Author: Ана Василевска

Кандидатите во гласањето „директно ја искористија“ оваа реторика, изјави за Еуроњуз Мејси Дрејпер, аналитичар во Logical, технолошка компанија која се справува со погрешни информации и дезинформации, посочувајќи на „конвергенција на екстремно десничарски и екстремно леви идеологии насочени кон шемата ULEZ“. Заговорните наративи и неконтролираното дезинформирање биле користени за да се влијае на резултатот од неодамнешните локални избори во Обединетото Кралство, дознава Еуроњус. Пред изборите во Уксбриџ и Јужен Руислип во јули – на кои конзервативците тесно ја победија опозициската Лабуристичка партија со околу 500 гласови – имаше драматично зголемување на лажните тврдења и теории на заговор околу ULEZ, контроверзна еколошка…

Read More

Денеска започнува процесот на редуцирање на присуството на косовската полиција за 25 отсто во и околу општинските објекти на северот на Косово, како последица од заедничката проценка на косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР, известуваат косовските медиуми. Во Албанија , СПАК и СПАК и забрани влез во земјата  на муџахединската  лидерка Раџави. Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС. КОСОВО Бота Сот: Од денеска намалување на 25 отсто од полициско присуство на север „Од денеска почнува намалувањето на присуството на косовската полиција за 25 отсто во и…

Read More

По повод 30 години од смртта на Блаже Конески, книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски. Книгата претставува ново исчитување на книжевното дело на великанот, при што во неа се отвораат прашања и се изнесуваат согледби и заклучоци и за некои помалку анализирани, афирмирани и вреднувани, а важни сегменти од опусот на Конески. – Во оваа книга, Иван Антоновски на извонреден начин потсетува на тестаменталното значење на клучните пораки на Блаже Конески во врска со македонскиот опстанок. Идејата водилка на оваа книга е да не се маргинализираат пораките на Конески, затоа што тоа…

Read More

Пишува: ЕМИЛИЈА  ЦЕЛАКОСКА Ич не спомнувај „реципроцитет“ со други земји, немаш ни стап, ни камен за тоа, а заби Македонија никогаш и немала. Џабе ‘ржиш, само правиш Македонија да личи на нервозна пудличка што лавка на сите околу. Просто, престани да ја претставуваш државата како некаков испотен, влакнест мачо што ќе го натепа секој што не му реципроцирал во добра волја. А не си ни дамица која треба батлери да ја служат со НАТО или без НАТО, со Преспански или без Преспански договор, небаре се сол и бибер на масата. Не е проблемот што си тврдиш за себе дека си…

Read More

Градоначалниците и префектите во Грција, кои ќе бидат избрани на локалните избори во октомври, одново ќе имаат петгодишен мандат како што важеше во периодот 2014-2019 година, а партиите веќе започнаа со претставување на нивните кандидати, јави дописничката на МИА од Атина. Преку циркуларно писмо, Министерството за внатрешни работи на Грција, надлежно за изборниот процес, информираше за начинот на кој ќе се спроведат локалните избори. За разлика од претходните избори кога мандатот на локалните власти беше четири години, сега функциите ќе ги исполнуваат пет години, односно од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2028 година. Првиот круг на локалните избори…

Read More

Од Жозеп Борел Фонтелес, висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија: На 17 јули, речиси една година откако беше потпишана во Истанбул, Русија одлучи да не ја обнови Црноморската иницијатива за жито (BSGI) која ѝ дозволува на Украина да извезува земјоделски стоки на глобалните пазари. Како што истакна генералниот секретар на ОН, оваа иницијатива е „светилник на надеж во свет на којшто надежта очајно му е потребна“. Пред руската агресивна војна против Украина, клучен глобален снабдувач со храна, една петтина од светскиот јачмен доаѓаше од Украина, како и една шестина од…

Read More

Пишува; ЉУБИША  НИКОЛОВСКИ „Бугарската врска“ треба да се проучи и истражи, откако Камчев се најде на црната листа на американските власти. Во таа врска главни актери се Орце Камчев и Христијан Мицкоски, вели анализата на Фактор. Бг од Софија. Бугарија од неодамна доби нова Влада која како новина промовира повеќе проевропски вредности и желба за расчистување со периодот на владеење на претседателот Румен Радев кој често пати се споредува со т.н. длабока држава која работи како продолжена рака на надворешни интересни групации или држави. Со новите ветришта во Бугарија се отвораат случаи што можеле да станат темни петна врз европското…

Read More

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Пријателството се гради и одржува со неколку вредности кои се гаранција дека тоа ќе биде долговечно. Квасец на едно такво пријателство се прифаќање на разликите на другиот, искреноста и респектот. Пријателството се гради и одржува со неколку вредности кои се гаранција дека тоа ќе биде долговечно. Квасец на едно такво пријателство се прифаќање на разликите на другиот, искреноста и респектот. Од тој аспект има огромна разлика од времето кога српскиот радикален националист Шешељ го кршеше спомен плочите во манастирот Прохор Пчињски на кои пишуваше дека на тоа место на 2 август 1944 година се одржало првото заседание…

Read More

Во првите три месеци од годинава домаќинствата и фирмите имаат земено кредити за „зелено“ финансирање повеќе отколку цела ланска година, што покажува дека сé повеќе се инвестира во различни форми на енергетска ефикасност и во обновливи извори на енергија. На крајот на првото тромесечје, според податоците на Народната банка, биле одобрени кредити во висина од 256 милиони евра. За споредба, на крајот на ланската годна вкупните одобрени кредити изнесуваа 250 милиони евра. Година претходно кредитите за оваа намена изнесуваа 172 милиони евра. Драстичен скок во кредитирањето има и во секторот домаќинства и кај деловните субјекти. Имено, домаќинствата во првиот квартал…

Read More

Италијанската премиерка Џорџија Мелони поднесе тужба против Брајан Молко, пејачот на британскиот бенд „Плацебо“, откако тој ја навреди на концерт во близина на Торино минатиот месец. За време на настапот на 11 јули на музичкиот фестивал „Соник Парк“, Молко извика од сцената пред италијанската публика од пет илјади луѓе дека Мелони е „расистка“ и „фашистка“, по што локалните власти го пријавија кај обвинителството. По инцидентот, обвинителите во Торино официјално отворија истрага против Молко за „непочитување на институциите“. Италијанските медиуми вчера објавија дека адвокатите на Мелони поднеле пријава за клевета против пејачот. Ова не е прв пат Мелони да поднесе тужба…

Read More

Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од ескалација на истата, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Северна Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш. Министерството, преку Амбасадата во Каиро, работи на обезбедување евакуација за еден наш државјанин, кој има побарано помош. За тоа се водат интензивни преговори со нашите партнери и сојузници, кои имаат свои претставништва во Нигер, додава МНР. -Во оваа прилика, ги замолуваме нашите државјани кои се наоѓаат во Нигер, а кои…

Read More

Министерот за здравство Фатмир Меџити оствари видео разговор со министерот за здравство на Украина Виктор Љашко. -Украинскиот министер изрази благодарност до Владата на Северна Македонија и до Министерството за здравство, за хуманитарната поддршка на Украина. Љашко истакна дека од голема важност за граѓаните на Украина е придонесот во здравствената заштита како и хуманитарната помош, која од страна на Министерството за здравство на Северна Македонија во повеќе наврати изминатиов период беше донирана до Украина, информираат денеска од Министерството за здравство. Хуманитарната помош од Северна Македонија се состоеше во лекови и медицински средства, медикаменти и антибиотици. Министерот Меџити истакна дека Северна Македонија…

Read More