Author: Ана Василевска

Кинескиот лидер Син Џинпинг ја напушти Москва, завршувајќи ја повеќедневната средба со рускиот претседател. Неговата посета беше моќен политички поттик за Владимир Путин, при што двете земји ветија дека ќе ги зајакнат стратешките врски и ќе се борат против Западот, иако не се споменуваше испорака на оружје за Москва. Патувањето се совпадна со неочекуваната посета на јапонскиот премиер Фумио Кишида на Киев, кој исто така замина утрово. Во Москва, Џипинг го промовираше мировниот план на Пекинг за Украина, кој Путин претпазливо го одобри, велејќи дека во вторникот може да обезбеди основа за решавање на конфликтот. Западните земји и Киев веќе…

Read More

Шведскиот парламент денеска ќе гласа за членството на земјата во НАТО, јави ДПА. На гласањето ќе му претходи собраниска расправа. Резултатот ќе биде јасен доцна попладне, бидејќи се очекува пратениците да гласаат „за“ пристапувањето. Приклучувањето кон Алијансата ќе бара законски измени што мора да бидат одобрени. Сепак, гласањето не гарантира влез на Шведска во воената алијанса. Сите 30 нејзини членки мора да го ратификуваат пристапот на Шведска, а Унгарија и Турција се уште не го сториле тоа. Анкара со месеци се противеше на членството на земјата со образложение дека не воведе доволно мерки против антиисламската реторика и против организациите кои…

Read More

Канцелариите на компанијата „Мерцедес-Бенц“ во Синделфинген, во близина на Штутгарт, денеска беа претресени како дел од истрагата против двајца менаџери на компании кои се соочуваат со обвиненија за корупција. „Акцијата се спроведува поради сомневање за корупција во текот на деловните процеси“, соопшти денеска државното правобранителство во Штутгарт. Германските медиуми пишуваат дека се работи за истрага против двајца менаџери на „Мерцедес-Бенц“ кои примиле мито „во милионски износ“ во замена за обезбедување договори за добавувачи. На осомничените им се става на товар дека успеале да влијаат на изборот на одредени добавувачи, пренесуваат медиумите. При претресот, што бил извршен кон крајот на минатата…

Read More

Основниот кривичен суд Скопје, денеска јавно ја објави првостепената пресуда за предметот со К.бр. 817/11 од обвинителството означен како „Маџар телеком“ против обвинетите А.И.С., Р.П. и З.К. на кои им се судеше во отсуство со оглед дека не беа достапни за органите на прогон. Како што е објавено на веб страницата на Основниот суд Скопје 1, согласно пресудата, обвинетите се огласени за виновни за кривичното дело „Несовесно работење во службата“ од чл. 353 – в ст.4 в.в. со ст.3 в.в. со ст. 1 од КЗ и се осудуваат на казни затвор од по осум години за секој од обвинетите. Воедно,…

Read More

Образовните реформи иницираат низа промени, коишто веќе целосно го револуционизираа финскиот образовен систем. Учениците во оваа земја со години успешно се натпреваруваат, на пр. со САД, Кина, Сингапур и Јапонија, па освојуваат први места на натпреварите по математика и природни науки. Како е ова можно? Финска е водечка во образованието по здраво-разумските практики и холистичката, напредна и иновативна средина за настава којашто ја става правичноста пред извонредноста. Следат осум причини поради коишто финскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот. Нема стандардизирани тестови Учениците кои полагаат стандардизирани тестови главно учат за да го положат тестот, а наставниците ги учат…

Read More

Актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска и официјално беше предложен за претседателски кандидат на изборите на 14 мај. Апликацијата до Врховниот изборен совет (ВСК) ја поднесоа претставници на владејачката Партија на правдата и развојот и Партијата на националистичкото движење, која е дел од владејачката коалиција. Претседателските и парламентарните избори во Турција се закажани за 14 мај, а главен противник на Ердоган ќе биде претседателот на Републиканската народна партија, Кемал Киличдароглу. Истражувањето на компанијата „Генар“ покажува дека повеќе од 52 отсто од испитаниците би го поддржале Ердоган доколку изборите одат во вториот круг, додека кандидатот на опозицискиот блок Кемал…

Read More

На холандските државни службеници наскоро повеќе нема да им биде дозволено да ја користат кинеската апликација Тик Ток на нивните службени мобилни телефони, соопшти денеска холандското Министерство за внатрешни работи, откако слични одлуки донесоа неколку европски земји. Холандското министерство соопшти дека ја обесхрабрува употребата на апликации од „земји со агресивна кибер програма насочена кон Холандија или холандски интереси“ на владините телефони. Холандската разузнавачка служба АВИД минатиот месец ги наведе Кина, Русија, Иран и Северна Кореја како земји кои имаат таква агресивна кибер програма, што создава ризик за шпионски активности

Read More

Србија повторно е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не се усогласила со новите одлуки на Советот на ЕУ за рестриктивни мерки поради сериозни прекршувања на човековите права, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, Советот на ЕУ на 7 март усвоил одлука со која се проширува списокот на лица, субјекти и тела на кои важат претходно донесените рестриктивни мерки. Сите други земји кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан – Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина -…

Read More

Пишува: ЛУКРЕЦИЈА РАЈХЛИН / Project Syndicate Иако Банката на Силиконскатa долина не се сметаше за системски важна, нејзината неликвидност ги принуди Федералните резерви на САД да спречат „системска зараза“ и ја разоткри несоодветноста на режимот на делумно осигурување на депозити на Федералната корпорација за осигурување на депозити. Очигледно е потребно уште едно темелно испитување на рамката за финансиска стабилност, донесена по кризата од 2008 година. Дали пропаѓањето на Банката на Силиконската долина (СВБ) открива фундаментална слабост во сегашната рамка на финансиска стабилност, или единствено укажува на локализиран неуспех на надзорот? Со загрозување на многу истакнати, брзорастечки компании во технолошкиот сектор, неуспехот…

Read More

Владата  денеска ја замрзна цената на  јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата ќе останат на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30-ти  следниот месец. Со владината одлука најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца треба да се пласира на домашниот пазар, а трговците на мало се обврзани да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина  што ја набавувале во јануари и февруари годинава. Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција рече дека во изминатиот период е утврден значаен пораст на цените на ориз и јајца, како резултат на движењата во…

Read More

Македонскиот поет Влада Урошевиќ е годинешниот добитник на наградата „Златен венец“ на фестивалот „Струшките вечери на поезијата“. Ирскиот поет Гевин Бредли со неговата стихозбирка „Страв од разделба“, пак, е добитник на „Мостови на Струга“ – меѓународна награда што ја доделува Фестивалот, заедно со УНЕСКО, за најдобра дебитанска поетска книга во светот. Добитниците на наградите беа прогласени на денешниот настан организиран од НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот ПЕН Центар, Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ што се одржа во просториите на библиотеката, по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата и…

Read More

Директорката на Детската клиника Стојка Нацева- Фуштиќ потврди дека кај нив е примено 17-годишно момче кое има овчи сипаници. Нацева-Фуштиќ во изјава за МИА вели дека нема никаква опасност од детето бидејќи тоа е изолирано и има протоколи по кои се работи. „Станува збор за дете со церебрална парализа, неподвижно, на респираторна поддршка беше цел месец ипол на интензивна, пуштено е пред неколку дена, доаѓа тука со тешко дишење, интубирано е, сместено е на Одделот пулмологија во посебна контактна изолација. Таму се работи со посебна сестра, која носи заштитна опрема и мантил и маска, визер, ракавици. Има протоколи по кои…

Read More