Author: Ана Василевска

Централна Азија и Казахстан се соочуваат со повеќе безбедносни предизвици. Ситуацијата во Авганистан резултира со силни влијанија врз целиот регион, но ОБСЕ продолжува да ги поддржува земјите-учеснички во справувањето со овие влијанија преку сеопфатен пакет проекти за ублажување на ризиците. Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на прес-конференцијата со неговиот колега од Казахстан, Мурат Нуртлеу што денеска се одржа во Астана по нивната заедничка средба. -И покрај предизвиците со коишто се соочува ОБСЕ, особено поради руската воена агресија во Украина, која има огромно влијание врз нашата колективна, човечка и економска безбедност, ОБСЕ ќе…

Read More

Откако добила вознемирувачки СМС пораки од млад човек кој бил загрижен поради условите во кои неговиот пријател живее во дом за социјална грижа во централна Романија, Горгијана Пашку извршила ненајавена проверка на објектот. „На почетокот, бевме прилично сигурни дека нема ништо таму“, рече Пашку, програмски менаџер во Правниот ресурсен центар, група за заштита на правата. Таа рече дека државните органи претходниот ден извршиле увид во домот за стари лица и лица со попреченост и не констатирале никакви проблеми. Но, она што таа и нејзините колеги го открија во домот во населбата Бардешти, како што рече, е „скандалозно… нехумано“. „Имаше многу…

Read More

На една недела од собраниската седница на чиј дневен ред, како што е најавено, ќе се најдат предлог уставните измени, преписките меѓу власта и опозицијата продолжуваат. И едните и другите со истите непроменети ставови. СДСМ заедно со партиите од коалицијата објавија Манифест за преговорите со ЕУ, со кој ги повикуваат сите пратеници да гласаат за уставните измени, што од опозициската ВМРО-ДПМНЕ беше оценето како испуштена можност за постигнување консензус бидејќи им се нуди веќе подготвен документ. Во меѓувреме, по најавените оставки од ДУИ, и Алијанса за Албанците објави подготвеност да излезат од Влада, доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени. Претседателот…

Read More

Угледниот публицист, новинар и активист на граѓанското општество, воедно и добар познавач на политичките прилики во нашата земја, Џабир Дерала, говори за барањето на ВМРО да има Влада без Албанци, односно, без ДУИ, објави index.mk денеска. Според него, ова барање на ВМРО во својата суштина е ултранационалистичко. Дерала смета дека за поздравување е одговорот и определбата на Демократската унија за интеграција која се откажа од функциите во владата, со единствена цел што поскоро земјата да се интегрира во Европска Унија. Дерала вели дека СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците се на иста линија. Тој ја опиша акцијата и подготвеноста на парламентарното мнозинство…

Read More

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) и поранешен косовски премиер, Рамуш Харадинај ја обвини актуелната Влада, предводена од Албин Курти, за последните убиства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Харадинај, јавната безбедност во државата е тешко загрозена поради недостигот на визија на Владата и на Министерството за внатрешни работи. „Погрешниот пристап на Владата и на МВР, со поместувањето на клучниот елемент во општеството, јавната безбедност, внатре во нејзината чисто политичка агенда, доведоа до тоа елементите со криминални предиспозиции да се организираат во банди кои денес непречено го загрозуваат животот на граѓаните“, напиша Харадинај на…

Read More

СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Бидете спокојни, во Македонија нема да има уставни промени. Со овие зборови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одолева на сите „закани“ што, како аргументи и пораки, стигаат од земјите пријатели на Македонија. Единствените аргументи за кои има слух и им верува се бугарските, зошто може да ги спакува како „диктат“ од Софија, која според него е толку моќна во Европската унија, што ниту еден збор, уверување или гаранција од ЕУ и од САД не вредат како тоа што ќе го каже про-Путиновата бугарска икона, претседателот Румен Радев. Иако Радев сигурно нема да биде главен на бугарската политичка сцена…

Read More

По повод 22 годишнината од трагичното загинување на осумтемина бранители и припадници на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила, владина делегација предводена од советникот за одбрана на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски, денеска положи цвеќе пред спомен плочата на загинатите бранители во касарната Илинден во Скопје. Како што соопштија од владината прес – служба, во чест на загинатите припадници на Армијата, цвеќе во касарната Илинден положи и делегација на Министерството за одбрана, предводена од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во состав со началникот на Генералштаб на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и полковник Новица Стојановски. Владина делегација,…

Read More

ЉУБИША НИКОЛОВСКИ Штета што Христијан Мицкоски е исклучив по сите политички прашања, па така и по постигнување национален или политички консензус, нешто што е дамнешен сон на  мнозинството граѓани во децениите од осамостојувањето на македонскта држава. Последно во низата на отфрлања на заедништвото е Манифестот што го иницираа политичките партии од власта, но отворено го понудија на сите останати кои се за европска Македонија. Со него сите заедно ќе се обврзат за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ и дека нема да се отстапи од црвените линии содржани токму во резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, што едногласно беша изгласана во…

Read More

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на Движењето Европа сега (ПЕС), Милојко Спајиќ, наведувајќи дека при консултациите со претставниците на политичките партии добил уверување дека го поддржуваат 44 од вкупно 81 пратеник. Милатовиќ истакна дека од Спајиќ очекува одговорност и експедитивност. – Како претседател на Црна Гора сметам дека ни е потребна политичка и реформска влада, посочи Милатовиќ Движењето Европа сега освои најмногу мандати на изборите во јуни, 24 од 81 пратенички места. Засега, пак, не се знае кој ќе ја сочинува новата извршна власт и кога ќе се формира…

Read More

Почина актерката Катина Иванова која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Иванова, како што наведува МНТ, беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, со специфичен и топол сензибилитет, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек. Дипломирала на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1978 година. На сцената на МНТ дебитира како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976). По дипломирањето, од 1979 година, е член на ансамблот на МНТ,…

Read More

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека се подготвени уште денеска да ја напуштат Владата, доколку ВМРО-ДПМНЕ тоа го бара за да гласаат за уставните измени. – Во овој важен период за државата, ако ВМРО-ДПМНЕ кажат дека Алијанса за Албаните треба да излезе од Владата и гласаат за уставни измени, Алијанса не утре, туку денеска целосно ќе ја напушти Владата. Нека кажат, нека направат проширена Влада, нека се изгласаат уставните амандмани, и веднаш одиме на избори, рече Таравари, во гостувањето на „Клик Плус“ на ТВ21. Оставките на министрите и функционерите на ДУИ, Таравари ги оцени како детска игра.…

Read More

Во Домодедово, во предградието на Москва, одекнаа експлозии и голем пожар избувна во раните утрински часови во четвртокот. Ова го пренесуваат голем број руски телеграм канали, според Укринформ. Според изјавите на очевидци, голем пожар бил забележан по серија експлозии. Оваа информација ја потврдуваат руските информативни платформи. Претходно, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, ноќта на 9 август пријавил уште еден напад врз градот од две беспилотни летала. Како што пренесува Њу Јорк Тајмс, руските власти објавиле дека пресретнале најмалку 12 беспилотни летала кои се упатиле кон Москва во последните три недели, вклучително и два во текот на ноќта во вторникот, што сугерира дека таквите…

Read More