Author: Ана Василевска

Неопходна е поширока јавна расправа за деветте предлог-измени на закони поврзани со Коридорите 8 и 10д, со цел да се намалат ризиците од можни злоупотреби, од корупцијата, како и од законски решенија, чија имплементација ќе создаде дополнителни проблеми и затоа тие не треба да се носат по скратена постапка, смета Државната комисија за спречување на корупцијата. „ДКСК смета за потребно да укаже дека во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, во секторот Политички систем, како еден од приоритетните проблеми кои треба да се адресираат е утврдено носењето на голем број на закони во скратена постапка без соодветно образложение за оправданост за овој вид постапка.…

Read More

Косовските медиуми се преокупирани со тековното судење во Хаг, на поранешните лидери на ОВК, со различни анализи и изјави од домашни и странски релевантни извори. Престижниот британски медиум „Гардијан“ излезе со напис во кој се вели дека судскиот процес против Хашим Тачи, ќе ја препише историјата. Поранешниот обвинител на Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, сер Џефри Нис,  тврди дека поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла Дел Понте,  имала силна желба да ги види косовските лидери осудени за воени злосторства, пренесуваат косовските медиуми. Во Албанија, во пресрет на локалните избори во мај, актуелниот премиер Еди Рама ветува…

Read More

Со 64 гласа „за“ и еден „воздржан“, судијката на Апелациониот суд – Скопје, Елизабета Дуковска во рамки на денешната 106. седница беше избрана за судија на Уставниот суд, предложена од Судскиот совет. Дуковска е родена на 30.07.1961 година. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а правосуден испит положила на 15.02.1990 година. Во 2004 година е избрана за судија на Основниот суд Скопје 1, а од јули 2007 работела како стечаен судија во Основниот суд Скопје 2. Во 2009 година е избрана за судија на Апелациониот суд во Скопје. Во своето долгогодишно искуство работела во Основен…

Read More

Пратениците во рамки на денешната 112. седница со 58 гласа „за“, тројца „против“ и нути еден воздржан ја изгласаа потребата од носење на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка – предложен од пратениците Арбана Пашоли, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Арта Биљали-Зендели, Бајрам Кадрија, Бедри Фазли, Берат Ајдари, Вјолца Адеми, Љатифе Шиковска, Марија Георгиевска, Мерита Колчи Коџаџику, Рина Ајдари, Фиснике Бектеши Шаќири и Халил Снопче. Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги задолжи собраниските Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правно комисија да расправа по овој предлог-закон. Координаторот на пратеничката група на Демократската унија за…

Read More

Министерството за правда утре ќе го соопшти составот на работната група за измени на Уставот. Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии во дописот за номинирање свој претставник во работната група истекува на полноќ. Според последните информации, работната група треба да има меѓу шест и осум експерти. Политички партии и одредени институции во јавноста веќе ги соопштија имињата на лицата што ќе ги претставуваат. СДСМ денеска на прес-конференција соопшти дека во работната група нив ќе ги претставува Цветанка Иванова, актуелна генерална секретарка на Собранието и поранешна пратеничка. Алијанса за Албанците соопшти дека претставник…

Read More

Мирот во Тајванскиот теснец и независноста на островот се некомпатибилни, предупреди во понеделникот кинеската влада. Огнената реторика доаѓа на третиот ден од воените вежби во оваа област, во услови на зголемени тензии меѓу Кина и САД. „Независноста на Тајван и мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец меѓусебно се исклучуваат“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин за време на редовниот брифинг. „Ако сакаме да ги заштитиме мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец, мора цврсто да се спротивставиме на секоја форма на сепаратизам за тајванската независност“, додаде тој. Покажувањето на сила од Кина доаѓа откако тајванскиот претседател Цаи Инг-вен…

Read More

Алијансата за Албанците го номинираше Ремзи Мехмеди за претставник во работната група за измени на Уставот, информираа од партијата за МИА. Претходно, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ на прес-конференција соопшти дека партијата ја номинираше Цветанка Иванова за претставник во работната група за измени на Уставот. Рокот за номинирање претставници во работната група за измени на Уставот што Министерството за правда им го даде на институциите и политичките партии истекува денеска. Освен парламентарните политички партии во работната група при Министерството за правда претставници треба да номинираат и од Кабинетот на Претседателот на државата, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за…

Read More

Специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобално ангажирање на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, денеска ја започнува посетата на Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, каде ќе разговара за борбата против руските дезинформации. Како што соопштија од Стејт департментот, Рубин од денеска до 14 април ќе ги посети Подгорица, Скопје и Тирана. Рубин пред неговото пристигнување изјави за N1 дека „предметот и темата на посетата се сериозни“, бидејќи на Западен Балкан „постои проблем со руските дезинформации: во Црна Гора, Северна Македонија и во целиот регион“. „Сакам да работам со владите кои сакаат да бидат дел од европскиот систем и…

Read More

За свој член во работната група за уставни измени СДСМ ја номинираше Цветанка Иванова. „Иванова е дипломиран правник, има долгогодишно искуство, одличен познавач не само на Уставот и законите туку и на собраниските процедури како пратеничка. Учествувала во значајни процеси и одлуки кои Собранието ги има донесено.СДСМ активно ќе учествува во експертското тело кое го формира Министерството за правда. Тоа е државнички, тоа е одговорно затоа што станува збор за процес од кој зависи членството во ЕУ, како врвен национален и државен интерес.“, соопштуваат од владеачката партија. Тие потенцираат дека очекуваат преку отворен, транспарентен процес, да се дојде до најдобриот…

Read More

Претставниците од Македонското археолошко друштво (МАД) и ИКОМОС Македонија на денешниот собир пред Собранието испратија апел до пратениците да спречат усвојување на измени во Законот за заштита на културното наследство, со кои, како што велат, бескрупулозно и свесно се уништува културно наследство со катастрофални последици, а во име на „поголем јавен интерес‟, зад кој се крие „профитерска зделка од огромни размери“. Инаку, со предложените измени и дополнувања на членот 65 од овој Закон, се предлага во членот 65 по ставот 2 да се додаде нов став 3, кој би овозможил, доколку за време на вршење на градежни работи за проекти…

Read More

Денеска на надлежната комисија, а утре на пленарна седница, Грчкиот Парламент ќе одлучува за амандманот доставен од Министерството за внатрешни работи со кој дополнително се појаснува законот што се однесува на исклучување од изборниот процес на партијата на поранешниот пратеник од Златна Зора, Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна за формирање криминална организација, јави дописничката на МИА од Атина. Амандманот предвидува дека Врховниот суд на пленарна седница ќе одлучува за учество на изборите на одредена партија. Партијата Национална партија –Грци, која во Грција се нарекува и „партијата на Касидиарис“, го промени првиот човек за да го заобиколи постоечкиот закон што може да…

Read More

На празникот Цветници, свештеници на Охридската Архиепископија беа удостоени со највисока чест и со свештени достоинства од страна на вселенскиот патријарх. г.г. Вартоломеј. Удостојувањето се одржа на островот Имврос, под пастирско раководство на митрополитот на Имврос и на Тенедос, г. Кирил, во храмот на „Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец“, каде од рацете на патријархот Вартоломеј, а со благослов на неговото блаженство г.г. Стефан и на надлежниот митрополит, г. Тимотеј, во високото достоинство, чинот протопрезвитери (протојереи-ставрофори) на Вселенскиот патријаршиски престол беа назначени веќе произведените протојереи Никола Христоски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и отците Димче Ѓорѓиевски и Кирил Јовановски од Дебарско-кичевската епархија. Јеромонасите…

Read More