Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Албанија зголемен бројот на заразени со ХИВ/СИДА, само во еден месец заразени осум лица

0
By Ана Василевска on May 2, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 2, 2023 14:05

Според официјалниот извештај на Заводот за јавно здравје на Албанија, во првиот квартал од годинава и тоа само во период од еден месец потврдени се осум нови случаи со ХИВ/СИДА, од нив петмина мажи и три жени.

Петмина од заразените се од Тирана, двајца од Елбасан и еден од Берат.

– Оваа полово пренослива болест од година во година продолжува да го зголемува бројот на заразени. Во повеќето случаи, заразени се млади луѓе. Во однос на возраста, еден случај припаѓа на возрасната група од 16-24 години, три случаи од 25-34 години, еден случај од 35-44 години и три случаи припаѓаат на возрасната група од 45-54 години. Сакам да ја изразам нашата загриженост дека повеќето од заразените доаѓаат во стадиум на СИДА, вели Невала Круемади, инфектолог.

Во земјата функционираат 14 советодавни центри и има доброволно бесплатно тестирање, како форма на превенција, но, според надлежните лицата се тестираат кога болеста веќе е во повисок стадиум.

Во моментов во Албанија, 780 возрасни и 12 деца со ХИВ се вклучени во шемата за лекување. Едно од децата, сега на двегодишна возраст, според тврдењето на родителите, кои биле негативни на тестот, било заразено како бебе во 2021 година, при добивање здравствена услуга,  поради што покренале и судски процес.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во текот на 2022 година се идентификувани 80 нови случаи на ХИВ-СИДА. Најголем број на дијагностицирани случаи дури 61 се од машкиот пол. Како последица на болеста починале 11 лица, од кои пет биле дијагностицирани истата година.

Најпогодени се тинејџерите и младите. Возрасната група е намалена, има под 20-годишна возраст, при што има пациенти на 14 или 15 годишна возраст и со генитални инфекции и со ХИВ/СИДА.

Првиот случај на заразен од ХИВ/СИДА во Албанија е регистриран во 1993 година, од кога официјалната бројка на заразени е над 1.100, но се верува дека тој број е многу повисок. Од оваа болест до сега починале околу 200 лица.

Албанија Заразени ХИВ/СИДА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

ВЕСТИ May 26, 2026

Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои,…

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.