Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска на маргините на Преспа форум ќе има билатерални средби со министерот за европски прашања на Република Чешка, Мартин Двожак и ирскиот министер за Европа, Питер Бурк. Маричиќ на Преспа форум дијалог 2023 ќе учествува и ќе има воведно излагање на сесијата со наслов: „Проширувањето на ЕУ во трансформираната геополитичка динамика“, на која соговорници ќе му бидат Питер Бурк, Тања Мишчевиќ, Мартин Дворак, Мајлинда Дука, Хелене Холм-Петерсен, Анжеј Франгеш, Симонида Кацарска и Деа Елмаслари, под модераторство на Програмската директорка на Центарот за европска политика (CEP), Милена Лазаревиќ. Во Паркот на поезијата, тој заедно…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска беше во посета на ИТ компанијата „ИТГМА ДОО”–Скопје, специјализирана за компјутерско програмирање и консултантски услуги. Компанијата, која има над 100 вработени, е основана во 2009 година и освен во Скопје, има канцеларии и во Белград, Република Србија, како и во Обединетите Арапски Емирати. Како што соопштија од владината прес-служба, компанијата е корисник на финансиска државна помош во износ од близу 95 илјади евра, со што го реализирала нивниот План за инвестицискиот проект за периодот од 2020 до 2024 година. „Денеска сме во посета на една од најуспешните македонски компании, која…
БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Тој мора да е надчовек. Во ничеанска смисла. Во време на епските, библиски, би рекол, мојсиевски напори да го крене нивото на Црвеното море и да го спречи преминот на Македонците во ветената земја Европа, тој наоѓа инспирација, мотивација, време и стрв да лапне некој денар месо како мршојадец од алфа тип, да го тужи Џабир Дерала за клевета и душевни болки во денарска противвредност од 60.000 денари. Ѓоковиќ, Јокиќ и Тесла+Гоце Делчев и Даме Груев не би можеле да се доближат до овие остварувања со 30 гранд слема, со десет прстени и со пет манекенски револуции со…
Во областа е започната голема операција за пребарување и спасување. Властите соопштија дека досега се спасени 104 лица по ноќниот инцидент на околу 75 километри југозападно од јужниот грчки регион Пелопонез. Рибарски брод со десетици мигранти утрово се преврте и потона во близина на јужниот брег на Грција при што загинаа најмалку 32 лица. Во областа е започната голема операција за пребарување и спасување. Властите соопштија дека досега се спасени 104 лица по ноќниот инцидент на околу 75 километри југозападно од јужниот грчки регион Пелопонез. Четворица од преживеаните се хоспитализирани со симптоми на хипотермија. Не е јасно колку патници би…
НЕНАД ЈОВАНОВИЌ Џабир Дерала е еден од „припадниците“ на големиот граѓански активизам во оваа земја. Покрај тоа, Дерала е публицист, писател, есеиста – интелектуален „хулиган“ што го промени, готово револуционерно, нашиот културен и медиумски простор, а сè тоа во пркос на насилниот, пагански, фундаменталистички и националистички простор. И сите врсти на национализам љубоморно го гледаат (со децении) овој човек, самозаљубени во својот неизмиен папок… Имено, пред два дена прочитав на Фејсбук дека Мицкоски го тужи Дерала заради некој негов текст, го тужи заради „шиење на текстот (и светот)“. Дали сте го прочитале Кафкиниот „Замок“? Знаете, некој го клеветеше Јозеф-а К……
Во Музејот на современата уметност – Скопје синоќа, во присуство на бројни гости и почитувачи на уметноста, свечено беше отворена изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на МСУ-Скопје, подарени од уметници од Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Изложбата, како што информираат денеска од Министерството за култура, е резултат на заедничката соработка на амбасадите на земјите од Вишеградската група и Музејот на современа уметност – Скопје. Со изложбата се одбележува и 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во поздравното обраќање истакна дека оваа изложба е доказ за едно долготрајно пријателство помеѓу нашата земја, и земјите…
Во интервју за „Локално“ вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека процесот на уставните измени е поврзан со евроинтегративните процеси на државата и нивното забрзување, на што не смее да му се додава доза на политичка несигурност. -Ова е шанса и како држава да излеземе од нашето политичко минато кога националните политички одлуки беа проследувани трауматично од страна на бизнис сектор. Ние ќе влеземе и во процес преку која отпорноста на економијата на политички шокови ќе биде засилена со поддршка на Брисел, вели Битиќи. Тој истакна дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во нејзиното обраќање на форумот ГЛОБСЕК,…
Во новиот состав на црногорскиот парламент, според прелиминарните резултати, ќе има пратеници од 20 партии кои учествуваа на вонредните парламентарни избори на 11 јуни. Некои партии се настапија самостојно, други како дел од предизборни коалиции, објави денеска РТЦГ. Листата на Движење Европа сега (ПЕС), според прелиминарните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), освои 24 пратенички места. ПЕС ќе има 18 места во Собранието, а по едно ќе имаат Обединета Црна Гора, ЦИВИС, Алтернатива, Нова листа и Партијата за правда и помирување (СПП), а во Движењето има и еден независен претставник. Демократската партија на социјалистите ќе има 17 пратеници во парламентот.…
Вработен во основното училиште „Лукавац Град“ во Федерацијата БиХ е тешко повреден во пукањето што се случи утрово. Како што потврдија за Klix.ba, пукањето го извршил малолетен ученик, која полицијата го ставила под контрола. Утрово околу девет часот во основното училиште „Лукавац Град“ дошло до пукање во кое според првичните информации еден вработен е тешко повреден. Се уште не е потврдено за кого точно се работи, со оглед на тоа дека според едни сознанија бил застрелан педагог, а според други наставник. Оваа информација за Klix.ba ја потврди и градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ, посочувајќи дека пукањето го извршил ученик. Според…
Уште поголем прашалник е кој ќе го наследи водството на партијата на Берлускони, Форца Италија. Многумина, дури и внатре во партијата, стравуваат дека Форца Италија би можела да биде мртва без Берлускони, а нејзините членови се префрлаат на други десничарски партии како што е Лигата на Браќата на Италија на Џорџа Мелони. Берлускони имаше две деца од првата сопруга и три од втората. Сите тие ќе ја наследат империјата што медиумскиот тајкун ја изгради од нула. Пет деца, израснати во сенката на нивниот моќен, богат, безмилосен татко – човек на кого се огледуваше нацијата, кој изгради медиумска империја што ја…
Кабинетот на високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, подготвил предлог за пакет мерки насочени кон Владата на Косово и премиерот Албин Курти, поради недостиг на политичката волја за да се преземат неопходните мерки за деескалација на ситуацијата на северот на Косово. Како што пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ) од дипломатски извори во Брисел, меѓу предложените мерки што ги подготвил кабинетот на Борел е да се блокираат сите покани за Косово на настани од високо ниво и да се откажат билатералните посети на Приштина, освен оние кои имаат за цел решавање на кризата на…
Филмови за Леонард Коен, Френк Запа и музичката група „Леб и Сол“; изложба на фотографии од Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. Под мотото „Приказните зад музиката“ во Кинотеката на С. Македонија, викендов (17 и 18 јуни), ќе биде одржано 9. издание на Скопје Синема Сити, единствениот филмски фестивал кај нас, посветен на музичките документарни филмови. Фестивалот. кој по деветти пат и оддава почит на синергијата меѓу музиката и филмот, годинава во својата програма вклучува изложба и три исклучителни документарни филмови посветени на творештвото на едни од највлијателни фигури во историјата на музиката, неповторливите Леонард…