Author: Ана Василевска

Вооружени офицери на ФБИ се собраа во домот на припадник на Националната воздухопловна гарда на Масачусетс, за кој се смета дека е главната личност од интерес за протекувањето на строго доверливи тајни воени документи за војната во Украина. Инспекторите веруваат дека тој бил дел од разузнавачката единица на гардата, ја водел групата за разговор каде првично биле објавени сликите од документите. Американските власти го идентификуваа осомничениот како 21-годишниот Џек Тешеира. Тој е уапсен и приведен. Јавниот обвинител Мерик Гарланд рече дека апсењето е поврзано со „наводно неовластено отстранување, задржување и пренесување на доверливи информации за националната одбрана“. Гарланд не откри…

Read More

Во Франција вчера, на 12 ден од протестите против реформите во пензискиот систем, според податоци на Генералната конфедерација на синдикатот на работници, учествувале над 1,5 милиони луѓе. Додека француското Министерство за внатрешни работи тврди дека во акциите и протестите учествувале 380.000 луѓе. Синдикатот и француското МВР исто така не се согласуваат за бројот на демонстранти во Париз. Според организаторот на протестите на улиците на Париз вчера излегле 400.000 луѓе, додека според властите учествувале само 42.000 лица. На повеќе места во Париз се судрија демонстрантите и полицијата. Демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на Централната банка, но не успеаја. Претходно демонстрантите упаднаа во седиштето на модниот гигант Луј…

Read More

Советот на Европската унија денеска во рамките на Европскиот фонд за мировна помош (ЕПФ) одобри една милијарда евра кои треба да им бидат исплатени на земјите-членки како компензација за трошоците за муниција донирана на Украина од постоечките залихи. „Со денешната одлука го операционализираме првиот дел од историскиот договор постигнат од лидерите на ЕУ за итна испорака на артилериска муниција во вредност од една милијарда евра за украинските вооружени сили. Нема подобар доказ за заедничката определба на ЕУ да продолжи да го поддржува легитимното право на Украина на самоодбрана од бруталниот руски агресор“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика…

Read More

Од денот на донесување на владините одлуки за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и за ревидирање на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, до сега се извршени над 650 инспекциски надзори и контроли. Притоа се евидентирани прекршувања на одлуките кај 22 економски субјекта за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1 300 000 денари, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Според ДПИ, во тек се постапки од кои ќе се утврдува висината на казните на оние трговци кај кои е констатирано  прекршување, а инспекторите и натаму се на терен. „Од надзорите е…

Read More

Парламентот на Холандија денеска беше евакуиран по добиена лажна бомба. По еден час, откако беа извршени проверки полицијата дозволи враќање во зградата. Лидерот на Партијата на слободата и пратеник, Герт Вилдерс изјави дека лажната бомба била наменета за него и дека тоа е причината за евакуацијата. „Пакет со кадифено мече и жици беше доставен во мојата канцеларија во Парламентот. За среќа немаше експлозив и не беше опасно, но не беше ниту забавно“, напиша Вилдерс на Твитер. Вилдерс е најпознат по неговите критики кон исламот и со години живее под строги безбедносни мерки бидејќи добива смртни закани

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој со премиерката Ана Брнабиќ и членови на владата е на средба со Србите од Косово во Рашка, им порача да се почитуваат одлуките што ќе се донесат на средбата и дека единствената цел на Приштина е да ги испровоцира Србите за да се претстават како жртви на „Зеленски“ и да ја вовлечат Србија во конфликт со НАТО, јави дописникот на МИА од Белград. „Знам дека донесовте одлука да не учествувате на изборите. Ги повикувам сите во КиМ да се обединат. Повик до сите како што сте донеле одлука така и да се однесувате и да…

Read More

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев изјави дека иако Христијан Мицкоски силно се противи на уставните измени, сепак дел од функционерите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ испраќаат сигнали на поддршка за овој процес. „Нашите пратеници комуницираат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Меѓутоа, добар дел од нив и од раководството на партијата, вклучително и еден скопски градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, испраќаат позитивни пораки на различни средби и на средби со дипломати. Испраќаат позитивни пораки и на места, настани и во разговори со луѓе за кои претпоставувам дека знаат дека ќе стигнат до нас. Тоа се охрабрувачки информации каде што тие се свесни дека…

Read More

Петтото издание на „Златна рамка 2023“ под наслов „Во наш филм“, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 20 до 22 април во Кинотека на Македонија и киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Филмската манифестација „Златна рамка“ веќе пет години претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне сите македонски филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а кои се финансирани од буџетот на државата и поддржани од Агенцијата за филм. Оваа година, манифестацијата ќе понуди вкупно 13 филмски остварувања од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, три документарни…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека наскоро Министерството за правда ќе ги објави и имињата на експертите од академската фела од работната група за уставни измени. „Во однос на комисијата таа веќе е во процес на формирање во Министерството за правда, кое ги објави експертите од политичките партии. Во текот на наредниот период тие ќе ги објават и експертите кои што доаѓаат од академската фела доминатно и од стручната, односно оние кои се занимавале со уставната проблематика во пракса и откако тоа ќе го направи Министерството за правда тогаш ќе започне пратичната работа на комисијата која треба да ги изработи…

Read More

Пишува: Борјан Јовановски Одлуката на унгарскиот премиер Виктор Орбан да склучи нови енергетски договори со Русија се заканува да ја продолжи војната на Москва со Украина, предупреди советникот на претседателот Володимир Зеленски. Олег Устенко, економскиот советник на Зеленски, го повика Брисел да ја казни Будимпешта со сузпензија на финансика помош  за да избегне прелевање на пари од ЕУ во Москва. „Ако сте го виделе видеото каде Русите му ја отсекуваат главата на украинскиот војник – Унгарците го плаќаат ножот“, рече Устенко. Во вторникот, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, отпатува за Москва за да потпише договор со рускиот државен…

Read More

Полицискиот инспекторат на Косово соопшти дека се уапсени четворица припадници на косовската полиција кои претходно беа суспендирани поради тоа што со огнено оружје ранија Србин во северниот дел на земјата. Канцеларијата на Европската Унија во Косово синоќа го осуди ранувањето на косовски Србин во близина на контролниот пункт на косовската полиција на мостот Бистрица во општина Звечан, пренесува Бета. „ЕУ во Косово го осудува безбедносниот инцидент во кој косовски Србин беше ранет со огнено оружје во понеделникот навечер во близина на контролниот пункт на косовската полиција на мостот Бистрица во општина Звечан. Сите релевантни судски институции сега треба да спроведат…

Read More

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ги демантираше наводите за наводен извоз на оружје и воена опрема во Украина, кои ги објави британската агенција Ројтерс, јави дописникот на МИА од Белград. „Министерот Дачиќ изјави дека Република Србија, почитувајќи ги внатрешните и меѓународните правни акти, не извезува оружје и воена опрема во ниту една земја доколку тоа овозможи избивање или продолжување на вооружените конфликти, загрозување на зачувувањето на регионалниот мир и безбедност или закана за нејзините одбранбени интереси“, соопштуваат од Министерството за надворешни работи. Дачиќ истакна дека Србија се придржува до својата политика на воена неутралност и ги спроведува Заклучоците на…

Read More