Author: Ана Василевска
Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер реагираше поради физичката пресметка во Собранието на Косово, каде што беше фрлена вода врз премиерот Албин Курти, додека тој беше на собраниската говорница. Тој го нарече нападот „срамно однесување, што е на штета на Косово“. – Да не се согласуваш со премиерот е демократско, вака да го изразуваш своето противење значи да се оцрните себе си, вашите гласачи и целата држава со срам што денеска е на штета на Косово на меѓународен план, повеќе од која било политичка позиција, што му се спротивставува на премиерот! Замислете како се чувствуваат незаменливите сојузници и пријатели на…
СОЊА ТАНЕСКА Долгометражните филмови му се наградени со над 40-ина високи меѓународни награди за естетски и културни достигнувања, а четирите негови долгометражни филма: „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ му се прикажани на над 200 фестивалски проекции на сите континенти и имаат и редовна дистрибуција за кино и ТВ-мрежите на педесет земји на сите континенти, за што во 2012 година ја доби престижната титула национален уметник на Македонија која му ја додели претседателот Ѓорге Иванов, а прогласен е и амбасадор на култура во САД. Но никој не ги оспорува неговите достигнувања и успеси. Спорни се документите кои укажуваат дека нешто…
Ситуацијата на која сите бевме сведоци викендот што се случуваше на улиците во Скопје е трета во низата ситуации во последните година и половина што му се случуваат на Град Скопје за првпат во историјата, истакна советникот на СДСМ, Гордан Шутаров за време на вонредната седница на Советот. „ЈП Комунална Хигиена Скопје престана да ги извршува своите функции односно престана да ги сервисира потребите на граѓаните за кое е формирано уште од далечната 1944 година со одлука на првата седница на Народноослободителниот одбор на Град Скопје како одделение за комунална хигиена во рамките на Градот Скопје… 79 години ова ЈП…
Северна Македонија и нејзините граѓани се недвосмислено посветени за членство во Унијата. Земјата создаде европски модел на мултиетничка функционална демократија, покажа европска култура за дијалог и компромис, истрајност во исполнување на критериумите. Денес повторно се наоѓаме на крстопат, но клучот за продолжување на евроинтеграциите е кај нас. Ќе направиме историска грешка ако не останеме на сегашната патека. Ова го истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи на денешната заедничка прес – конференција во Скопје со шефовите на дипломатиите на Австрија Александар Шаленберг, на Чешка Јан Липавски и на Словачка Мирослав Влаховски. -Од една страна започнати преговори, успешно спроведен скрининг и на…
Освежувачко вино на тераса на сонце, непосредно до водата; возења со брод и Стар град на списокот на УНЕСКО: Охридското Езеро има сè што би посакале за шик-одмор за мали пари, открива Сара Холт. Луѓе пијат аперол и еспресо и грицкаат пица, со главите свртени кон паунско-зелената вода, опколена од ридови полни со вили. Сцената не е поинаква од езерото Комо – но јас сум 1.300 милји оддалечена од северна Италија, во Охрид, на југозападниот дел Северна Македонија. Охрид полека влегува во радарот на туристите од Обединетото кралство, благодарение на неодамна воведените директни летови на „TUI“ од Манчестер и „Гетвик“,…
Пишува: ЈУЛИЈА ТИМОШЕНКО / Project Syndicate Оваа недела, речиси секој Украинец ќе гледа со копнеж кон главниот град на Литванија, Вилнус. Токму таму, на самитот на лидерите на НАТО, ќе започне да се одлучува за нашето место во Европа и на Запад. Иако во суштина сите Украинци сонуваат за членство во НАТО, бруталната борба во која бевме принудени да се вклучиме откако Русија ја нападна нашата земја пред речиси 18 месеци, нè научи на тешки лекции по реализам. Така, сите сме доволно свесни дека нема да биде лесен подвиг да се претвори нашиот сон за НАТО во реалност. Јас сум секако свесна: во 2018 година, јас…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на покана на „Трансатлантската лидерска мрежа“ денеска во Вашингтон ќе се обрати на Конференцијата на тема: „Западен Балкан – Трансатлантска и регионална соработка – градење силни сојузи“. Во пресрет на почетокот на конференцијата беше организиран прием, каде Маричиќ имаше поздравен говор пред учесниците и домаќините на настанот, во кој изрази задоволство и чест за поканата и ги поздрави ваквите иницијативи кои ја зајакнуваат довербата и регионалната поврзаност, како и трансатлантските односи, врз кои ги градиме безбедноста и просперитетот на Западен Балкан. Соговорници на панелот во кој учествува вицепремиерот Маричиќ ќе бидат албанската вицепремиерка и министерка за…
Самитот на НАТО што вчера заврши во Вилнус беше прв на кој Финска учествуваше како полноправна членка на Алијансата, а во пресрет на самата средба на врвот, Турција се согласи да ја поддржи кандидатурата на Шведска за приклучување кон Пактот, со што се отвора патот за стратешка промена во регионот на Балтичкото Море во кој некогаш доминираше Москва, оценува бриселскиот портал „Политико“. Со ова, како што се наведува во текстот, НАТО ќе ја зајакне контролата врз Балтичкото Море со што ќе го отежне транзитот на руската морнарица преку „виталната рута од дворот на Русија“. – НАТО постојано ја зголемуваше контролата…
Мал импровизиран механизам експлодираше рано утрово во центарот на Атина пред Масонската ложа на Грција, без притоа да има повредени или поголема материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина. На малата експлозија и претходел анонимен предупредувачки повик на бројот 112 за итни случаи, меѓутоа без да биде даден конкретен временски рок за експлозијата, по што веднаш полицијата го затворила просторот, а кусо подоцна експлодирал импровизираниот механизам. Експлозијата била со мала јачина и предизвикана е мала материјална штета, во главно на ѕидот од објектот. Полицајците од Секторот за уништување експлозивни направи пронашле и сомнителна кутија, по што била извршена контролирана…
Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск верува дека Кина е заинтересирана за кооперативна меѓународна рамка за регулирање на вештачката интелигенција – ВИ, по дискусиите што ги имал со кинески високи претставници пред неколку недели. Ова Маск го објави на средба на „Твитер спејс“ со двајца американски конгресмени – демократот Ро Кана и републиканецот Мајк Галагер. Маск пред неколку недели отпатува во Кина, каде што неговата компанија за електрични автомобили „Тесла“ има фабрика (погонот е во Шангај). Во Пекинг тој имал средба со министрите за надворешни работи, трговија и индустрија на Кина, како и со потпретседателот на кинеската Влада, Динг Шјуешјанг.…
Тројцата министри во „Славков“ или „Аустерлиц“ формат: министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски денеска ќе престојуваат во посета на земјава. Како што соопшти Министерството за надворешни работи (МНР), тројцата шефови на дипломатии се ополномоштени од високиот претставник за надворешни работи на Европската унија, Жосеп Борел за да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ по однос на прашањата поврзани со нашето европристапно досие. Од Делегацијата на Европската унија соопштија дека министрите ќе се сретнат со претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи…
Македонската премира на долгометражниот игран филм на Вардан Тозија – „М“, вечер во паркот на МКЦ во Скопје ќе го отвори 22. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Во шесте фестивалски денови, од 13 до 18 јули, под слоганот „Муви најт“ ќе може да се погледнат повеќе од 40 филмски наслови од најновата европска филмска продукција, кратки филмови, ќе присуствуваат над 50 гости, ќе има три музички настани, а ќе се одржат и седум работилници. Новитет оваа година е Жирито на филмската критика, со очекување следната година да биде официјално акредитирано ФИПРЕСЦИ жири. Наредниот вторник, на 18 јули фестивалот…
