Author: Ана Василевска

ЕМИЛИЈА  ЦЕЛАКОСКА Желбата за диктатура кај одредена клика може да е и старовремска носталгија по апсолутна монархија, која кореспондира со желбата за помалку одговорности на друга, поголема маса луѓе во системот. Но, не научуваат, ни историски, ни теориски, дека диктатурата е неодржлива и за самите структури што ја посакуваат и не е случајно што секој автократски диктатор помалку или повеќе насилно паѓа. Љубителите на диктатура денес го вперуваат прстот кон демократијата како виновник за падот на автократските икони. Нешто пред седмата минута на „Тема на денот со Сашко Георгиев, претседател на Судскиот совет“ (на Сител, пред околу две недели), водителот…

Read More

Во Париз денеска се одржува традиционална воена парада по повод националниот празник – Денот на падот Бастилја. На парадата учествуваат повеќе од 5.000 луѓе, а повеќе од 100.000 полицајци се распоредени низ целата земја, пренесува АП. Парадата ја отвори оркестар составен од 80 музичари од Франција и 13 од партнерските земји, вклучувајќи ги Канада и Германија. Почесен гостин на овогодинешната парада е индискиот премиер Нарендра Моди, со што се продлабочуваат односите меѓу двете земји, кои денеска слават 25 години „стратешко партнерство“. Моди, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, седи на трибината, од каде ја следи парадата во која учествуваат и…

Read More

Разговараше и подготви: АНА ВАСИЛЕВСКА  „Документарните воени филмови ќе останат да сведочат дека луѓето не се само бројки“   Камерата низ очите на Атовска е слободна, наместа и наивна што од една страна спонтано му дава друга димензија на овој воен документарен жанр, и од друга страна го валоризира и креативниот пристап од кој произлегува целовитост на хибриден поетско-воен документарен филм. Филмот ќе биде прикажан денеска во 16.30 часот во рамките на „Синедејс“ во МКЦ.  „Приспивни сирени“, единствениот македонски документарен филм снимен во жариштата на војната во Украина, ќе биде прикажан денеска во 16.30 часот во Младинскиот културен центар во рамките…

Read More

Претстојниот самит на БРИКС во Јужна Африка ќе се одржи со физичко присуство и на него ќе учествуваат претседателите на сите пет земји-членки на организацијата, изјави јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса. „Имаше гласини дека самитот ќе се одржи онлајн – нема да биде така. Се ќе биде лице в лице, очи в очи. Ќе присуствуваат неколку шефови на држави. Важно е дека на форумот ќе бидат присутни лидерите на петте земји членки на БРИКС“, изјави Рамафоса на состанокот на Бизнис советот на БРИКС во Сандтон, Јоханесбург, поради информациите за тоа дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на самитот во Јужна…

Read More

Државата има висок процент на користење на подземни води, но досега нивниот потенцијал не беше ниту доволно истражен, ниту искористен и што е најважно доволно заштитен. Затоа овој Националниот регистар на подземни води е клучен стратешки документ за развојот на државата, истакна министерката за животна средина Каја Шукова. Шукова на денешната конференција на која беше промовиран регистарот рече дека ова е прв проект од ваков вид и оцени дека е од посебно значење за одржливо управување, идентификација, употреба, заштита и следење на подземните води на национално ниво. Додаде дека Национачниот регистар освен што е клучен за понатамошниот развој на државата,…

Read More

Во пресрет на Самитот на лидерите на ЕУ и Заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите (ЦЕЛАЦ), што ќе се одржи следната недела, Европската Унија најави нова програма вредна 60 милиони евра за намалување на нееднаквоста и промоција на инклузивни и рамноправни општества во латиноамериканските и карипските земји, наречена „Инклузивни општества“. Најавувајќи ја програмата на Форумот „ЕУ – Латинска Америка и Карибите“ на кој учествуваат претставници на граѓанското општество, младинските организации и локалните власти, еврокомесарката за меѓународни партнерства Јута Урпилаинен истакна дека фокусирањето на луѓето и човечкиот развој е клучно за просперитетот и суштинско за намалување на нееднаквостите што…

Read More

Предвремени избори може да има само ако опозицијата се согласи да гласа за уставните измени и потоа да распишеме предвремени избори. Само тоа е опција што како Влада би прифатиле, порачува вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Гласот на Америка“. – Мислам дека не е време за предвремени избори, туку е време за понесување одговорност и имплементација на нашите обврски. Граѓаните ќе ни бидат благодарни доколку ја завршиме обврската пред изборите, за да не бидат изборите оптоварени, за тоа кој е ЗА а кој е Против уставните измени, затоа што тоа ќе не внесе во нов…

Read More

Украина ја доби касетната муниција од САД, изјави денеска украинскиот генерал Олександр Тарнавски, пренесе Си-ен-ен. -Само што ја добивме, сè уште не сме ја искористеле, но таа може радикално да ја промени ситуацијата на бојното поле, изјави Тарнавски за американската телевизија. Генералот тврди дека Русија знае дека Украина со оваа муниција ќе има предност во војната. -И непријателот разбира дека ќе имаме предност со оваа муниција. Непријателот ќе го отстапи овој дел од територијата  каде што таа може да се употреби, тврди Тарнавски. Тој посочи дека употребата на оваа муниција е забранета во густо населените области, дури и ако тие…

Read More

Реакција на Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија во врска со вандалскиот чин извршен во паркот „Украина“ во Општина Чаир на град Скопје. Ноќта пред 13.07.2023 година непозната група лица извршиле вандалски чин во паркот „Украина“ кој се наоѓа во Општина Чаир на град Скопје со бојадисување на таблата со името на паркот. Покрај тоа, еден ден претходно, лицата кои најверојатно припаѓаат на движењето „Црвена Младина“ јавно и самоволно го залепиле името „Парк АСНОМ“ на оригиналното име на објектот „Парк Украина“, објаснувајќи го тоа со „отсуството на спомениците на македонските антифашистички херои кои наводно биле поставени на ова место…

Read More

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Кога човек го слуша препукувањето на извесна Арсовска (што е таа госпоѓа во нашите животи, ама навистина што е?) и кога го слуша препукувањето на некој извесен Орце (Орце кој?), градоначалници кои по сила на (не)прилики се нашле тамо кајшто се нашле, што може човек на себе да си каже? Политиката која е штетна, одвратна, грозна и губитничка, не само во практична, туку и во морална смисла – зачинета со патетични прокламации и реторички подјебавања – политика која во конечноста е длабоко „нихилистичка“, а скриена под маската на лицемерната принципиелност, кога-тогаш ќе акне в sид, ќе се судри…

Read More

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска во Хелсинки, ја поздрави Финска како „неверојатна вредност“. – Мислам дека НАТО никогаш не било посилно, наведе Бајден, додавајќи оти „заедно се залагаат за демократски вредности“. Додека претседателот на Финска, Саули Нинисто посочи дека членството на Финска во НАТО најавува „нова ера во нашата безбедност“. Тој го поздрави Бајден за „градењето единство“ на Самитот во Вилнус, кој се фокусираше на градење единство за поддршка на Украина. Со посетата на Хелсинки, Бајден ја завршува европската турнеја. Тоа е прва посета на актуелниот американски претседател на Финска по посетата на Доналд Трамп пред пет години. Бајден…

Read More

ЦИВИЛ најостро го осудува вандализмот и манипулациите што ги предизвикува најновата, крајно подмолна провокација јавно поддржана од Левица, а која ја спроведе самонаречената „црвена младина“. Во Чаир, членови на Левица вчера (12 јули 2023), пред сопствените камери, ја вандализираат табелата со натписот на новиот „Парк Украина“, кој беше промовиран пред еден месец на иницијатива на Општина Чаир, во соработка со Украинската амбасада, со поддршка од ЦИВИЛ и други граѓански и хуманитарни групи и организации. Овој чин е симбол на солидарноста со украинскиот народ во нивната борба за слобода од руската агресија и окупација. Имено, оштетувањето и самоволното „преименување“ на Паркот Украина во Чаир,…

Read More