Author: Ана Василевска

Зоран БОЈАРОВСКИ До каде е подготвен да оди за да ја оствари амбицијата „сѐ или ништо“ (од Македонија) за да дојде на власт, а земјата да ги загуби преговорите или да ги одложи на недогледно време, говорат и низата дезинформации што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги шири речиси во секој негов јавен настап за да создаде лажна слика дека неговите аргументи се реални, основани и додволно силни за да ја оправдаат неговата нихилистичка позиција. Најголем број на дезинформации беа искажани во интервјуто на ТВ Канал 5 и во продолжение ви презентираме некои од нив. Вели „Радев после 6 месеци ќе ви…

Read More

Директорот на Агенцијата за одземен имот Дритон Небиу информира дека конфискуваниот имот на поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков за кратко ќе биде објавен на јавното електронско наддавање кое Агенцијата ќе го изработи согласно законот и по согласност на Владата. Тој, во отчетот за сто дена работа, најави и драстични промени особено во во управувањето со магацините Идризово, Тетово, Миладиновци и Гевгелија. Исто така Небиу посочи дека Небиу вели дека за неколкуте „мошне актуелни случаи за конфискација“, веднаш презел иницијативи со поддршка и соработка од министерот за правда Кренар Лога и биле преземени активности за нивно обелоденување и што поскоро…

Read More

Кога една 77-годишна баба од Санкт Петербург се пријавила на часови по сликање во 2017 година, на соучениците можеби им се појавила како само уште еден пензионер кој ужива во доцното хоби. Но, само една година подоцна, Виолета Пригожина отвори своја уметничка галерија, наречена Боите на животот, во централниот градски проспект Бољшој. Наскоро таа изложуваше свои слики, организираше забави за лансирање и привлекуваше внимание на националните медиуми. Она што случајните посетители на галеријата можеби не го знаат е дека уметникот има познат син: Евгениј Пригожин, продавачот на хот дог, кој стана приватен шеф на паравоен формација, кој се појави како…

Read More

Премиерот на Холандија, Марк Руте, кој заедно со неговиот луксембуршки колега, Ксавиер Бетел, престојува денеска во Косово, изјави дека неговата држава ги поддржува Косово и Србија на патот на дијалогот со цел нормализирање на односите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи им се на новинарите по средбата со косовскиот премиер, Албин Курти, Руте рече дека намалувањето на тензиите во областите во северно Косово, населени со мнозинско српско население, е значајно не само за мирот во регионот, туку и за просперитетот на Косово и Србија кон интеграциите во Европската унија. – Денеска ја изразивме нашата загриженост поради…

Read More

НATO денеска одлучи да го продолжи мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, оценувајќи дека треба да го задржи искусниот лидер во време кога војната беснее на прагот на Алијансата, отколку да се обиде да бара негов наследник, пренесуваат британските медиуми. Столтенберг, поранешен премиер на Норвешка, е предводник на трансатлантската безбедносна Алијанса од 2014 година и неговиот мандат веќе беше продолжен претходно три пати. Одлуката значи континуитет на врвот на НАТО, бидејќи нејзините 31 членка се справуваат со двоен предизвик – да ја поддржат Украина во одвраќање на инвазијата на Москва, и од друга страна да избегнат…

Read More

Со широко мнозинство, односно со 249 гласа „за“ и 51 воздржан, пратеникот од Нова демократија Константинос Тасулас одново доби доверба од пратениците и беше реизбран за претседател на грчкиот Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина. За Тасулас гласаа Нова демократија, СИРИЗА, ПАСОК и Грчко решение, додека пак Комунистичката партија, Спартанци, Победа и Курс на слободата беа воздржани. Пред еден месец, по првите избори во Грција, Тасулас беше избран со 270 гласа „за“, меѓутоа тогаш, Парламентот веднаш се распушти во пресрет на новите избори, додека пак во јули 2019 година кога за првпат беше избран за претседател на Парламентот позицијата…

Read More

Истото прашање повеќе пати му го постави и Џабир Дерала во текот на изминатите неколку години. Одговор не дојде, ниту од Мицкоски, ниту од „белата палата“. Напротив, Дерала заработи две тужби од Мицкоски затоа што во медиумите со кои раководи е пренесен исказ на слична тема од други медиуми. Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски предпладнево на прес конференција пред портите на „белата палата“ партиско седиште на ВМРО ДПМНЕ,  му се обрати на лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски за кој рече дека единственото прашање кое го посочува деновиве тој и неговите сопартијци  е како на господинот Али Ахмети внукот…

Read More

Со САД сме постигнале големи успеси на меѓународен план, ќе успееме и со преостанатите обврски од евроинтеграциската агенда. Честитки по повод 4-ти јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави со желби за успех и понатамошен просперитет на американскиот народ, објави на Фејсбук страницата вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Маричиќ натаму наведува дека „247 години независност и слобода кои придонесоа за изградба на систем на вредности кој денес е водич за целиот демократски и прогресивен свет“. -Посебно ја цениме континуираната поддршка и помош од САД за демократскиот и економскиот развој на Северна Македонија и нивната улога во исполнувањето на…

Read More

Пишува: ШЛОМО БЕН-АМИ  / Project Syndicate Некои воени удари наводно ја претставуваат авангардата на модернизацијата и промените. Други, како што беше во Чиле во 1973 година и неуспешниот обид на Шпанија во 1981 година, се поттикнати од носталгијата за минатите диктатури. Поголемиот дел од државните удари се барем делумно поттикнати од моќни групни поплаки. Спротивно на тоа, прекинатиот квази-пуч на рускиот воен лидер Евгениј Пригожин, се чини дека е мотивиран исклучиво од неговата лична потрага по моќ и престиж. И додека Пригожин и неговите платеници од групата Вагнер брзо го напуштија својот марш кон Москва, тие го разоткрија институционалното распаѓање на преторијанскиот режим…

Read More

Лидерката од егзил на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, соопшти дека непознато лице ја известило дека нејзиниот сопруг Сергеј можно е да починал во затворот во Белорусија, пренесуваат француските медиуми. Тихановскаја се нема слушнато со сопругот од март годинава. Во декември 2021 година, Сергеј Тихановски беше осуден на 18 години затвор по повеќе обвиненија, вклучително и „организирање масовни немири“ во земјата со која од 1994 година владее Александар Лукашенко. Осудата се сметаше за политичка одмазда за жената која го предизвика Лукашенко на претседателските избори во 2020 година, предизвикувајќи масовно протестно движење кое беше задушено со насилство, забележаат француските медиуми. „Денеска добив…

Read More

Jaвното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на обвинителството. -Јавното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на обвинителството, се посочува во соопштението. Јавното обвинителство, како што стои, ги потсетува сите политички чинители на пораката што во овој контекст пред само неколку дена ја упати американскиот Стејт департмент: „лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата, преку зајакнување на…

Read More

Да се направи промена во распоредот на местата и локацијата на партиите во Парламентот, со цел радикалните десничари од партијата Спартанци да не бидат во делот на левицата во Парламентот, бара претседателот на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос, јави дописничката на МИА од Атина. Преку писмото испратено до претседателот на Парламентот по вчерашната прва седница на Парламентот, Фамелос го изразува незадоволството на пратеничката група на СИРИЗА за првичниот избор на позициите на пратеничките групи. Сметаат, како што пишува, дека е неприфатливо и незамисливо што пратеничката група на СИРИЗА е поделена и местата на пратениците не се во континуитет, но…

Read More