Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Европската комисија соопшти дека денеска ја исплатила втората рата од 1,5 милијарди евра, во рамки на вкупната макрофинансиска помош за Украина до 18 милијарди евра. „Денешната втора исплата на Украина од 1,5 милијарди евра ја покажува силната поддршка на ЕУ за Украина. Земјата постигна значителен напредок во трансформативните реформи, како што е владеењето на правото. Ова исто така ќе ги олесни меѓународните напори за обнова и ќе ја поддржи Украина на нејзиниот европски пат“, рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен. Оваа поддршка, вели ЕК, ќе и помогне на Украина да продолжи да исплаќа плати и пензии и да…
Американскиот државен секретар Антони Блинкен не е надлежен да го критикува кинескиот претседател Си Џинпинг за неговата посета на Русија, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин. Запрашан да ја коментира изјавата на Блинкен дека Кина и обезбедила „дипломатско покривање“ на Русија, Ванг рече дека Кина не ја предизвикала украинската криза и не е страна во конфликтот. „Никогаш не сме испорачале оружје на ниту една страна во конфликтот.САД немаат овластување да ја критикуваат Кина, а камоли да ја обвинуваат за ситуацијата во Украина“, рече Венбин. Кинескиот дипломат потсети дека Пекинг се противи на какви било дејствија…
Иако крајниот рок за доставување на кандидатските листи до Централната изборна комисија на Албанија, за локaлните избори на 14 мај, е 25 месецов, главните политички ривали веќе ги потврдија листите за градоначалници во 61 општина. Владејачката Социјалистчка партија, на актуелниот премиер Еди Рама, која настапува самостојно во сите 61 општина, одлучила од 59 актуелни градоначалници, само осум од нив нема да бидат дел од трката на 14 мај. Меѓу новите кандидати се и двајца актуелни пратеници, Бесјан Ајази, кој е кандидат за градоначалник на Грамш и Бенет Беци за Скадар. Меѓу 51-от градоначалник, кои повторно ќе бидат во трката за…
Во пресрет на критичната средба на највисоко ниво меѓу премиерот на Република Косово, Албин Курти и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, очекувањата, надежите и стравувањата беа високи. Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, во соработка со своите извори и експертите кои редовно пишуваат за најважните прашања, настани и процеси во земјата и во светот, објави низа прилози и одлични прогнози и анализи на состојбите. Пред средбата беа објавени голем број изјави на домашни, регионални и европски аналитичари, новинари и политичари, меѓу кои и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, ЕУ комесарот Жосеп Борел, националниот координатор Марјан Забрчанец, новинарите Жељко Шајн и Еуген Сарачини и многу други. Меѓу другите,…
Игор Бандовиќ е директор на Белградскиот центар за безбедносни политики (БЦБП) од 2019 година. БЦБП е независен истражувачки центар кој придонесува кон унапредувањето на безбедноста на граѓанките и граѓаните во согласност со демократските принципи и почитувањето на човековите права. Организацијата се занимава со истражување, јавно застапување, развој на заедниците и образование. Во изминатиот период и сега, БЦБП се занимава со темите како заробување на државата, одговорност, и организиран криминал. Како прв човек на БЦБП, Бандовиќ е релевантен соговорник за прашањата на процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Нашиот соговорник има низа професионални и експертски достигнувања и во работата во УНДП,…
Цената на европскиот природен гас денеска падна под прагот од 40 евра (43 долари) за мегават час (MWh), што е најниска цена од јули 2021 година. Како што јави ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец падна на 39,65 евра. Цените на природниот гас драматично се зголемија во текот на минатата година поради руската инвазија врз Украина. Цените достигнаа и повеќе од 300 евра, по долг период кога цените се движеа околу 20 евра за MWh. Големата зависност од рускиот гас доведе до енергетска криза. Меѓутоа, во последните месеци цената на природниот гас значително падна. Една од причините за…
Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска изјави дека договорот постигнат во Охрид пред два дена е чекор кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и дека е правно обврзувачки, иако има не е потпишан. На онлајн прес конференција Ескобар истакна дека е потребна голема храброст и визија од српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на привремените институции Албин Курти за да се стигне до таму. „Овој договор е правно обврзувачки за двете страни. Иако не е потпишан, тоа е договор во секоја смисла“, рече специјалниот пратеник и прецизираше дека тоа навистина значи – во…
Пратениците во рамки на продолжението на денешната 106. собраниска седница ги изгласаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија и Предлог на законот за амнестија, и двата по скратена. За Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието вкупно гласаа 81 пратеник, и ниту еден воздржан и против. Во гласањето со Бадентерово мнозинство „за“ гласаа 24 пратеници, ниту еден против и воздржан. Предлог на законот за амнестија, по скратена постапка, пратениците го поддржаа со 76 гласа „за“, и еден „против“. Со 84 гласа „за“, ниту еден против и воздржан пратениците го…
„Анализата на случаите укажува на релативно нискиот капацитет на медимумите да го препознаат фемицидот, како најтешка форма на родово базирано насилство и не се препознава родовата компонента на убиствата на жените, ниту се зема предвид феноменологијата на фемицидите, особено фактот дека најголем дел од овие убиства се извршени од страна на машки партнери или роднини, во домот во кој живее жртвата.“ Ана Василевска Една од авторките на публикацијата „Фемицидот во македонските медиуми“, студија која е објавена по обемно истражување на темата за родово базирано насилство и медиумите, е Бојана Јовановска. Во интервјуто за НоваТВ, со Јовановска ја сублимиравме суштината на…
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел денеска изјави дека постигнатиот договор во Охрид ќе биде составен дел од европскиот пат на Србија и Косово, јави дописникот на МИА од Белград. -По долги разговори од 12 часа, успеавме да најдеме договор кој ќе биде составен дел на европскиот пат на Косово и Србија, изјави Борел при пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, што се одржува денеска во Брисел. Тој додаде дека документот ќе биде дел од преговарачките поглавја на ЕУ со Србија, како и дека ќе биде дел од условите што треба…
Северна Македонија на 87. место според извештајот „Среќата во светот 2023“ на ОН, Финска е најсреќна
Од вкупно 137 држави, Северна Македонија се најде на 87 место на новиот извештај „Среќата во светот 2023“ кој го објавуваат Обединетите Нации. Според извештајот, нашата држава е на последното место на Балканот и меѓу најнесреќните држави во Европа. Индексот ги мери субјективните чувства на граѓаните, преку визуелната „Скала на Кантрил“, прашање за тоа колку тие се чувствуваат среќни и зошто. Секоја година, луѓето низ светот за потребите на оваа анкета одговараат на прашањето каде тие лично сметаат дека се наоѓаат, според моменталната ситуација во животот на скала од 0 до 10. Од земјите околу нас, најдобро рангирана е Словенија (22 место),…
По средбата Курти-Вучиќ- Борел во Охрид, Социјалдемократската партија на Косово најави протести на 25 март, и бара оставка од Курти. Вилијам Вокер, големиот поддржувач на Косово ( поранешен шеф на ОБСЕ за Косово) вели дека без меѓусебно признавање на двете држави, потпишувањето на договорот би било критично, додека државниот секретар на САД, Антони Блинкен повика на исполнување на обврските од двете страни за да се забрза нивното членство во ЕУ. Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот во последните 24 часа. КОСОВО Репортери: СДП повикува на протести на 25 март: Договорот…