Author: Ана Василевска
Претседателот на една од бугарските владејачки партии ГЕРБ (Граѓаните за европски развој на Бугарија), и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, соопшти дека се откажал од пратеничкиот имунитет. -Разговарав со членовите на пратеничката група на ГЕРБ. Ќе се откажам од имунитетот и покрај тоа што поранешниот државен обвинител го направи против мене, рече Борисов во парламентот, иако претходно изјави дека „категорично одбива“ да му се одземе имунитетот. Тој додаде дека има доверба во бугарските судови и обвинителство, јави Радио Бугарија. Градското обвинителство во Софија претходно му предложи на државниот обвинител да побара укинување на пратеничкиот имунитет на Борисов поради случајот „Барселонагејт“.…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе го пречека и ќе биде домаќин на Еди Рама, претседател на Владата на Албанија, кој е во официјална посета на државава. Ковачевски ќе го пречека Рама пред платото на Владата со највисоки државни почести. Во рамки на работната посета, предвидена е тет-а-тет средба меѓу премиерите Ковачевски и Рама. Потоа, ќе се одржи и билатерална средба на која покрај премиерите ќе присуствуваат и владини делегации од двете земји. Во состав на делегацијата предводена од премиерот Рама се Нико Пелеши, министер за одбрана, Мајлинда Дука, државен министер и главен преговарач на Албанија, како и заменик-генерален секретар, Елира…
Европската Унија испраќа оценска мисија во С Македонија за работата на Судскиот совет, по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци. Ова го најави евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Топ тема на ТВ Телма. Гир рече дека тоа веќе и е предложено на Владата и се надева дека ќе се реализира најбрзо што може, бидејќи, како што вели, работата на Судскиот совет мора да се поправи. -Мислам дека турбуленции е вистинскиот збор за тоа. Го следиме тоа одблиску со голема загриженост. Судскиот совет треба да игра многу значајна улога. Тој треба да ја штити и и промовира независноста, професионализмот…
Билатералните односи, процесот на евроинтеграции, регионалната соработка и актуелни политички случувања во регионот биле теми на кои денеска дискутирале вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во државава Ангела Агелер. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Маричиќ кратко ја брифираше Агелер за текот на скрининг процесот, за изработката на Патоказите и кои се неговите очекувања во пресрет на добивањето на скрининг извештаите. Во таа насока, посочува СЕП, Маричиќ укажа на следните чекори кои треба да се преземат за брз напредок во процесот, потенцирајќи дека значајна ќе биде поддршка на САД за европската иднина…
Во спроведена координирана полициска акција насочена кон лица инволвирани во криумчарење на луксузни моторни возила на подрачјето на СВР Скопје, како и на подрачјата на Битола, Кочани и Ресен, денеска се извршени претреси на 24 локации, кај вкупно 23 лица со цел пронаоѓање и обезбедување дополнителни материјални докази кои потекнуваат од извршени кривични дела, а од слобода се лишени вкупно 18 лица, додека по 3 лица се трага. Како што соопштија од МВР, од страна на СВР Скопје во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела „Криумчарење“ по чл.278, „Прикривање на…
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ им оддаде признание на редакцијата Рацин.мк и на главниот уредник на порталот Зоран Бојаровски за покажаниот интерес и активен однос во унапредувањето на дејноста на институтот во афирмацијата на македонскиот јазик. ИМЈ „Крсте Мисирков“ оваа благодарница за порталот ја доделува по повод значајниот јубилеј – 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик. На пригодниот настан по овој повод директорката на ИМЈ проф. д-р Елена Јованова-Грујовска истакна дека јавноста во Македонија во последните години го препозна институтот како една од највидливите научни институции, чија примарна е сестрано да го проучува македонскиот јазик, да…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека Владата го усвои Законот за советодавен систем во земјоделството и руралниот развој. Оваа реформа е значаен момент во нашата ангажираност за поддршка на руралните заедници и за развојот на земјоделството. Со ова законско решение создаваме можност за професионализација на советодавните услуги и воспоставуваме систем преку кој на земјоделците ќе им се доближат искуствата и знаењето за најновите практики и технологии во производството, кои директно треба да влијаат да имаме одржливо и конкурентно производство, по европски терк. Законот за советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој има за цел да создаде…
Во Меморијалната куќа „Христо Узунов“ во Охрид од денеска до 7 јули ќе се одржи изложба на фотографии од голем формат од најзначајните културно-историски локалитети и други аспекти на културното наследство од Охрид и на територијата на Република Северна Македонија. Основната цел на проектот е подобро запознавање и подигнување на јавната колективна свест за промоција, одржување и унапредивање и афирмација на археолошките зони, културно историските споменици, религиозниоте објекти и сите други форми на културно наследство на нашата земја, кои се вистински сензации на изложбите во најголемите европски и културни центри. -Со оваа изложба се афирмираат неколку непобитни историски факти значајни…
Според резултатите од анкетата, презентирани денеска од Европска комисија, 88 проценти од Бугарите изјавиле дека корупцијата е широко распространета, осум отсто одговориле дека е „ретко распространета“, а за еден процент од испитаниците корупција во земјата „не постои“. Речиси половина од Бугарите (48 отсто) истакнале дека оние кои се фатени во ситна корупција добиваат „соодветни“ казни. Само 11 проценти го делат истото мислење за оние кои се фатени во корупција на високо ниво. Додека 15 отсто од испитаниците изјавиле дела во Бугарија мерките против корупцијата се применуваат непристрасно и без задни намери. Мнозинството анкетирани (76 проценти) не очекуваат фатените во корупција…
Лица со цистична фиброза биле повикани на средба во Министерството за здравство, која треба да започне денеска во 13:15 часот. Информацијата за МИА ја потврди Ивана Атанасоска, претседателка на Асоцијацијата за цистична фиброза. „Најверојатно ќе разговараме до каде е постапката за набавка на лекот „трикафта“ за другите пациенти со цистична фиброза, нешто за кое баравме да бидеме информирани, како и за центар каде ќе се лекуваат овие лица“, појасни Атанасоска за МИА. Неодамна, во Собрание не помина предлогот за ослободување од партиципација од медицински услуги и лекови на пациенти со цистична фиброза над 26 години. Како што била информирана Асоцијацијата…
Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за утврдување на уставноста на Упатството за водење на матични книги поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во Службен весник. Исто така Уставниот суд донесе времена мерка за неиздавање на овие документи. На денешната седница во делот на јавноста присуствуваше и министерот за правда Кренар Лога кој Упатството го потпишал на 29 мај, а во Службен весник е објавено на 15 јуни. Лога по седницата изјави дека е вистина дека не е испочитуван уставниот рок од Секретаријатот за законодавство и Службен весник, но оти тоа не е…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, разговарал за начините за смирување на тензиите на северот на Косово и за спроведувањето на претходно постигнатите договори. Вучиќ на својот Инстаграм со фотографии од средбата во Белград напиша дека го предупредил Лајчак дека Србите во Косово „се изложени на најлошата тортура и прогон во последните 15 години“. „Ги повторив барањата за почитување на нивните права и безбедност. Ја повикав меѓународната заедница поконкретно да се ангажира за сите овие прашања“, напиша српскиот претседател. Лајчак пристигна во Белград по посетата на…
