Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вселенската Патријаршија им додели високи свештенички достоинства на свештеници на МПЦ-ОА

0
By Ана Василевска on April 10, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Вартоломеј-МПЦ
Вартоломеј-МПЦ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 10, 2023 10:45

На празникот Цветници, свештеници на Охридската Архиепископија беа удостоени со највисока чест и со свештени достоинства од страна на вселенскиот патријарх. г.г. Вартоломеј.

Удостојувањето се одржа на островот Имврос, под пастирско раководство на митрополитот на Имврос и на Тенедос, г. Кирил, во храмот на „Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец“, каде од рацете на патријархот Вартоломеј, а со благослов на неговото блаженство г.г. Стефан и на надлежниот митрополит, г. Тимотеј, во високото достоинство, чинот протопрезвитери (протојереи-ставрофори) на Вселенскиот патријаршиски престол беа назначени веќе произведените протојереи Никола Христоски, секретар на Дебарско-кичевската епархија и отците Димче Ѓорѓиевски и Кирил Јовановски од Дебарско-кичевската епархија.

Јеромонасите Кирил Деловски и Анатолиј Лазески од Бигорскиот манастир беа ракопроизведени во највисоката монашка титула во Црквата, архимандрити на Вселенскиот патријаршиски престол, а свештениците Бобан Митевски од Скопската епархија, Александар Димовски од Дебарско-кичевската епархија и Симеон Кантурски од Струмичката епархија, пак, беа удостоени со чинот протопрезвитери на Вселенскиот патријаршиски трон.

Во обраќањето по свештените ракопроизведувања и одликувања, патријархот Вартоломеј упати повик до свештенството да застане околу светата Трпеза на Сечесниот патријаршиски храм и да се причести со пречистите Тајни, објавувајќи го на тој начин единството на верата во врската на љубовта.

„Денеска во нашето село, во нашево место, во Имврос, имаме одбрани посетители, браќа од странство, од Охридската Архиепископија, од Република Северна Македонија. Дојдоа, за да ја принесат својата почит кон Светата Велика Христова Црква, во лицето на вселенскиот патријарх, Црква, која како вистинска Мајка, го прегрна и тој народ и таа Црква, која речиси седумдесет години беше отсечена од телото на останатото Православие, без општење со другите православни Цркви“, порача вселенскиот патријарх.

Г.г. Вартоломеј потенцира дека во случајот со нашата Црква, Вселенската Патријаршија повторно „како што направи и во којзнае колку соодветни случаи низ историјата, го востанови општењето со овие наши браќа и сестри, Христијаните од Северна Македонија, да ги воведе во заедништво со останатиот православен свет“.

„Тоа се случи минатата година, на 9 мај 2022 година. Потоа, по Вселенската Патријаршија, и други цркви започнаа да ја признаваат нивната каноничност, да ги примаат во општење со нив. И сега, се наоѓаме во стадиум на подготовка на доделувањето и на оваа Црква, под одредени услови, на статусот на автокефалија. Се наоѓаме на добар пат, разговорите продолжуваат. Најглавното беше тоа што возмогнавме и служувавме заедно и се пречисетивме од истиот свет Путир,“ потенцира патријархот Вартоломеј.

Тој потсети дека ова чествување се случи минатата година на празникот на Педесетницата во Истанбул, кога архиепископот г.г. Стефан, „многувозљубениот брат дојде од Скопје во Вселенската Патријаршија и служевме заедно и се причестивме заедно и заедно го дадовме својот благослов на народот Божји“.

„Тоа беше еден велик и историски ден. Сега, останатите работи се второстепени, подробности“, додаде патријархот.

Возвратна благодарност кон неговата сесветост, упати епископот стобиски г. Јаков, кој ја предводеше црковната делегација на Имврос.

„Ваша Сесветост, браќа архијереи и благословен народе Божји, Ви го пренесувам поздравот од нашиот Блаженејши Архиепископ Стефан и на сите други епископи на нашата света Охридска Архиепископија, коишто Вашето срце многу добро ги знае, а коишто имаат нераскинлива врска со Светата Гора – Атонска, којашто е под Ваша духовна и молитвена закрила. Се молиме Бог да Ве укрепи во Вашиот подвиг, на сите да им станете сè и да се надминат веќе сите поделби и во се да биде Христос“, потенцира епископот Јаков.

Тој се заблагодари во име на отците за доделените одликувања, нагласувајќи дека патријархот не ги одликувал само нив, туку и „сите генерации на свештеници и на отци коишто ја чуваа чистотата на верата апостолска и светоотечка во Охридската Архиепископија“.

„Се надеваме на Вашите свети молитви, а Вие сте веќе во нашите секојдневно“, додаде епископот стобиски Јаков.

Инаку, на турскиот островот Имврос, покрај многубројните значајни личности за црковната историја, е роден и сегашниот вселенски патријарх и архиепископ на Константинопол, г.г. Вартоломеј.

Вартоломеј Вселенска патријаршија МПЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.