Author: Ана Василевска

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена за 3 процентни поени (од 73 % на 76 %). Влдата и Министерството за одбрана и оваа година се со максимални 100 проценти транспарентност, се наведува во истражувањето што го спроведе Центарот за граѓански комуникации, во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“. Според извештајот, својата активна транспарентност годинава ја подобриле 54 % од институциите, за разлика од лани, кога се подобриле 81 % од институциите. Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 86…

Read More

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ ВМРО-ДПМНЕ може да „понавља“ по историја колку што сака, ама последиците ќе бидат на грбот на граѓаните и на Македонија. Пред нашите очи ни се случува уште едно брутално повторување на историјата заради ВМРО-ДПМНЕ. Пред 15 години, после Самитот на НАТО во Букурешт кога од јатото на Балканот Албанија и Хрватска беа примени во НАТО, а Македонија беше оставена во чекалната. Заради политичките партиски калкулации и опструкции на нашиот евроинтеграциски процес пред нашата земја сега се исправа исто таква ситуација како во 2008 година: Албанија ќе ги продолжи преговорите, а Македонија ќе биде во ЕУ чекалната. За да…

Read More

НАТО одлучи да се откаже од барањето Украина да учествува во Акцискиот план за членство (МАП) кој ги поставува целите што треба да се постигнат пред да се приклучи на воената алијанса, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Шефот на украинската дипломатија еден ден пред самитот на НАТО рече дека таквиот потег ќе го скрати патот на Украина до членство во алијансата. „По интензивни преговори, членките на НАТО постигнаа консензус за отстранување на МАП од патот на Украина за членство. Ја поздравувам оваа долгоочекувана одлука која ни го скратува патот кон НАТО“, напиша Кулеба на Твитер. Лидерите…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ согласни дека посетата на Милатовиќ на Белград и разговорите се важен чекор во ревитализација и свртување на нова страница во политичките односи меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Белград. Српскиот претседател на прес конференцијата рече дека со Јаков Милатовиќ разговарале отворено, цивилизирано и нормално, што е предуслов за понатамошно градење доверба, како и дека не сака од никого да бара нешто што не го сака, и да „никому ни на сенка нема да застанеме“. „Разговорите потврдија дека го делиме мислењето дека зајакнувањето на билатералните врски и поблиската соработка е…

Read More

Речиси 11.000 луѓе во Англија се хоспитализирани за една година поради неисхранетост, а лекарите предупредуваат дека падот на куповната моќ доведе до зголемување на „викторијанските болести“ како скорбут и рахитис. Според податоците на лондонски „Тајмс“, од април минатата година до април оваа година, 10.896 пациенти, од кои 312 биле деца, биле хоспитализирани во јавните здравствени установи во Англија поради некаква форма на неисхранетост, што е речиси двојно повеќе од пред 10 години. Весникот наведува дека 171 лице се хоспитализирани поради скорбут, болест предизвикана од недостиг на витамин Ц, додека 482 лица се лекуваат од рахитис, од кои 405 се деца,…

Read More

Зголемена поддршка за членство во ЕУ, ниско ниво на доверба во владеењето на правото и разлики за правецот на движење на локално и национално ниво, покажува анкетата на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија. Спроведена е во периодот од 8 април до 4 мај 2023, преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците, на национален репрезентативен примерок од 1,204 испитаници, на возраст од 18 и повеќе години. Како што се наведува во соопштението, на прашањето дали ја поддржуваат интеграцијата на земјата во Европската Унија, 79 отсто од возрасните испитаници одговориле со „да“, што претставува раст од шест…

Read More

ДЕХРАН МУРАТОВ Национализмот, едноумието и криминалот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, невешто се обидува да ги затскрие зад патриотската наметка. Всушност, тој дефокусира дека случајот „Феникс“ во кој меѓу осомничените за злоупотреба на службената положба и перење пари за проектот „Скопје 2014“ се експремиерот, бегалецот во Будимпешта, Никола Груевски, поранешните министри Зоран Ставревски и Елизабета Канческа-Милевска, екс-градоначалниците на Општина Центар, Виолета Аларова и Владимир Тодоровиќ, екс-претседателот на Советот на Центар, Владимир Здравев… е обичен „театар пред јавноста“ и дека со фрлањето сенка на идентитетските обележја, се негира македонскиот идентитет. „Продолжува да се негира македонскиот идентитет зашто така се фрла сенка на…

Read More

„Со огромно задоволство го најавуваме мастеркласот на нашиот Митко Панов и прикажување на филмот „Сведок“, а овогодишната програма на CINEDAYS предвидува и дополнителни два мастеркласа, на Јуре Матичич, програмски раководител на „Местни кино Домжале“ Словенија и гуруто за презентација и ‘пакување на филмови Габриеле Бруненмајер, која работи како независен консултант за Мидпоинт институтот.“, најавуваат од „Синедејс“. Меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS, годинава се одржува по 22 пат во термин од 13 до 18 јули. Како прецизно одбрани кадри се поредени повеќе од 40 филмски наслови со кои повторно Скопје ќе живее во филм во фестивалскиот период. Под годинешниот…

Read More

Скопскиот плански регион бара итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот со комуналната хигиена. На денешната итна седница во врска со комуналната хигиена во рамките на Град Скопје, Советот на Скопскиот плански регион одлучи да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена, како и препорака со која се бара Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена. На седницата беше донесен и заклучок…

Read More

Експертот за проширување на западен Балкан, Милан Нич, во интервју вели дека Косово е поблиску до отворен конфликт отколку Босна, заради паралелните структури, експлозиите и физичките напади, пренесуваат косовските медиуми. Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, соопшти дека бродот „Бутринти“ на Албанија, заедно со грчки и турски брод, спасиле 55 мигранти од гумен чамец  во водите на Егејското Море, пренесуваат албанските медиуми. Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. КОСОВО  Инсајдери – Висок германски функционер: Косово е поблиску до отворен конфликт отколку Босна Се очекува…

Read More

Европската комисија иницира истрага за оценка на усогласеноста на предложеното купување на „иРобот“ од страна на „Амазон“ со правилата на ЕУ за конкурентност. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Еврокомисијата е загрижена дека преземањето ќе му овозможи на „Амазон“ да ја ограничи конкуренцијата на пазарот за роботски правосмукалки (РВЦ) и да ја зајакне својата позиција како давател на услуги на онлајн пазарот. Европската комисијата потсетува дека „Амазон“ преку својата мрежа за онлајн трговија им овозможува на трговците на мало да ги рекламираат и продаваат своите производи, вклучитлно и роботски правосмукалки на „иРобот“. „Прелиминарната истрага на Комисијата покажува…

Read More

Водачите на НАТО кои се состануваат во литванската престолнина имаат многу да разговараат, бидејќи невидени предизвици ја зафатија воената алијанса предводена од САД. Литванија ќе биде домаќин на самитот на НАТО во вторник и среда, на кој треба да доминира одговорот на алијансата на руската инвазија на Украина и барањето за членство на Кијив. Ова се главните прашања за кои лидерите ќе разговараат за време на дводневниот самит во Вилнус. Пристапувањето на Украина во НАТО Се очекува претседателот Володимир Зеленски да дојде во литванската престолнина со порака до 31 лидер на НАТО: Украина треба да се приклучи на НАТО откако…

Read More