Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МАД и ИКОМОС: „Вандали од 21 век“, со измените на Законот за заштита на културното наследство, тоа се уништува

0
By Ана Василевска on April 10, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Простест за Законот за културно наследство
Простест за Законот за културно наследство
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 10, 2023 11:22

Претставниците од Македонското археолошко друштво (МАД) и ИКОМОС Македонија на денешниот собир пред Собранието испратија апел до пратениците да спречат усвојување на измени во Законот за заштита на културното наследство, со кои, како што велат, бескрупулозно и свесно се уништува културно наследство со катастрофални последици, а во име на „поголем јавен интерес‟, зад кој се крие „профитерска зделка од огромни размери“.

Инаку, со предложените измени и дополнувања на членот 65 од овој Закон, се предлага во членот 65 по ставот 2 да се додаде нов став 3, кој би овозможил, доколку за време на вршење на градежни работи за проекти од државно значење биде пронајдено арехолошко наоѓалиште, односно предмет од археолошко значење, изведувачот на работите за тоа случајно октритие да го извести надзорниот инженер, заобиколувајќи ја постојната законска одредба истото да биде пријавено непосредно до надлежната јавна установа за заштита или до Министерството за внатрешни работи.

МАД и ИКОМОС собир Фото/МИА
Орданче Петров од Македонско археолошко друштво за време на собирот денеска изјави дека со предлогот за дополнување на членот 65 од овој Закон, по скратена постапка, се озаконува неповратно уништување на културно наследство под закрила на државата.  Како што посочи, во регионот каде се предвидени инфраструктурните зафати за Коридорите 8 и 10д веќе постојат регистрирани археолошки локалитети.
„Не смеете да дозволите надзорен инженер, кој нема никакви познавања, грам образование, искуство, и уште помалку надлежности од областа на заштитата на културното наследство да решава што е културно наследство. И што понатаму? Со кои правни или оперативни ресурси тој ќе постапува за негова заштита? Или тоа е целта на измената, да се прикрие, заташка и уништи кутурно наследство за да не „се соочи реализацијата на проектот со потешкотии поради обврските кои настануваат за изведувачите на работите при наоѓање на археолошко наоѓалиште, односно предмети од археолошко значење‟, посочува тој.
Според Петров, свесно уништување и прикривање на културно наследство е кривиично дело.
„Дали сте свесни дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан е дел од светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, под заштита на Унеско? Дали сте свесни колку закони и меѓународни конвенции кои се ратификувани во оваа држава ќе прекршите со дигањето рака „за‟ овие измени? Господа пратеници, свесно уништување и прикривање на културно наследство е кривнично дело, без преседан кога во тоа е вклучено највисокото тело на државата која всушност треба да се грижи за истото“, додаде Петров.
МАД и ИКОМОС собир МИА/ФОТО
Кристина Бицева од ИКОМОС Македонија за време на денешниот собир изјави дека со ваквата предложена измена  и дополнување на овој член од Законот за заштита на културното наследство, се овозможува исклучување и дерогирање на компетентните стручни и надлежни инстанци за заштита на културното наследство, односно на институциите од системот за заштита кои се специјализиран, квалификувани и одговорни да преземат мерки за зашптита на културното наследство.
„Во нивна „замена“, како досега нечуен преседан, се предвидува овие надлежности да му бидат доверени на надзорен инженер, кој ја нема потребната стручност ни знаење да идентификува дали се работи за случајни откритија кои претставуваат археолошки наоди ниту да постапува на стручен начин со истите, ниту да примени соодветни стандарди за нивна заштита“, додаде Бицева.
Исто така, како што рече, овој предлог закон е спротивен на сите меѓународни конвенции за заштита на културното наследство, вклучително и на Ревидираната Европска конвенција за археолошкото наследство на Советот на Европа од Ла Велета, ратификувана од нашата земја во 2005 година.
Кристина Бицева од ИКОМОС Македонија ФОТО/МИА
„Предлог-законот е во спротивност и со Повелбата за заштита и управување со археолошкото наследство на ИКОМОС која ја нагласува потребата од тесна соработка меѓу инвеститорите на развојни проекти и стручните лица за заштита на археолошкото наследство. Ова е и во контекст на веќе остварената интегрирана заштита на културното наследство во нашиот правен систем, во повеќе закони кои гарантираат соодветен третман на културното наследство во системот на просторно и урбанистичко планирање, како и при изведувањето на инфраструктурни проекти“, вели Бицева.
Како што посочи, доколку и спротивно на научните принципи и нивните укажувања овој предлог-закон биде ставен на собраниска расправа, бараат од пратениците во Собранието истиот да не го прифатат, апелирајќи на нивната индивидуална свест и совест.
Закон за заштита на културното наследство ИКОМОС МВР министерство за култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.