Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ-Милатовиќ: Важен чекор во ревитализација на политичките односи на Србија и Црна Гора (ДПЛ)

0
By Ана Василевска on July 10, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Вучиќ-Милатовиќ
Вучиќ-Милатовиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 10, 2023 13:39

Српскиот претседател Александар Вучиќ и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ согласни дека посетата на Милатовиќ на Белград и разговорите се важен чекор во ревитализација и свртување на нова страница во политичките односи меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Белград.

Српскиот претседател на прес конференцијата рече дека со Јаков Милатовиќ разговарале отворено, цивилизирано и нормално, што е предуслов за понатамошно градење доверба, како и дека не сака од никого да бара нешто што не го сака, и да „никому ни на сенка нема да застанеме“.

„Разговорите потврдија дека го делиме мислењето дека зајакнувањето на билатералните врски и поблиската соработка е од огромна заемна корист. Нашите добри односи се важни поради луѓето кои треба да ја почувствуваат користа од она за што разговараме“, рече Вучиќ.

Црногорскио претседател изјави дека Црна Гора и Србија ги врзува „заедничка историја и традиционална блискост, заедничка европска цел, што ги обврзува да имаат најдобри можни односи, дури и кога немаме ист став за некои теми, а ги има многу“.

„Ние имаме добри економски односи, но и покрај тоа немаме амбасадори, заеднички гранични премини, платежните трансакции претставуваат сериозна деловна бариера, мешовитите економски комисии не се состанале со години, а заедничка седница на владите на двете земји никогаш не се одржала“, посочи Милатовиќ.

„Важно е да не се нарушуваат односите, туку да се подобрат. Се согласивме дека е важно именувањето на амбасадори, за што добив уверување дека Србија набргу ќе го направи тоа, а и Црна Гора по формирањето на владата“, рече Милатовиќ и посочи дека со оваа посета се свртува нова страница во односите меѓу двете земји.

Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали со црногорскиот претседател разговарале за екстрадиција на поранешниот претседател на СЦГ Светозар Маровиќ во Црна Гора, изјави дека Србија, како сериозна и одговорна земја, на одговорен начин ќе даде втемелени одговори.

„За мене, нешто друго се поставува како прашање. Зошто во нашите односи секогаш бараме причина да го обвинуваме другиот за непочитување. Дали сте размислувале, дали не боли што Црна Гора го призна нелегалното отцепување на дел од територијата на Република Србија со Косово? Дали нè заболе кога беше протеран нашиот амбасадор во Подгорица, а за тоа немаше валидна причина? Во знак на почит кон господинот Милатовиќ, за 10-12 дена ќе избереме кој ќе биде нашиот нов амбасадор во Подгорица“, рече Вучиќ.

Тој на прес конференцијата рече дека со Милатовиќ разговарал и за сите важни теми, од инфраструктурни прашања, изградба на автопатишта, натамошна изградба на железничката пруга, како и натамошно поврзување на енергетски план.

„Разговаравме за најавата од Црна Гора дека има намера да изгради ЛНГ терминал за течен гас во Бар. Србија е заинтересирана да купи дел од тој течен гас, затоа сме подготвени да ги спуштиме цевките кон мерната станица во Бијело Поље, за да можеме да купиме значителни количини гас“, рече Вучиќ

Александар Вучиќ Јаков Милатовиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.