Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Пратеничката група на СДСМ остава простор, како и мнозинството, во оние услови, во време и во формат што одговараат на опозицијата да се направи достапен Договорот на оние лица кои што имаат безбедносен сертификат, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, прашан дали се очекува неделава да се направи презентација на Договорот со „Бехтел и Енка“ пред пратениците со безбедносен сертификат. Тоа, според Маричиќ кој утрово како претставник на Владата присуствувал на собраниската координација по ова прашање, секако зависи од динамиката на договор меѓу претседателот на Собранието и опозицијата кога и како ќе одлучат тоа да се направи. Владата нема…
Европската комисија денеска соопшти дека најостро го осудува обидот за бомбашки атентат на главниот обвинител на Бугарија. Дознавме за ова недозволиво дејствие, рече портпаролот на комисијата во одговор на прашање на прес-конференција, јави БТА. „Ова е бесмислен и кукавички чин на насилство за кој нема место во нашето општество. Очекуваме националните власти одлучно и брзо да ги изведат сторителите на овој грозоморен чин пред лицето на правдата. Засега не можевме да претпоставиме кои се причините за таквиот напад“, додаде портпаролот. Вчера попладне одекна експлозија на патот, во момент кога автомобилот на главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговата колона…
Според официјалниот извештај на Заводот за јавно здравје на Албанија, во првиот квартал од годинава и тоа само во период од еден месец потврдени се осум нови случаи со ХИВ/СИДА, од нив петмина мажи и три жени. Петмина од заразените се од Тирана, двајца од Елбасан и еден од Берат. – Оваа полово пренослива болест од година во година продолжува да го зголемува бројот на заразени. Во повеќето случаи, заразени се млади луѓе. Во однос на возраста, еден случај припаѓа на возрасната група од 16-24 години, три случаи од 25-34 години, еден случај од 35-44 години и три случаи припаѓаат…
Премиерот Димитар Ковачевски е во работна посета во Соединетите Американски Држави. Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски се и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Во рамки на работната посета која започнува утре, на покана на претседавачот на Советот за безбедност на ООН, Швајцарија, предвидено е обраќање на премиерот Ковачевски на отворената седница на Советот за безбедност, во седиштето на организацијата на Обединетите нации во Њујорк. Како што соопшти владината прес-служба, за време на престојот во Њујорк, како дел од програмата за одбележувањето на 30-годишнината од членството…
Министер за труд на Уганда, Чарлс Енгола денеска е убиен од неговиот телохранител, најверојатно поради приватни несогласувања, објавија локалните медиуми. Енгола беше пензиониран армиски полковник. Според државната телевизија на Уганда, напаѓачот, чиј идентитет не се соопштува, пукал во министерот, а потоа и во себе. Инцидентот се случил во домот на Енгола во главниот град на Уганда, Кампала. Според локалните медиуми спорот бил за платите на обезбедувањето. Очевидци тврдат дека војникот викал дека долго време не добил плата, иако работел за министерот, објави порталот „Најлпост“.
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска одржа редовна координација со координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии претставени во Собранието, на чиј дневен ред, како што информираат од собраниската прес-служба било и претставувањето на Договорот за изградба на Коридорот 8 и 10д пред пратениците во Собранието. „Ставот на присутните на координацијата е дека, со оглед на тоа што иницијативата е на опозицијата, а опозицијата не присуствува на координација; опозицијата да предложи надлежно тело за разгледување на Договорот до претседателот и да определи датум кога ќе се разгледа Договорот. Веднаш по отворањето на комисиската седница,…
Одложена е денешната седница на Судскиот совет на која требаше да се избира наследник на разрешената претседателка Весна Дамева. – Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека 439-та итна седница која беше одложена за ден 02.05.2023 година (вторник) во 11:00 часот се одлага. За денот и часот на одржување на седницата дополнително ќе биде објавено соопштение, стои во денешното соопштение од Судски совет. Причината за одложувањето засега е непозната. Весна Дамева беше разрешена неочекувано минатата среда на јавна седница на Судскиот совет. Директен повод за разрешување на Дамева било нејзиното одбивање да стави на дневен ред нова точка и…
Во Албанија од денеска почнува втората фаза од имплементацијата на новата судска мапа, во која се затвораат 9 судови и првостепените регионални обвинителства, како дел од судските реформи. Косовските медиуми меѓу другото, известуваат за денешната средба помеѓу премиерот Албин Курти и српскиот претседател, Александар Вучиќ во Брисел. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. АЛБАНИЈА Сури: Нова судска мапа/ Од денеска „распуштени“ 9 судови и обвинителства „Со втората фаза од имплементацијата на новата судска мапа од денеска се затвораат 9 судови и првостепените обвинителства во…
Во Молдавија е уапсена Марина Таубер, една од лидерките на долготрајните опозициски протести, со кои се бара оставка од проевропската Влада во Кишињев. Таубер беше во првите редови на уличните протести против претседателката на Молдавија, Маја Санду, која се залага за брза интеграција во Европска Унија. Таа е висок член на втората по големина опозициска партија, предводена од Илан Шор, кој живее во егзил во Израел и минатиот месец беше осуден на 15 години затвор поради банкарска измама. Таубер се соочува со обвиненија за измама за финансирање на партијата и беше уапсена додека се обидуваше да отпатува во Израел, при…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска телефонски разговарал со шефот на дипломатијата на Украина Дмитро Кулеба. Османи го информирал Кулеба за одлуката Северна Македонија да се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина. „Ваквиот чекор претставува уште една потврда за нашата континуирана поддршка за Украина во борбата за правда, слобода и споделените демократски вредности. Руската агресија мора што поскоро да престане, а извршителите на воените злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата, нагласил Османи“, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи. Османи ја реафирмирал, како што…
Неколку судири меѓу противниците и поддржувачите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беа пријавени во понеделникот во Франција. Вчера на избирачките места во јужниот француски град Марсеј избувнаа тепачки, додека Турците кои живеат во странство гласаа на клучните избори во земјата. Четворица полицајци, наводно, биле повредени обидувајќи се да ги раздвојат навивачите на актуелниот лидер Реџеп Таип Ердоган и оние кои му се спротивставуваат. Првата тепачка се случила околу 14 часот и 30 минути. по локално време, при што четири лица се хоспитализирани од насилството. Полицајците подоцна употребија солзавец. Судирите продолжија во текот на целиот ден и покрај присуството на…
Познато уметничко дело од банана на Маурицио Кателан, изедено од гладен посетител на музејот во Сеул
Замислете ја сцената: гладни сте и во музејот што го посетувате има банана залепена на ѕидот. Проклета да е уметничка инсталација. Стомакот не бира кога му се јаде … Кога ќе помислите на скап оброк, вашиот ум веројатно талка во намаз од Мишелин со три ѕвезди или совршено зготвен парче Wagyu стек со помош на кавијар Белуга во луксузен ресторан во Дубаи. Но, еден јужнокорејски студент изел банана која можеби е најскапата желба што некогаш ја имал. Навистина, мајсторот за уметност на Националниот универзитет во Сеул, Нох Хујн-су, изел банана која била дел од инсталацијата на италијанскиот визуелен уметник Маурицио…