Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Единствената цел на Приштина се провокации за да не вовлечат во војна со НАТО

0
By Ана Василевска on April 13, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Александар Вучиќ
Александар Вучиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 13, 2023 15:18

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој со премиерката Ана Брнабиќ и членови на владата е на средба со Србите од Косово во Рашка, им порача да се почитуваат одлуките што ќе се донесат на средбата и дека единствената цел на Приштина е да ги испровоцира Србите за да се претстават како жртви на „Зеленски“ и да ја вовлечат Србија во конфликт со НАТО, јави дописникот на МИА од Белград.

„Знам дека донесовте одлука да не учествувате на изборите. Ги повикувам сите во КиМ да се обединат. Повик до сите како што сте донеле одлука така и да се однесувате и да го почитувате тоа“, рече Вучиќ во Рашка.

Тој додаде дека локалните избори во четири општини на северот на Косово значат дека 99 отсто од граѓаните не се прашуваат ништо и иронично истакна дека „претпоставува дека ова е демократија која, ако ја загрозиме, ќе бидеме тирани и ја нарушуваме стабилноста на Балканот“.

„Нивната единствена цел е да извршат што повеќе и што е можно посилни провокации за да можат да се претстават како некој вид загрозен Зеленски и да не доведат во конфликт со НАТО, а потоа да го ослободат целиот свет од, како што велат, руски слуги. Тоа е целата смисла на сè што прават“, изјави Вучиќ.

Тој оцени дека премиерот на Косово, Албин Курти, инсистира да се одржат избори на северот на Косово, на кои, како што рече, ќе учествуваат партиите на Курти и Тачи, за градоначалниците да бидат од тие партии, а потоа да кажат дека тие општини на север не сакаат да бидат дел од Заедницата на српските општини (ЗСО).

Вучиќ смета дека Курти инсистира да се одржат изборите за да каже – сакавме да формираме ЗСО, но Митровица, Зубин Поток и Звечан повеќе не се српски општини и не сакаат да се приклучат на ЗСО. Тој додаде дека ова на Курти би му купило уште шест месеци или една година додека „не помине окупацијата наметната од Курти“, за Западот на тоа да каже – не се мешајте во тоа.

„Да не ги попречуваме во тоа што 0,67 или 0,86 граѓани избираат свои претставници, а останатите 99 отсто не се прашуваат ништо. А тоа е, претпоставувам, таа демократија, која ако ја загрозиме ќе бидеме тирани, разрушувачки фактор“, изјави Вучиќ.

Тој се осврна и на проблемот со регистарските таблички на Косово.

„Вчера до Брисел го проследивме нашиот последен предлог, кој е повеќе од компромисен од наша страна, и ако не го прифатат, не можам да кажам дека ќе спроведеме реципрочни мерки, бидејќи не сме исти во правниот и политичкиот статус, но ќе преземеме мерки кои ќе направат значаен и сериозен одговор на страната која користи сила и апарат на репресија за да ги малтретира нашите граѓани“, рече Вучиќ.

Албин Курти Александар Вучиќ Косово НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.