците, сметат политичките аналитичари. ДПА на Мендух Тачи само преживува во политичкиот блок на Албанците. Таа нема некаква организациона и голема тежина кај гласачите Албанци, иако е најстара активна партија…

Read More

Европскиот младински портал ја иницираше кампањата „learn Macedonian with OLS“, односно „Научи македонски со Онлајн поддршката за учење јазици“. Онлајн поддршката за учење јазици (OLS) е алатка на Еразмус+ на Европската комисијата и е дизајнирана да им помогне на учесниците во Еразмус+ и Европскиот солидарен корпус да го подобрат своето знаење за јазикот на кој ќе работат, студираат или волонтираат во странство за да можат да го искористат максимумот од ова искуство. Во информацијата за платформата  се вели дека оваа платформа е една од специфичните цели на програмата Еразмус+ да го промовира учењето јазици и јазичната разновидност. „Научи македонски со Онлајн…

Read More

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА На една трибина што своевремено ја организираше ССНМ за социјалната состојба на новинарите, говорев за моето искуство со пензионирањето. Се разбира, тогаш гласно си споменав за она што мене би ми се случило кога ќе се пензионирам, но и она што ги чека помладите новинари кога во ПИОМ ќе го добијат решението за заминување во „мирен живот“. Примерот со журнализмот Тогаш кажав дека професијата е битно загрозена заради постојаното исплатување на заработеното „на црно“ од страна на тогашните раководства на големите, па и помалите системи на информирање. За просечниот новинар, исплата на црно на добар дел…

Read More

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека договорот со Албанија помогнал драстично да се намали бројот на имигранти кои пристигнуваат во Британија за 90% и ги објави петте чекори за запирање на сплавовите со имигранти. Во Косово, Министерот за заедници и враќање, Ненад Рашиќ, вели дека добил информација од премиерот Албин Курти дека одлуката за забрана за увоз на српска стока на Косово наскоро ќе биде укината. Ова се дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. АЛБАНИЈА АБЦ- „Договорот со Албанија функционира“, британскиот премиер: Петте чекори што ги преземам…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека Кина  е „темпирана бомба“, наведувајќи ги економските проблеми и стареењето на работната сила. „Кина е темпирана бомба по многу основи“, рече Бајден за време на посетата на американската сојузна држава Јута, во западниот дел на САД. Бајден рече дека Кина има висока стапка на невработеност и дека нејзината работна сила старее. Затоа, како што додаде, „Кина е во тешкотии“. Американскиот претседател смета дека тоа е причина за загриженост, бидејќи кога „лошите луѓе имаат проблеми, тие прават лоши работи“. Сепак, Бајден вчера даде гаранции дека се обидува да одржува „рационални односи со Кина“. „Не…

Read More

Камбоџанскиот премиер во заминување Хун Сен објави список на луѓе кои се очекува да бидат дел од новиот кабинет, а меѓу нив има и деца на неговите блиски сојузници или поранешни министри. Хун Сен, кој беше лидер на Камбоџа речиси четири децении, е во процес на предавање на власта на својот син Хун Манет откако Камбоџанската народна партија победи на изборите минатиот месец на кои главната опозиција не можеше да учествува. Хун Сен (71) денеска избра околу 50 луѓе за кабинетот на неговиот син, од кои многумина се директно поврзани со министри и високи функционери во неговата администрација. Сепак, Хун…

Read More