Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарија ја плаќа руската кама за сечење украински глави

0
By Ана Василевска on April 13, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 13, 2023 09:20

Пишува: Борјан Јовановски

Одлуката на унгарскиот премиер Виктор Орбан да склучи нови енергетски договори со Русија се заканува да ја продолжи војната на Москва со Украина, предупреди советникот на претседателот Володимир Зеленски. Олег Устенко, економскиот советник на Зеленски, го повика Брисел да ја казни Будимпешта со сузпензија на финансика помош  за да избегне прелевање на пари од ЕУ во Москва.

„Ако сте го виделе видеото каде Русите му ја отсекуваат главата на украинскиот војник – Унгарците го плаќаат ножот“, рече Устенко.

Во вторникот, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, отпатува за Москва за да потпише договор со рускиот државен енергетски гигант Гаспром, што ќе и овозможи на Будимпешта да купува повеќе природен гас од земјата доколку има потреба. „Сакале или не, Русија и соработката со Русија ќе останат клучни за енергетската безбедност на Унгарија“, изјави Сијарто. Унгарија, исто така, склучи договори за да продолжи да купува евтина руска нафта.

Устенко сака Брисел да интервенира за да се спречи  протокот на кеш во Русија. „Унгарија добива финансиска поддршка од Брисел, така што ова е одлична алатка што може да се искористи веднаш“, рече тој.

Будимпешта направи големи отстапки од санкциите на Брисел против руската нафта, вклучително и обезбедување дозвола за рафинирање на таа поевтина нафта и извоз на рафинирани производи во соседните земји на ЕУ – правејќи профит од грбот на своите сојузници .

Унгарија увезува меѓу 80 и 85 отсто од својот природен гас од Русија, а минатата година 80 отсто од нафтата добиваше од Русија, рече унгарскиот шеф на дипломатијата Сијарто.

Со новиот фокус на ЕУ на спроведување на санкции и сузбивање на оние кои овозможуваат избегнување санкции, Брисел се соочува со парадокс дека ќе бара од земјите кои не се членки на ЕУ да престанат да го прават она што и е дозволено на Унгарија.

Европската комисија блокираше дел од фондовите на ЕУ на Будимпешта, како и нејзините грантови од ЕУ од фондот  NextGen поради проблеми со корупцијата, митото и владеењето на правото, но рече дека е подготвена да ги деблокира средствата доколку Унгарија постигне напредок на тој фронт.

Унгарија гради нова нуклеарна централа, финансирана со руски заем и изградена од руската државна компанија Росатом. Сепак проектот беше одложен откако Германија се спротивстави на учеството на Сименс во изградбата на електронската контролна единица на инсталацијата  но во игра се вклучи  францускиот Framatome кој би можел да се вклучи за да помогне во финализирањето на проектот и да ги испорача деловите што недостасуваат.  Орбан, наводно, разговарал за тоа со Макрон за време на неговата посета на Париз минатиот месец.

Но, иако Берлин можеби повеќе нема да може да ја блокира изградбата на електраната, Брисел може: Промените во плановите се толку значајни што Унгарија и Русија мораа повторно да преговараат за нивниот договор во вторник. Портпаролот на Орбан рече дека новиот договор ќе треба да го одобри Комисијата и го предупреди Брисел да не ги „загрозува“ енергетските планови на Унгарија.

Во меѓувреме САД го зголемува притисокот врз Унгарија . Соединетите држави во вчера објавија дека  воведуваат  санкции врз Меѓународната инвестициска банка со седиште во Унгарија, која има врски со Русија, како и врз три лица кои живеат во Унгарија.

Оваа банка е контроверзна институција лоцирана во Будимпешта со врски со руската држава, за која западните власти стравуваат дека може да се користи за руски разузнавачки операции во Европа.

Виктор Орбан Војна во Украина Володимир Зеленски Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.