Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставниот суд со времена мерка за Упатството за водење матични книги

0
By Ана Василевска on July 5, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Уставен суд
Уставен суд
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 5, 2023 13:15

Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за утврдување на уставноста на Упатството за водење на матични книги поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во Службен весник. Исто така Уставниот суд донесе времена мерка за неиздавање на овие документи.

На денешната седница во делот на јавноста  присуствуваше и министерот за правда Кренар  Лога  кој Упатството го потпишал на 29 мај, а во Службен весник е објавено на 15 јуни.

Лога  по седницата изјави дека е вистина дека не е испочитуван уставниот рок од Секретаријатот за законодавство и Службен весник, но оти тоа не е направено од негова страна.

-Такви пропусти имало во минатото во сите службени весници и јас носам неколку од нив, рече Лога. Според него, Уставниот суд не треба да ја отвора Пандорината кутија, бидејќи во речиси секој Службен весник има непочитување на уставни рокови и дека дури и има непочитување и Уставниот суд.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дека поранешна министерка за правда реагираше дека е неуставно упатството што тој го потпишал а се однесува на внесување на етничката припадност во изводот во матична книга, рече дека таа (Рената Дескоска ) не е компетентна да го кажува тоа, бидејќи „ги избегнала уставните измени и сама, како што  рече, се номинирала за член на Венецијанската комисија.

Лога не одговори и на прашањето кои држави во изводот има графа за етничка припадност, туку кажа контра прашање и тоа : во кои европски земји во Уставот стои „јазик што го зборуваат 20 отсто од граѓаните“.

На денешната седница на Уставниот суд беше иницијативата на Павле Трајанов за една изборна единица, две иницијативи поврзани за бугарските клубови, иницијативата налидерот на Левица Димитар Апасиев за одлучување од страна на Џафери и други.

Управа за водење на матични книги Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.