Author: Ана Василевска

Најмалку 108 полицајци беа повредени вчера во Франција, од кои 20 во Париз, на собирите по повод Меѓународниот ден на трудот, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин, додавајќи дека 291 лице се приведени низ целата земја, од кои 90 во главниот град. Таков број повредени припадници на безбедносните сили „на 1 мај е исклучително редок“, додаде министерот за внатрешни работи, кој „најостро го осуди насилството“. „Полицаецот кој беше погоден со молотов коктел во Париз има изгореници по лицето и рацете, но неговиот живот не е во опасност“, изјави Дарманин. Во понеделникот, неколку стотици илјади луѓе ширум Франција учествуваа…

Read More

Обвинители, истражители и судски службеници во Бугарија денеска ќе протестираат пред судовите низ државата. Судиите спонтано се одлучија на таков чекор по обидот за атентат врз главниот бугарски обвинител Иван Гешев. Според нив нападот врз правдата и националната безбедност е без преседан по својата дрскост и размери. Според бугарските медиуми протестот ќе почне во 11 часот по локално време. Со протестот, вработените во Обвинителството и истрагата сакаат и да му изразат поддршка на главниот обвинител и да го покажат своето единство против обидите за нивно заплашување.

Read More

„Регионот мора да настапува заедно, а енергетскиот сектор е вистински пример за заедничко работење. Започнавме и имаме добра иднина ако ги споделуваме ресурсите и си помагаме“ рече Зоран Заев, експремиер и основач и директор на Фондацијата Заев на Делхи економскиот форум во Грција. Експремиерот истакна дека со заеднички настап на регионот ќе бидеме покомпетитивни и попочитувани од останатите земји. „Оваа соработка беше видлива минатата година, а ќе биде уште поважна за следната зима. Сега треба да ја продолжиме соработката“ рече Заев. Тој додаде дека кога минатата есен постоеше страв дали ќе има рестрицкии и доволно енергија, земјава побара помош од…

Read More

Американската aмбасада во Скопје во врска со последните случувања во Судскиот совет денеска повторно изрази надеж дека ќе има независно и одговорно судство без разлика кој ќе биде во раководството. „Амбасадата на САД се надева дека ќе има независно и одговорно судство без разлика кои се неговите раководители. Ова е од суштинско значење за градење доверба во институциите на судството во Северна Македонија, наведуваат од Амбасадата на САД за телевизија Алсат во врска со разрешувањето на претседателката на Судскиот совет“, Весна Дамева. Судскиот совет во средата на јавна седница неочекувано ја разреши претседателката Весна Дамева. Директен повод за разрешување на…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД целосно ги поддржуваат последните одлуки на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, со кои тој го деблокира формирањето на влада на Федерацијата БиХ. „САД целосно ги поддржуваат активностите на високиот претставник да и помогне на Босна и Херцеговина да се движи кон евроатлантските интеграции. На народот на Босна и Херцеговина им е потребна и заслужува функционална, ефикасна и одговорна влада“, објави Блинкен на својот официјален профил на Твитер. Шмит вчера наложи одлуки кои ќе овозможат формирање нова влада на Федерацијата БиХ, за чие именување повеќе не е потребна согласност од сите членови…

Read More

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување. Како што соопшти УФП, пријавените физички лица, во својство на управители на пријавените правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за правните субјекти, во периодот од 1 јануари до 25 април година, значителен дел од набавената трговска стока – прехрамбени производи, евидентирана на залиха во износ од 112.727.586 денари неосновано ја присвоиле за…

Read More

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти го потврдија доаѓањето на новата рунда од бриселскиот дијалог на 2 мај, соопшти Европската служба за надворешни работи. Заедничката средба на Вучиќ, Курти, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, ќе започне во 18 часот. На средбата ќе се разговара за имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, договорен на 18 март во Охрид. Како што претходно најави Лајчак, се очекува страните да ја усвојат Декларацијата за исчезнати лица, што ќе биде прва точка на…

Read More

Ако сакаме да градиме инфраструктура во државата и да не ја градиме по 15-20 години, туку да ја завршиме за четири години и седум месеци, како што е договорот со „Бехтел и Енка“, тогаш, праксата, не само кај нас, туку и насекаде во светот, покажува дека треба да дозволиме и прекувремена работа, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. На новинарско прашање пред настанот „БЗР од мали нозе – чекор по чекор, 5 години заедно работиме за БЗР“, организиран по повод одбележување на 28 април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, министерката рече дека Законот…

Read More

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во четвртокот вечерта не бил итно примен во болница, како што пренесоа многу медиуми, потврдено е во кабинетот на претседателот за весникот Данас, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ изјави за Спутник дека е во „добра здравствена состојба“ и дека денеска оди на планирана обиколка на Зајечарскиот округ. Неколку портали во Србија, но и во регионот, во четвртокот вечерта соопштија дека Вучиќ бил примен во болница, „но не и во ВМА, како што пишуваше на социјалните мрежи“, каде беа пласирани различни дезинформации за здравствената состојба на претседателот на Србија. Порака за поддршка до Александар…

Read More

Групата климатски активисти „Последна генерација“ повторно го попречи нормалното одвивање на сообраќајот во Берлин со неколку блокади. Околу 500 полицајци беа распоредени за да ги спречат или брзо да ги растераат акциите, соопшти утрово преку Твитер локалната полиција. Портпаролката на полицијата ја опиша акцијата како „динамична“ и рече дека имало десетина блокади на улици во главниот град на Германија. „Last Generation“ соопшти дека различни главни патишта и сообраќајни јазли кои водат во градот биле засегнати, вклучувајќи го и автопатот A100. Групата повикува на порешителна акција за борба против климатските промени и за формирање на граѓанско собрание со избрани членови за…

Read More

„Ниту јас како претседател на Влада, ниту кој било министер, не се меша во работата на Судскиот совет или на Советот на обвинители. Правосудните органи треба да бидат на ниво на кое ќе си ја извршуваат својата работа и нема да имаат никакво политичко влијание. Ако некој им се мешал во работата, тоа ќе треба самите да го пријават низ соодветна процедура“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски прашан за разрешувањето на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, по увидот на градежните активности на патот Ранковце- Крива Паланка. Ковачевски потсети на соопштението на министерот за правда во врска со овој случај…

Read More

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган може да ја продолжи својата изборна кампања само во ограничен обем поради неговата болест, јави ДПА. Тој одлучи да не се појави лично на денешната закажана инаугурација на мост во Адана, јужна Турција. Сепак, тој ќе присуствува преку телеконференција во живо од неговата канцеларија. Ердоган ретко ги пропушта инфраструктурните инаугурации каде што го промовира својот реизбор на 14 мај. Тој во средата го пропушти отворањето на линијата за брз воз што беше отворена во Анкара. Ердоган водеше интензивна предизборна кампања и вообичаено се појавуваше по три пати дневно пред публика. На 69-годишниот турски претседател му…

Read More