Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Шефот на Делегацијата на ЕУ во БиХ, Јохан Сатлер, денеска ја осуди одлуката на Парламентот на Република Српска да повика на оставка на единствениот српски судија во државниот Уставен суд, предупредувајќи дека тоа е уште еден чекор што води кон ескалација на кризата во земјата, и дефинитивно е спротивен на аспирациите за членство во ЕУ. „Сè што гледаме од минатата година се чекори кои водат кон ескалација (на кризата)“, рече Сатлер за новинарите во Сараево, каде учествуваше на конференција посветена на функционирањето на судството во Босна и Херцеговина. Националното собрание на Република Српска вчера со гласовите на владејачкото мнозинство, предводено…
Ако се договориме за програмата, нема да има значење во кој мандат ќе се случи, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во врска со можностите за формирање на редовна влада на Бугарија. Борисов рече дека денеска ќе се разговара по сектори во рамките на програмата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП – ДБ) за да се види колку е таа реална, дали е преценета, дали се финансира. Според Борисов, програмата на ГЕРБ-СДС е многукратно подобра, поконкретна, подетална, со сите сектори во неа. Тој нагласи дека се обидел да се огради од разните „коментатори“, но додаде дека „не е фер…
Како одговорни политичари треба да имаме договор околу националните интереси, а не околу криминалот. Апсолутно сум против амнестија на сите осудени од 27 април, предлозите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги поднесува изминатиов период, наведува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објавата на неговиот фејсбук профил по повод одбележувањето на шестгодишнината од нападот врз македонското Собрание на 27 април 2017 година. „Точно шест години од организираниот напад врз македонското Собранието на 27 април 2017 – кулминација на двегодишната политичка криза, луѓе маскирани, со качулки на глава извршуваат напад на институциите и напад на пратеници, поттикнати од лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ. Целта беше…
Ајхан Каја, професор по политика и директор на Европскиот институт на Универзитетот Билги во Истанбул, верува дека учеството на избори од странство покажува дека политичките, културните, социјалните и економските врски на оние кои живеат надвор од Турција со нивната татковина остануваат силни. Од денеска Турците кои живеат во странство ќе можат да гласаат за претседателските и парламентарните избори во Турција на 14 мај, а најголемата дијаспора од 1,5 милиони ќе го даде својот глас во Германија, јави ДПА. Гласањето во странство ќе биде можно до 9 мај, а само во Германија се отворени вкупно 26 избирачки места. За претседателските избори…
Денес навршуваат 7 години од незаконската забрана на Меџлисот на кримскотатарскиот народ од страна на руската окупациска администрација во Крим под измислен изговор дека нејзините активности се квалификуваат како „екстремистички“. Таканаречен „екстремизам“ руските окупатори го нарекуваат тоа што највисокото претставничко тело на Кримските Татари не ја призна руската окупација на Крим и одби да соработува со руските окупациски власти. Забраната на Меџлисот на кримскотатарскиот народ е злосторство на русија насочено против домородното население на Крим и бесрамно непочитување и кршење на основните норми на меѓународното право, вклучително и Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација, Конвенцијата на Советот на Европа…
Упатувањето амбасадори, односно шефови на дипломатски и конзуларни претставништва на Северна Македонија е регулирано со Законот за надворешни работи што предвидува сложена постапка за именување амбасадор, врз база на усогласеност од Министерството за надворешни работи и Претседателот, одобрување од Владата, како и агреман од државата на приемот, наведува МНР во реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во кое се вели дека на синоќешната владина седница била донесена одлука за назначување нови амбасадори. -Се работи за комплексен процес во кој своја улога има и Собранието, преку посебно излагање на предлог – амбасадорите пред Комисијата за надворешна политика; тоа е суштински елемент од…
Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Жан Митрев и обвинетото правно лице ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев од Скопје, и го потврди предлогот за определување на привремени мерки за обезбедување на имотно-правно побарување на Основното јавно обвинителство Скопје спрема обвинетиот и обвинетото правно лице. „Советот на овој суд најде дека првостепениот суд правилно постапил кога го прифатил предлогот на Обвинителството и спрема обвинетите определил привремени мерки – забрана за оптоварување и располагање со недвижноста наведена во изреката на решението, како и забраната за исплата на износите наведени во изреката на обжаленото решение…
На денешниот научно-наставен совет се одбра нов декан за мандатниот период 15.092023-14.9.2026 година. Професор д-р Владимир Мартиновски е избран за нов декан. Владимир Мартиновски е роден е во Скопје во 1974 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, каде што и магистрирал во 2001 г. на тема „Интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“. Докторирал на Универзитетот Париз III – Sorbonne Nouvelle, на тема „Аспекти на екфразиската поезија: Ш. Бодлер, В.К. Вилијамс, С. Јаневски, В. Урошевиќ, Џ. Ешбери и И. Бонфоа“. Работи како редовен професор по предметите „Компаративни поетики“ на Катедрата за Општа и компаративна книжевност при…
Според воздухопловните сили, групата „се состоела од два стратешки бомбардери од типот Блек Џек (Ту-160), проследени со два танкери од типот Мидас (Ил-78), како и три борбени авиони Фокхаунд (МиГ-31). Авионите на НАТО пресретнаа руски воени авиони во меѓународниот воздушен простор. Норвешките воздухопловни сили соопштија дека исфрлиле два ловци Ф-35 за да одговорат на здогледувањето на неколку руски авиони кај северниот регион Финмарк. Според воздухопловните сили, групата „се состоела од два стратешки бомбардери од типот Блек Џек (Ту-160), проследени со два танкери од типот Мидас (Ил-78), како и три борбени авиони Фокхаунд (МиГ-31). “. Откако Норвешка сподели детали за инцидентот,…
Министерството за здравство и Фондот за здравство со Владата се во фаза на преговори за обезбедување дополнителни средства за набавка на дополнителни количини од лекот „трикафта“, информираше денеска Маја Манолева, заменик министер за здравство, одговарајќи на новинарско прашање дали се обезбедени финансиски средства за набавка на лекот. Манолева потенцираше дека е многу важно што во рамки на Министерството за здравство се формираше работна група која ќе ги дефинира сите критериуми за вклучување на пациентите за лекување со лекот од кој што имаат потреба, не само „трикафта, туку и за други лекови. „Критериумите за следење на пациентите кои ќе бидат вклучени на…
Членството во НАТО, напредокот во европските интеграции и регионалното поврзување, ги отвораат економските перспективи, а тоа го потврдуваат самите бројки, истакна премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на Самитот„Македонија 2025“ . Пред учесниците на Самитот – бизнисмени од дијаспората и од државава, како и експерти од повеќе области, премиерот оцени дека Северна Македонија е во сосема поинаква позиција од пред пет години, односно, како што рече, од изолирана и бесперспективна држава, создадовме интегрирана и перспективна. Централна тема на Самитот е зајакната соработка и силно приватно – јавно партнерство во насока на градење на просперитетни економии преку дигитализација, стратешко лидерство и успешна…
Европската Унија и нејзините земји-членки ќе треба да направат многу повеќе ако сакаат да ја исполнат својата цел за преполовување на употребата на хемиски пестициди до 2030 година, предупреди денеска Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Во анализата за тоа како пестицидите влијаат врз човековото здравје и екосистемите во Европа, агенцијата истакнува дека земјоделското производство во ЕУ сè уште „зависи од големи количини хемиски пестициди за да се зачуваат приносите на земјоделските култури“. Наместо да падне, продажбата на пестициди во ЕУ од 2011 до 2020 година беше „релативно стабилна“ на околу 350.000 тони годишно. Најголеми количини од најактивните пестициди се…