Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Собраниската Комисија за култура денеска го разгледа Предлог-законот за употребата на македонски јазик во прво читање и едногласно одлучи дека е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање. Министерството за култура со Советот за македонски јазик, пристапија кон изготвување нов закон за употреба на македонскиот јазик имајќи предвид дека, и покрај тоа што актуелниот Закон има позитивни ефекти во подигањето на јазичната култура во државата, во практиката сè повеќе се забележува непочитувањето на законските мерки и негрижата за македонскиот јазик во различни сегменти и на различни нивоа од општествениот живот. Пред членовите на собраниската комисија, министерката за култура…
Разговараше: Ана Василевска „Глупоста е површна, плитка, празна, коруптивна, а поради ова исплашена, агресивна и многу бучна. За глупоста е „разумно“ да се случи нуклеарен холокауст за да се спаси православието“. Приказната за комичарот во депресија во претставата „Веќе не ни смешно“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, ги преполни сите пет досегашни изведби на сцената во Театар Комедија. Оваа претстава во која границата урнебесно смеење од „црн хумор“ и истовремено брутално соочување со аномалиите на денешницата кои се однесуваат на хуманоста, кризата на меѓучовечките односи, карикатуралната стварност, е како чекорење по жица. Интересот што го предизвика темата дека „веќе не…
Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека е загрижен од ултимативните тонови на сојузниците кон Косово. На прес-конференцијата за ситуацијата на северот на Косово, на прашањето зошто сега ја чувствува оваа загриженост, Рама рече дека е „загрижен поради последните ултимативни тонови на сојузниците за Косово“, кои според него „може да донесат непроценливи последици“. Тој го спомена и зголемувањето на бројот на војници во Косово, што, според него, значи намалување на суверените капацитети. „Многу сум загрижен поради драматичното опаѓање на Косово во очите на сојузниците и ултимативните тонови на сојузниците, што може да има непроценливи последици во многу аспекти, почнувајќи од…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во „Аудиториум“ истакна дека премиерот Димитар Ковачевски имал јасна позиција и понуда до опозицијата – веднаш да се гласа за потребата за отворање на Уставот, потоа да се формира и Влада во која ќе учествува и опозицијата, а потоа да се доврши процесот на уставните измени и да се заврши скрининг фазата. „Денеска опозицијата некако ретерира од ставот дека е за уставните измени за разлика од вчера. Ние сме подготвени уште веднаш да се формираат работни групи и тимови како да се имплементира оваа идеја“, рече Маричиќ. Тој додаде дека власта е…
По вчерашната лидерска средба а по повод промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени, премиерот Димитар Ковачевски за утре свикал итни седници на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ, дознаваме од СДСМ. „Состаноците на највисоките тела на партијата доаѓаат веднаш после одржувањето на лидерската средба а повод се промената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски кои ги прифатија уставните измени нивно учество во Влада за европска иднина. Во вакви нови околности заседаваат органите на партијата а очекувано е темата да биде начинот и формата со којашто ќе продолжат разговорите со ВМРО-ДПМНЕ.“, брифираат…
Судскиот совет констатираше престанок на мандатот на членовите Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски по нивното барање да си дадат оставка. На денешната, 444-та итна седница на Судскиот совет, врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова изјави дека од кога е член на советот имала определени моменти на разидување во однос на заземените ставови на оваа институција. Како пример ги издвои одбивањето на Судскиот Совет да ги достави списите до Врховниот суд како и првите постапки кои што беа водени од страна на Судскиот совет во однос на избор на судии во повисок суд. Потоа следуваше седницата во април кога дојде до разрешување на…
Пред самиот крај на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал, вечерва во 18.30 часот во Кинотеката, премиерно ќе биде прикажан филмот „Совршен број“ (2022) на Кшиштоф Зануси. Легендарниот режисер, добитник на „Златен лав“ во Венеција во 1984 година, наградуван на Кан, Локарно, Берлин, Монтреал, Токио – Зануси, пристигнува во Скопје како гостин на Фестивалот, а публиката ќе има можност за дискусија по проекцијата. Зануси е еден од 40 основачки членови на Европската филмска академија, предводени од Ингмар Бергман. Што да се избере помеѓу разумот, љубовта и верата? Со оваа дилема се соочуваат главните ликови во најновиот филм на светски познатиот…
Поранешната главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири вели дека актуелниот косовски премиер, Албин Курти „нема потреба да се урива“, затоа што „самиот паѓа“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на нејзината страница на Фејсбук, по повод барањата упатени до Курти од страна на ЕУ и САД за преземање мерки за деескалација на состојбата во северно Косово, Тахири вели дека косовскиот премиер е „во потрага по излез од ќор-сокакот што самиот го создаде“. По забелешките што му ги упатија на Курти претставниците на ЕУ и САД во врска со неговите дејствија во северно Косово, каде…
Во собрансиката Комисија за култура денеска треба да почне разгледувањето на Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик. Предлагач на законот е Министерството за култура, а целта е подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба во јавната и во службената комуникација, почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во таа насока. Со новиот закон, според предлагачот, ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително…
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) следната недела ќе го зголеми своето присуство во нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, соопшти агенцијата на ОН. Нов, поголем тим ќе ја замени групата која моментално се наоѓа во нуклеарката во јужна Украина кога директорот Рафаел Гроси ќе ја посети следната недела, се вели во соопштението на МААЕ. – Во светло на интензивирањето на активностите на МААЕ според нововоспоставените принципи, Гроси ќе го зајакне присуството на МААЕ на локацијата, заменувајќи го сегашниот тим со поголема група која ќе патува со него преку линијата на фронтот, се вели во соопштението.
Минимална плата од 880 евра, зголемување за 10 отсто на платите во јавниот сектор; враќање на 13-та пензија; намалување на ДДВ на прехранбените производи; предвидува, меѓу другото, економската програма на грчката опозициска партија СИРИЗА за „просперитет за сите“, јави дописничката на МИА од Атина. Лидерот на партијата Алексис Ципрас синоќа ги презентираше седумте чекори од програмата „Грција 2027“, односно како што рече, „стратешкиот план што ќе овозможи силни јавни политики за да се гарантира социјален просперитет за сите, а не само за моќните и привилегираните“. Првиот чекор, според Ципрас е обнова на производниот и развојниот модел за фер одржлив и…
Зградата на Парламентот на Црна Гора утрово е евакуирана поради дојава дека во институцијата е поставена бомба. Претставници на полициската управа за „Вијести“ информирале дека дојавата била примена кусо пред осум часот. Припадници на полициската управа преземаат мерки и дејствија што се во нивна надлежност и се работи на проверка на информациите, велат од полицијата во Подгорица. Претставници на Министерството за образование за „Вијести“ неофицијално изјавиле дека дојави за бомби добиле и неколку училишта во Подгорица, како и едно средно училиште во Никшиќ.