Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Игор Бандовиќ, Центар за безбедносни политики, Белград: Средбата Вучиќ – Курти е добра основа за нормализирање на односите, но не смее да застане тука

0
By Ана Василевска on March 20, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 20, 2023 16:01

Игор Бандовиќ е директор на Белградскиот центар за безбедносни политики (БЦБП) од 2019 година. БЦБП е независен истражувачки центар кој придонесува кон унапредувањето на безбедноста на граѓанките и граѓаните во согласност со демократските принципи и почитувањето на човековите права. Организацијата се занимава со истражување, јавно застапување, развој на заедниците и образование.

Во изминатиот период и сега, БЦБП се занимава со темите како заробување на државата, одговорност, и организиран криминал. Како прв човек на БЦБП, Бандовиќ е релевантен соговорник за прашањата на процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Нашиот соговорник има низа професионални и експертски достигнувања и во работата во УНДП, ИОМ, Европскиот фонд за Балкан и други.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Бандовиќ по повод средбата меѓу српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти во Охрид, 18 март, кога двајцата лидери го поддржаа Анексот за имплементација на Договорот на ЕУ за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како го оценувате процесот во целост и дали средбата во Охрид е чекор кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово?

ИГОР БАНДОВИЌ: Сметам дека во Охрид е постигнат значителен напредок кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Француско-германскиот предлог за договор и анексот што беа договорени во Охрид претставуваат досега најзначајниот напредок во решавањето на односите меѓу Белград и Приштина во последните 10 години.

Причината за ова е предлогот за договор кој се занимава со суштински работи меѓу Косово и Србија, како и штотуку договорениот анекс кој ја одредува временската рамка за негова имплементација.

Тоа е многу добра основа за уредување и нормализирање на односите, но не смее да застане тука.

ЦИВИЛ МЕДИА: Каква е перспективата на овие разговори, односно процесот во целост? 

ИГОР БАНДОВИЌ: Перспективата во голема мера зависи од раководството на Белград и Приштина, политичката волја за спроведување на договорот, но и пошироката мобилизација на општеството во Косово и Србија да се сврти кон иднината преку меѓусебно почитување, почитување на човековите и малцинските права, и борбата против дискриминацијата и на Косово и во Србија.

Овој договор мора да стане жив документ кој ќе биде прифатен од сите, дополнително елабориран и надграден за реално да се решат оние теми кои не се опфатени со договорот, а покрај исчезнатите лица споменати во анексот, треба да се занимаваме и со наследството од минатото во поширока смисла, зајакнувањето на врските на косовските Албанци и Срби во Косово и Србија, подобрувањето на културната, економската и секоја друга соработка што настрада како резултат на лошите и нарушени односи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ја коментирате улогата на Северна Македонија во овие процеси?

Улогата на Северна Македонија да биде домаќин на ваков собир е добар сигнал и знак дека Македонија може да биде конструктивен фактор и пример за решавање на односите меѓу соседите во иднина, помагајќи им на Србија и на Косово да најдат решенија. Дополнително, бидејќи решенијата за билатерални односи станаа практично голем проблем за натамошното проширување на Европската унија на Балканот, сите земји од Балканот или пошироко во Југоисточна Европа треба да најдат решенија за нивните билатерални спорови, како оние што постојат денес, така и оние кои ќе постојат во иднина.

Клучот е да се направи овој дел од Европа хармоничен и неконфликтен како и секој друг.

Џ. Дерала

Извор Цивил Медиа

Безбедносни политики договор Србија Косово Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.