Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Генералниот суд на ЕУ ја отфрли жалбата на тројца каталонски европратеници кои беа на нишан на шпанската правда по неуспешниот обид за отцепување на Каталонија во 2017 година. Судот на правдата на Европската унија ја потврди одлуката на Европскиот парламент за одземање на имунитетот на каталонскиот европратеник Карлес Пучдемон. Во средата, правосудното тело на ЕУ ги отфрли жалбите на тројца каталонски европратеници за независност, вклучително и Пучдемон, кои ја оспоруваа одлуката на Европскиот парламент за укинување на нивниот имунитет во 2021 година. „Не завршува тука, напротив. Сè продолжува. Ќе поднесеме жалба пред Судот на правдата на ЕУ“, рече Пуџдемон во…
Во Албанија од вчера престојува поранешниот Американски претседател Бил Клинтон, а најзабележана беше неговата изјава во однос на тензиите на северот на Косово, кога ги нарече „глупост“, и порача да се прекине истата. Албанските медиуми продолжуваат да ја коментираат изјавата на Рама дека иницијативата „Отворен Балкан“ ја завршила својата мисија, и дека ќе се претопи во Берлинскиот процес, како и коментарот на српскиот претседател, Вучиќ, дека не е сигурен дека Рама го кажал токму тоа. Рама најави турнеја низ Балканските земји, на која планира средби и разговори за иницијативата „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес, според медиумите во Албанија. Ова се…
Хана Дингли е именувана за главен тренер на машкиот тим Форест Грин Роверс. Ова е првпат во историјата на професионалните лиги во Англија жена да стане главен тренер на машки фудбалски тим. Пред оваа позиција, Дингли беше ја извршуваше функцијата извршен директор на академијата на Форест Грин Роверс.
„Предлог Законот за македонски јазик вчера го помина првото читање на пленарна седница во Собранието. Дебатата е на високо ниво, на едно конструктивно ниво бидејќи зборуваме за Закон за употреба на македонски јазик којшто решивме оваа година заедно со работната група да го претставиме како нов текст“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во утринската емисија на Канал 5. Таа додаде дека постоечкиот закон бил изгласан во 1998 година и претрпел само неколку технички промени оттогаш, ја регулирал употребата на македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, но имал одредени недостатоци. „Сега понатаму пристапуваме кон амандманска расправа, односно второ читање…
Основното и средното образование се исто така предмет на „идеолошка контрола“, при што децата се „обесхрабрени да го искажуваат сопственото мислење“ и подложени на „закани и последици“ поради спротивставените ставови. Ситуацијата со човековите права во Белорусија и понатаму е страшна и се влошува, изјави во синоќа специјалниот известувач на ОН за земјата. Анаис Марин го предупреди Советот за човекови права на ОН дека режимот на белорускиот лидер Александар Лукашенко намерно го чисти граѓанското општество од последните неистомисленици. „Ситуацијата останува катастрофална“, нагласи таа. „За жал, постојано се влошува. Марин, која е на функцијата пет години, го потсети Советот дека пред две…
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан рече дека неуспехот на шведските власти да го спречат палењето на Куранот на протестот во земјата предизвикува загриженост за безбедноста и поставува прашања за тоа колку таа е квалификувана да стане членка на НАТО. Фидан рече дека Турција сепак ќе и даде зелено светло на Шведска да се приклучи на воената алијанса доколку Стокхолм ја „заврши својата домашна задача“ и продолжи со напорите за решавање на прашањата што ја засегаат Турција. „Toa што шведскиот безбедносен систем не беше способен да ги спречи провокациите и што претставуваше слика на држава која носи проблеми во…
На денот кога САД ја одбележуваат својата независност, аналитичари од Северна Македонија сметаат дека земјава треба да го одржува стратешкото пријателство со Вашингтон и оти тоа треба да биде еден од врвните приоритети на државата. Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, за Глас на Америка вели дека бројни се придобивките од пријателството што го негува САД кон Северна Македонија. „САД се вистински пријатели на нашата земја. Нашата земја е мала, нема пристап на море, има ограничени природни и човечки ресурси, а самата географска положба, иако не е безначајна, не игра голема улога во поширок контекст. Едноставно, САД…
Од регионот околу нуклеарната централа Запорожје локалното население почна да бега откако обвинувањата и од руска и од украинска страна предизвикаа паника кај Украинците, пренесува Скај Њуз, додавајќи дека Русија, сепак, направи преседан со тоа што ја минираше браната Каховка. Според извештаите од теренот, паниката била засилена со руските тврдења на блогерите дека Украинците планирале да ја нападнат централата бидејќи кога Русите ги обвинуваат Украинците дека се подготвуваат да направат нешто, тоа може да биде знак дека тие се подготвуваат сами да го направат тоа, како во случајот со Каховка. Покрај тврдењата на блогерите и коментарите на украинскиот претседател Володимир…
Предвремена отплата на двегодишните заеми на Грција од првиот меморандум за економски спас на земјата во 2010 година, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за Блумберг, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис истакна дека со предвремената отплата ќе се испрати позитивен сигнал до финансиските пазари. -Не само што сме фокусирани на растот, туку сакаме да бидеме сигурни дека соодносот на нашиот долг со БДП ќе продолжи да опаѓа со многу брзо темпо, објасни грчкиот премиер. Паралелно истакна дека првата цел на Владата е да се врати државниот кредитен рејтинг и Грција пред крајот на годината да добие инвестициски…
Пишува: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ И додека по дома се уште го трошиме времето на јалови дебати околу тоа дали треба да ги направиме уставните реформи или не, во Брисел возот за земјите кандидати за членство, се подготвува да ги повика патниците да ги заземат своите места. Лидерите на 10 земји членки на ЕУ на крајот од минатата недела се собраа на неформален појадок во Брисел за да разговараат за иднината на ЕУ со нови земји членки. Процесот на проширувањето мора да продолжи без понатамошно одлагање. Ова отрезнување во ЕУ по долго колебање уследи по промената на геополтичката реалност на континуитетот со…
Јавното претпријатие за државни патишта информира дека врз основа на обврските од Договорот за реализација на делниците на Коридор 8 и 10 д, согласно Програмата за финансирање на патната инфраструктура за проектите на Коридорите 8 и 10 д за 2023 година усвоена од Владата и објавена во Службен весник бр.63/23, исплатени се 3.280.000.000 денари. – Овие средства се наменети за авансно плаќање согласно со член 14.2. од Договорот за изградба на Коридор 8 и Коридорот 10Д, односно за мобилизација, набавка на опрема, бази и материјали за изведувачот и за поддршка на пристап до средства, за геоемханички испитувања, мобилизација, екипирање со…
Во Албанија од вчера престојува поранешниот Американски претседател Бил Клинтон, а најзабележана беше неговата изјава во однос на тензиите на северот на Косово, кога ги нарече „глупост“, и порача да се прекине истата. Албанските медиуми продолжуваат да ја коментираат изјавата на Рама дека иницијативата „Отворен Балкан“ ја завршила својата мисија, и дека ќе се претопи во Берлинскиот процес, како и коментарот на српскиот претседател, Вучиќ, дека не е сигурен дека Рама го кажал токму тоа. Рама најави турнеја низ Балканските земји, на која планира средби и разговори за иницијативата „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес, според медиумите во Албанија. Ова се…