Author: Ана Василевска
Охрид од вечерва се до 20 август ќе живее со уметноста, преку содржините на програмата на 63. издание на најголемата и најпознатата културно-сценска манифестација во земјата – Фестивалот „Охридско лето“. Од вечерва ќе блеснат сцените на Атичкиот театар, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, сцената „Долни Сарај“, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот. Тоа се местата каде ќе се случуваат извонредно атрактивни културни настани, во кои можност да уживаат ќе имаат сите вљубеници во уметноста, во она што претставува врв во уметноста во светски рамки. Програмата нуди неповторливи настапи на светски познати имиња и ансамбли…
Дополнително, некои стравуваат дека внесувањето на Украина во НАТО повеќе ќе послужи како провокација за Русија отколку како одвраќање од агресија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди неуспехот на организацијата да постави јасен распоред како „апсурден“. Водачите на НАТО во вторникот рекоа дека ќе дозволат Украина да се приклучи на алијансата „кога сојузниците ќе се согласат и ќе бидат исполнети условите“. „Потврдивме дека Украина ќе стане членка на НАТО и се согласивме да го отстраниме барањето за акционен план за членство“, изјави за новинарите генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, осврнувајќи се на клучниот чекор за пристапување во алијансата. „Ова…
Премиерот Димитар Ковачевски, кој ја предводи делегацијата на Северна Македонија на Самитот на НАТО во главниот град на Литванија, како што јави известувачот на МИА од Вилнус, денеска ќе учествува на двете сесии на Алијансата, а ќе одржи и билатерална средба со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис. -Денеска продолжуваме со две други сесии, првата е со нашите партнери од индо-пацифичкиот регион тука со нас се присутни Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Јапонија на кои што ќе ги споделиме најважните аспекти на заедничкото делување во однос на обезбедувањето на мирот во светот во овој нов геополитички момент. На состанокот ќе…
Премиерот Димитар Ковачевски од Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија денеска изјави дека ова е исклучително важен состанок кој доаѓа во многу важен момент, во момент кога се води војна во Украина. „Состанокот доаѓа после Самитот во Мадрид на кој имаше многу работа која што ја работеа министрите за одбрана, министрите за надворешни работи и секако претставниците во постојаното седиште на НАТО. Ќе бидат донесени неколку, многу важни заклучоци. Прво, ќе бидат донесени одлуки во однос на регионалните аспекти на одбраната на НАТО земјите и тоа вода, копно и воздух секако и за аспектите на сајбер одбраната и одбраната од…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ замина во работна посета на Соединетите Американски Држави, каде следните три дена ќе оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Стејт Департментот. Според најавата вицепремиерот Маричиќ денеска ќе се сретне со Робин Брукс, специјалниот советник за Европа на потпреседателката на САД, Камала Харис, Роб Ли, Директор на Канцеларијата за Европска Унија и регионални прашања при Стејт Департментот и амбасадорот Џим О’Брајан, Шеф на Одделот за координација на санкции при Стејт Департмент и именуван помошник Државен секретар за Европа и Евро-азија. На средбите се очекува да се разговара за уставните измени, севкупните реформи, со…
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека е во редовен контакт со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека е подготвен да се сретне со него, јави дописникот на МИА од Белград. Столтенберг ова го изјави пред новинарите во Вилнус, по повод неодамнешната изјава на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека поради ситуацијата на Косово ќе бара средба со генералниот секретар на НАТО и итна седница Советот за безбедност на ОН. -Загрижени сме поради растечката тензија во Косово. Ги повикуваме двете страни на деескалација и да се воздржат од активности кои би довеле до влошување на ситуацијата и…
СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Партија вчера објави војна на државата. И тоа не една, туку повеќе. Си ги мереа силите и се пресметуваа преку собирањето ѓубре, покажувајќи до кое дно се стигнати во практикувањето на моќта и разбирањето на демократијата. Збирштина од партиски кадри, меѓу кои и провокатори надвор од скопска „Комунална хигиена“ лежеа пред влезот на јавното претпријатие божем се на Тиенанмен и се борат против репресија и за слобода. Нив, пак, ги поддржа Сојузот на синдикатите на Македонија, кој се претвора во скандалозна работничка организација која не штити права туку неработење, протест против јавен интерес, партиски насилници и политиканство. На…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е апсурдно на Самитот во Вилнус да не и се понуди на Украина членство во НАТО. Тој истакна дека Украина заслужува почитување. „Се чини дека нема подготвеност Украина да биде поканета во НАТО или да стане членка на Алијансата. Тоа значи дека е оставена можност да се преговара за членството на Украина во НАТО во преговорите со Русија. А, за Русија тоа значи мотивација да го продолжи својот терор“, посочи Зеленски. Тој на Телеграм на англиски јазик напиша дека колебливоста е слабост и оти отворено ќе разговара за тоа на Самитот на НАТО во…
Премиерот Димитар Ковачевски на свечениот пречек на шефовите на делегациите, денеска во Вилнус на Самитот на НАТО беше пречекан од претседателот на Литванија, Гитанас Науседа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Како што соопшти владината прес-служба, Самитот на НАТО во Вилнус на едно место ги собра претставниците од 31 земја членка на Алијансата, шефови на држави и влади на земјите партнери како Австралија, Украина, Грузија, Босна и Хервцеговина, Молдавија, Јапонија, Република Кореја, Нов Зеланд, како и претседателите на Европскиот Совет и Европската Комисија.
Разговараше: Стојан СИНАДИНОВ Успехот што го постигнува грчко-германско-македонската копродукција „Зад стоговите сено“ е повод за разговор со сценаристката и режисерка Асимина Проедру за соработката меѓу грчките и македонските филмаџии, предизвиците на нашите општества кога во прашање се шовинизмот и ксенофобијата, лицемерноста на „цивилизираните“ западните земји во екот на мигрантската криза, за малиот човек како „запчаник“ во кородираните и корумпирани општества… Велат дека ништо не успева толку добро како – успехот! Младата грчка филмска режисерка Асимина Проедру веќе со дебитантскиот долгометражен игран филм „Зад стоговите сено“ (Piso apo tis thimonies / Behind the Haystack) постигна супериорен успех во нејзината татковина, каде што освои дури 10…
Шведскиот премиер Улф Кристерсон изрази надеж дека наскоро ќе пристигнат последните две верификации за членството на неговата земја во НАТО, и од самитот на НАТО во Вилнус им порача на турскиот и унгарскиот премиер дека верува оти сега се отстранети сите пречки. – Се договоривме за заедничка изјава. Добро е познато дека Шведска по 200 години неврзаност бара заедничка заштита. Но, сакам и сите сојузници на НАТО да знаат дека ние обезбедуваме и сигурност што обезбедува заедничка безбедност. И ние сме тука на долг рок. Одлучни сме во борбата против тероризмот, одлучни сме во борбата против организираниот криминал. Така, мислам…
Одлуки во однос на регионалните аспекти на одбраната, во однос на приближувањето на Украина во НАТО, но и дефинирање на трошоците за одбраната на земјите-членки ќе бидат дел од одлуките, кои ќе ги донесат лидерите на земјите-членки на НАТО на дводневиот Самит, кој почна денеска во Вилнус, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски при пристигнувањето на настанот. Како што јави известувачот на МИА од Вилнус, Ковачевски ја предводи владината делегација на Самитот, во чиј состав се и министерката за одбрана Славјанка Петровска и шефот на дипломатијата Бујар Османи. „Ова е исклучително важен состанок, доаѓа во важен момент кога практично се води…
