Author: Ана Василевска

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за Украина „кога ќе дојде време“. „Помина долго време од мојот последен телефонски разговор. Но, кога ќе дојде време, имам намера повторно да разговарам со Путин“, рече Шолц во интервју објавено од дневниот весник „Келнер Штад-Анзајгер“. Што се однесува до решавањето на конфликтот, „Русија мора да разбере дека не може да се работи за замрзнување на некој вид студен мир, според кој сегашната линија на фронтот би станала новата граница меѓу Русија и Украина. Ова само ќе му даде легитимитет на криминалниот потфат на…

Read More

Министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај денеска во парламентот во Тирана презентираше предлог закон со кој се отвора пат за зголемување на платите во администрацијата. Ибрахимај најави дека реформата на платите во администрацијата создава соодветни услови администрацијата да стане конкурентна. „Имаме намера да ја подобриме хиерархијата, да привлечеме и задржиме квалификувани вработени во администрацијата. Правиме директна врска помеѓу позицијата и соодветната одговорност со платата. Даваме подобра плата и ќе очекуваме подобра работа за секоја плата“, рече таа. Ибрахимај најави дека реформата дозволува на секои два лека собрани во буџетот од даноци и такси, еден лек да оди…

Read More

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, која е во домашен притвор од април, е условно ослободена. Движењата на поранешната потпретседателка на парламентот Ева Каили повеќе не бараат деноноќен надзор, соопшти во четвртокот белгиското федерално обвинителство. Каили е во домашен притвор од нејзиното ослободување од затвор минатиот месец. „Ова ослободување подлежи на вообичаените услови во такви случаи“, се вели во соопштението. Запрашан за новите услови наметнати на Каили и дали таа би можела да патува во странство, портпаролот на обвинителството рече дека не може да образложи. Каили е клучниот осомничен во срцето на корупцискиот скандал што го потресе законодавното тело на Европската…

Read More

Во 2023 година, оценките за демократија се намалија во 11 од 29 земји во извештајот, а 7 земји заработија подобрувања, меѓу кои е Северна Македонија која и покрај засилените безбедносни закани, историската бегалска криза и економското нарушување поврзани со конфликтот забележала демократски напредок изминатата година со оценка 3.86 за демократски прогрес, за разлика од претходниот извештај кога оваа оценка била 3.82, со што е  најдобро рангирана од земјите во Западен Балкан. Сепак, граѓанските активисти и демократските лидери продолжија да се стремат кон подобро владеење низ различни региони во 2023 година., се вели во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом Хаус“ . 19-та година…

Read More

Над 1,89 милиони турски државјани досега го дадоа својот глас во странство на вториот круг од претседателските избори во Турција закажани за 28 мај, јави Анадолија. Гласањето во дипломатските претставништва заврши вчера, додека гласањето на граничните премини ќе продолжи до 17 часот по локално време во недела. Според Врховната изборна комисија на Турција, над 1,89 милиони луѓе (1.895.430) го дале својот глас во турските претставништва во странство и на граничните премини до 10 часот по локално време денес. Во првиот круг избори на 14 мај, вкупно 1.839.470 турски државјани во странство излегоа да гласаат на претседателските и парламентарните избори. Според…

Read More

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ на прес-конференцијата во Белград со преседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи, изјави дека односите со Македонија се во нагорна линија и релаксирани од разни негативни влијанија и дезинформации, јави дописникот на МИА. „Дозволете да го истакнам нашето големо задоволство од напредокот на односите со Северна Македонија, тие се релаксирани од разни негативни влијанија и дезинформација и погрешни интерпретации, и тие се во нагорна линија.Важно ни е учеството на Македонија во Отворен Балкан, и се согласувам со Бујар Османи што тој смета дека ова не е само економска иницијатива, туку и…

Read More

Светот мора брзо да се откаже од фосилните горива и да стави крај на „бесмислената војна против креацијата“, рече денеска папата Франциск, во новиот говор за климатските промени во кој ги повика луѓето да се покаат за своите „еколошки гревови“. Папата Франциск ја постави заштитата на животната средина во основата на својот понтификат, истакнувајќи во неговата значајна енциклика „Laudati Si“ од 2015 година дека планетата „почнува да изгледа сè повеќе како огромен куп нечистотија“. Во пораката за Светскиот ден на молитвата за грижа за создаденото, тој рече дека самитот на ОН за климата во Дубаи, што ќе се одржи од…

Read More

Претседателот на Нова српска демократија, Андрија Мандиќ изјави дека е голема опасност мешањето на странските амбасади во внатрешниот политички живот на Црна Гора. „Тие странски амбасади имаат план да формираат коалиција на Европа сега заедно со подмладената ДПС. Тоа е нивната намера. И затоа нашата коалиција треба силно да се поддржи, за да не се реализира овој опасен проект, односно старите поразени сили да се вратат на задната врата и да продолжат таму каде што застанале“, изјави Мандиќ на предизборната средба на коалицијата За иднината на Црна Гора (ЗБЦГ) во Будва. Тој посочи дека нема да гледа дали парите на…

Read More

Шпекулација, замајување на јавноста, најнова лага и уште една небулоза во низата, вака премиерот Димитар Ковачевски денеска ја коментираше изјавата на претседеталот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски според кој „власта со уставните измени работи на создавање бинационална држава“. „Тоа е уште една од низата небулози и замајување на јавноста од страна на опозицијата, истата таа опозиција зборуваше и дека во државата ќе има не знам колку милиони мигранти, дека државата ќе се кантонизира, дека со гласањето на францускиот предлог ќе сме станеле бугаризирани и асимилирани и дека ќе сме го изгубеле македонскиот јазик, но ништо од тоа не се случи. Ова…

Read More

Сигурен бев дека ќе оствариме голема победа, но ако ме прашувате, со рака на срце, дали очекував толкава разлика помеѓу Нова демократија и СИРИЗА, храбро ќе кажам „не“, истакна премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина. На изборите во неделата, Нова демократија победи со 40,79 проценти од гласовите, 20 отсто повеќе од СИРИЗА, а Мицотакис вели дека никој не можел да предвиди, дека неговата партија ќе има повеќе од двојно поголем процент од втората партија и дека ќе го зголеми не само процентот, туку и бројот на гласови. „Сигурно беше…

Read More

Втората меѓународна конференција „Филозофија и филм“ (Philosophy and Film), ќе се одржи денеска и утре (25-26 мај) во онлајн формат од 14 часот до 20 часот и истата ќе може да се следи на зум линкот што ви го испраќаме подолу. На Конференцијата која што е организирана во во шест сесии ќе земат учество 24 реномирани истражувачи во полето на филм-филозофијата од целиот свет (САД, Канада, Романија, Босна и Херцеговина, Шведска, Италија, Швајцарија, Турција, Шпанија, Велика Британија, Ирска, Португалија, Унгарија, Србија, Украина, Грција, Хрватска и Македонија). Кеynote говорители на Конференцијата ќе бидат светски познатите во ова подрачје на истражување, Дејвид…

Read More

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, говорејќи за иницијативата Отворен Балкан истакна дека од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија, што ќе им овозможи на граѓаните на овие земји слободно да се вработуваат во овие три земји во корист на компаниите и економиите на членките на Иницијативата. Чадеж на ТВ Пинк изјави дека саемот на вино во Белград „Винска визија на Отворениот Балкан“ и саемот на вино „ВинИтали“ во Верона беа одлични можности за промоција на регионот и на нови деловни зделки. „Важно е ние да соработуваме…

Read More